Коџаџику, Шаини и Зендели: Измените во Кривичниот законик се прават за да се спаси Груевски

Измените во Кривичниот законик се прават за да се спаси Никола Груевски. 

Ова беше истакнато на денешната заедничка прес- конференција на пратениците Мерита Колчи Коџаџику, Сафије Садики Шаини и Фадил Зендели, од партиите Демократско движење, Алтернатива и Движење Беса.

-Денес сме тука пред вас да објасниме зошто на Владата и на парламентарното мнозинство на оваа Собрание им се брза за усвојување на измените на Кривичниот законик на Република Македонија. Иако описот на предлог - измените е составен со елоквентен јазик и со европски аргументи, тоа може да помине кај тие што не знаат да читаат правни текстови или кои не ја сфаќаат измамата на Владата и на оваа власт, но не и кај нас, рече Зендели.

Според нив, основната причина поради која се прават овие измени е „што е можно побрзо во Скопје да се врати, без трн во ногата, Никола Груевски".

-Јавноста има право да знае, а премиерот Ковачевски и министерот за правда Лога имаат обврска да го објаснат ова, дека доколку помине овој предлог за измена на Кривичниот законик, а тие имаат мнозинство да го усвојат, потоа можат слободно да му извадат билет на Никола Груевски во еден правец од Будимпешта до Скопје и да го пречекаат со сите државни почести, нагласи Зендели.

На прес-конференцијата се даде осврт и на постапките против Груевски.

-Никола Груевски е осуден на две години затвор за предметот „Тенк“. За предметот,, "Титаник" кој е во тек, со сегашниот Кривичен законик може да се осуди до десет години, а со новата измена може да се осуди до две или три години затвор. За предметот „ТНТ“ тој е осуден на девет години затвор. За предметот „Насилство во Општина Центар" е осуден на една година и шест месеци затвор. Се уште нема пресуда за предметот „Феникс“, а предметот „Талир“ се вратил на почетокот на постапката. За предметот ,,27 Април" постапката за Груевски е прекината. За предметот „Талир 2" е осуден на шест години затвор, а моментално предметот е во Апелациониот суд. Предметот „Траекторија“ е веќе застарен, а за предметот „Плацеви на Водно“ е осуден на седум години затвор, рече Зендели.

На прес-конференцијата тие говореа и за тоа што ќе значат, според нив, предлог - измените во Кривичниот законик.

- Со предлог - измените во Кривичниот законик, што ги предлага власта на СДСМ-ДУИ-АА, сите овие казни што му се изречени на Груевски и тие што може да следат, паѓаат во вода. За сите предмети во кои е осуден или му се суди во отсуство, тој може да бара повторување на постапката, додека со овие измени на Кривичниот законик - сите предмети во тој случај ќе бидат прогласени за застарени. Па така на Груевски, евентуално, може да му се суди само за предметите,,Тенк“ и „Насилство во Општина Центар", кои не предвидуваат казна затвор од повеќе од три години, а со овие трикови и манипулации со правдата, како што знае само триото Ковачевски - Ахмети - Таравари, убедени сме дека ќе успеат да го спасат целосно, па дури и да му платат отштета и да го прогласат за херој, подвлече Зендели.

Тој додаде дека станува збор за Законикот, што претставува сериозна и важна тема.

- Зошто власта толку брза да го донесе Кривичниот законик, една толку сериозна и важна тема, со толкава итност, па дури и да го стави во Комисијата за европски прашања на Арбер Адеми на ДУИ и под знамето на ЕУ, тоа тие треба да го објаснат. Како се поврзува спасувањето на Груевски со Европската Унија, ова може да го знае само триото Ковачевски - Ахмети - Таравари, рече Зендели.

Тој нагласи дека освен ова, тие имаат ,,длабоки и основани сомнежи дека измените на Кривичниот законик се предлагаат и затоа што високи експоненти на ДУИ, но и на СДСМ, знаат дека по следните избори ќе бидат во опозиција и затоа сакаат да создадат рамка за да не се гонат кривично".

- Од што се плашат, тие најдобро знаат, а ние ќе дознаеме дури откако ќе бидеме на власт, кога ќе имаме пристап до сите валкани трикови на оваа антинародна власт, нагласи Зендели.

Она што се забележува, рече, е, ,,дека предлог-измената на Кривичниот законик не е потпишана од министерот за правда, туку од неговиот заменик".

- Дали Алијансата за Албанците сака да си ги измие рацете како Пилат и да каже дека не е виновна за услугата што му ја прават на Груевски? Ние очекуваме и министерот за правда, како и лидерот на АА, да излезат и да се изјаснат дали се согласуваат со овие измени на Кривичниот законик. Ако не се согласат, тогаш најмалку што можат да направат како партија, е министерот Лога да си поднесе оставка, бидејќи знаеме дека тие веќе не можат да излезат од Влада. Се што се случува со уставните измени во Северна Македонија, уште еднаш не убедува зошто ова мнозинство и оваа Влада се плашат од нашиот предлог - амандман за уставно санкционирање на борбата против корупцијата, со цел тие предмети никогаш да не застарат. Во тој случај ниту Мијалков немаше да се спаси, ниту Груевски утре нема да се спаси, ниту пак другите по нив што ја преминале црвената линија, подвлече Зендели на прес-конференцијата на тројцата пратеници.

