Коалиција ВРЕДИ: ДУИ за еден мандат потроши 46 милиони евра во апарати за коцкање

Изборите се ближат. Заедно со изборите се ближи и крајот на владеењето на казиномените. Затоа и изопаченоста на власта, алчноста и нагонот за да грабнат што повеќе од парите на граѓаните излегува од контрола!

Денеска неслучајно сме во Старата Чаршија затоа што е вистински момент да се алармира дека Чаршијата, од културен центар, симбол на наследство и добрите семејни традиции, чесна работа на еснафот, од универзитетски центар, денес е во опасност да се претвори во центар на коцкање, па следствено во центар на несигурност, страв и симбол на злото.

Денеска сме тука да ја повикаме совеста на алчните владетели дека казината - кои станаа симбол на оваа власт во заминување, додека ги полнат џебовите на функционерите и нивните семејства, како малигна болест ни ги јадат и ни ги рушат нашите семејства, нашата младина, нашата иднина!

Почитувани, „поларната мечка“ навистина ни тропна на нашите врати - но преку парите и валканите трансакции на српско-руските олигарси, кои стојат зад мега индустријата на казината и коцкањето.

Има ли уште дилеми зошто Александар Вучиќ е загрижен за албанската политика во Македонија?! Денес, додека парадираат низ албанските населби и калдрмата на Чаршијата, ние јавно ги потсетуваме уште еднаш дека потрошените 6 милиони евра за дополнително зајакнување на казино индустријата преку софтвер за апаратите за коцкање, би биле 6 милиони евра повеќе за софтвер за студенти, за дигитализација на образованието без книги, за уште поголема санација на Чаршијата, за изградба на улици, градинки, училишта, библиотеки, културни центри и слично.

Со овие 6 милиони евра одобрени со потпис на кој друг ако не жртвата на Артан Груби - Перпарим Бајрами, сумата што ја инвестира ДУИ во коцкање достигнува 46 МИЛИОНИ ЕВРА за само четири години!!! Немајте никаква дилема - зад тврдењето за „дислокација на казината“ всушност се крие само стратегијата на нивно дополнително зајакнување, и запечатување на нивното присуство во нашите животи! Додека се обидуваат да не измамат со наводни планови за затворање на казината, казиномените, скриени зад фасадата на европското знаме, инсталираат коцкање во секој дом - правејќи го дел од нашата култура, дел од нашето едуцирање, дел од нашиот менталитет! Алармот е вклучен - демонтирањето на овој режим започна и ќе се финализира на 24 април и 8 мај!

Ова е вистинското лице на ДУИ, завиткано со убави зборови, големи ветувања, и нормално со многу патриотски елементи. Повикувајќи се во име на народот, впрочем се случува најголемото бришење на националната и историската традиција на албанците само за да се збогати Артан Груби преку неговиот курбан Перпарим Бајрами.

Почитувани, не постои подобар момент за тестирање на подршката на овие политики и одлуки. За ова се изборите. Затоа, јавно го повикуваме тандемот Артан Груби-Перпарим Бајрами, фатени за рака, да излезат пред народот и во име на казината да го бараат нивниот глас и подршка. Легитимитетот во демократијата се црпи од гласот на граѓанинот. Дали има подобар начин отколку токму граѓанинот да им го даде одговорот на политиките на казината, Соравија, Лотарија, Еуровија и на многу други девијантни појави кои секојдневно ја уништуваат нашата младина.

Промената започна. Заедно со промената доаѓа и правдата, и немајте дилема, таа секако ќе тропне и на ваша врата.

Ардијан Демири од Коалицијата ВРЕДИ

Уапсени 17 припадници на затворска полиција во Идризово

Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција информираше утринава дека се уапсени 17 припадници на затворската полиција во КПУ Идризово. 

Акцијата ја спроведе МВР во координација со ОЈОГОКК , а доаѓа по претресите извршени во Идризово пред неколку дена.

Уапсените затворски полициајци веќе се спроведени во Кривичениот суд, а Обвинителството најави повеќе детали во текот на дејнот.

Милијардерот Бил Гејтс со нова девојка на црвениот тепих

Еден од најбогатите луѓе на светот, 68 годишниот милијардер Бил Гејтс се појави на доделувањето на наградите „Breakthrough“ во Лос Анџелес во друштво на својата девојка, 60-годишната Пола Херд . 

Пола е вдовица на поранешниот извршен директор на „Oracle“, Марк Херд.

Гејтс се разведе од сопругата Мелинда во мај 2021 година по 27 години брак, а разводот беше финализиран во август истата година. Бил и Пола само една година по разводотна милијардерот беа видени заедно а врската ја потврдија во 2023 година.

ЦУК: 23 пожари на отворено, два се уште се активни

Изминатото деноноќие евидентирани се 23 пожари на отворен простор, од кои два се уште се активни, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).

-Регионалниот ЦУК Тетово, известува дека пожарот кој започна пред неколку дена кај село Ѓермо, Општина Тетово е се уште активен. Пожарот сега се наоѓа над село Селце на оддалечен и тешко пристапен терен, а гори букова шума, ливади и меѓни стебла и ниска вегетација, информираат од ЦУК.

Според последните информации добиени од одговорни лица од НП Шар Планина и ТППЕ Тетово пожарот е се уште активен и има тенденција да се шири. Вчера поради настапување на ноќта екипите во 19:10 часот се повлечени од терен, а со интервенција е продолжeно денеска во раните утрински часови.

-Регионалниот ЦУК Битола, известува дека пожарот кој беше активен над село Велушина на ден 13.04.2024 година во текот на ноќта беше изгаснат, но на ден 14.04.2024 година дошло до негово повторно активирање и во моментот со пожарот е зафатен папрат, смрека и шума над село Остерец на Баба Планина. Во текот на денот во негово гаснење интервенирале четири лица од ЈП Национални шуми-подружница Кајмакчалан од Битола и четворица пожарникари со две противпожарни возила кои поради настапување на ноќ се повлечени од терен. Според последните информации пожарот е на непристапен терен и горат суви лисја и гранки. Нема опасност по населени места и НП Пелистер. За настанот се известени релевантните субјекти од Системот за управување со кризи (СУК), се наведува во соопштението.

Во ЦУК имало вкупно 1 973 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во последното деноноќие, од коишто „реални“ повици биле 55,45 отсто, а 44,55 проценти биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон полиција биле упатени 55,78 отсто, кон итната медицинска помош 30,35 отсто, а