Тој додаде дека една власт која кокетира со Груевски, за какви било интереси, повеќе не ја заслужува довербата на граѓаните.

Напад со нож во автобус во Турција- патниците шокирано го гледаат крвавиот масакр (ВИДЕО)

Страшна сцена е снимена во градски автобус во областа Карамурсел, Турција, а едно лице го загубило животот во напад со нож.

Енес Јигит Тораман (29) починал како последица на убоди со нож додека се возел во јавен превоз, а безбедносните камери од возилото ја снимиле драматичната ситуација.

На 4 јули бил нападнат со нож од Б.А.(39), кој влегол во автобусот на станицата и веднаш го започнал нападот.

Сега се појави видео кое ја прикажува страшниот крвав масакр. Исто така, во моментот на нападот, во автобусот имало десетина патници кои побрзо се упатиле кон излезот кога почувствувале што ќе се случи.

Несреќниот Енес итно бил префрлен во болница, но за жал, немало помош за него и тој починал, пишува ntv.com.

Осомничениот за убиството побегнал во друг автобус, но набрзо бил фатен.

Џорџ и Амал Клуни ги понижија Хари и Меган, а беа на нивната свадба

Кралската венчавка во 2018 година, кога Меган Маркл и принцот Хари го кажаа судбоносното „I do“, беше настан што го следеше целиот свет.

Сепак, се чини дека драмите не се одвивале само во кралското семејство.

Меѓу познатите личности кои дојдоа како гости на нивната прослава беа познатиот актер Џорџ Клуни и неговата сопруга Амал Клуни. Сите тогаш добија впечаток дека нивното пријателство е, барем, трајно, со оглед на тоа дека се запознале на официјални настани. А тоа некако го „потврдија“ подоцна, на настаните на кои присуствуваа заедно. Но, со текот на времето почнаа да се шират приказни дека во моментот на венчавката овие парови не се ни познавале и дека тоа е нивната прва средба, што е малку чудно.

Месеци подоцна се чинеше дека се во добри односи, но како што минуваа годините се забележуваше и дека нивната врска се лади.

Неодамна, семејството Клуни организираше „The Albis“, забава посветена на филантропската работа што ја работат долги години. На листата на гости се најдоа најпознатите светски фаци, од актери до пејачи и водители, но се чини дека изостанаа некои имиња. Во исто време, принцот Хари го посети Њујорк на своето соло патување, каде што се одржа забавата.

Сепак, Клуни, кои го знаеле ова, не го поканиле принцот да дојде. Ова е втор настан по ред што Клуни го организираат без да ја поканат кралската двојка. Минатата година, Хари и Меган изјавија дека биле прилично изненадени во тоа време што биле изоставени, рекоа тогашните извори.

Но, што се однесува до овогодинешната забава, Хари, кој лесно можеше да дојде бидејќи беше на истото место каде се одржуваше забавата, се чувствувал понижен поради тоа, како што објавиле упатени блиски до кралската двојка.

„Од сите критики со кои мораа да се соочат откако се преселиле во Холивуд, ова е веројатно најголемото понижување за Хари и Меган“, изјавил инсајдер за Radar Online.

Со оглед на тоа што е познато дека Хари има желба да си ја врати репутацијата, со или без Меган, овој настан можеше да му го обезбеди токму тоа.

Позната е причината за смртта на фудбалерот на Панатенаикос, чие тело било во домот во Атина

Грчката полиција официјално ја потврди причината за смртта на фудбалерот на Панатинаикос Џорџ Балдок, кој вчера вечерта бил пронајден мртов во својот дом во Атина.

Како што се сомневаат, причина за смртта на грчкиот репрезентативец е давење. Според извори на „Њуз247“, обдукцијата била завршена околу пладне на Одделот за судска медицина на Универзитетот во Атина, додека за неколку дена се очекуваат токсиколошки наоди.

Обдукцијата во целост ја потврдила сликата што ја направил лекарскиот вештак. Кога полицајците го пронашле Болдок и го превртеле неговото тело, од устата му излегувала вода - честа појава при давење. Тој голтал вода додека бил жив и таа вода му влегла во белите дробови.

Неговото тело немало траги, рани или модринки кои би укажувале на какво било кривично дело. До базенот било пронајдено полуполно шише вотка и чаши, кои се испратени во форензички лаборатории.

Да потсетиме, Болдок бил пронајден мртов вчера вечерта во 22 часот и 30 минути, додека истрагата покажала дека тој починал меѓу 19 и 20 часот.

притисни ентер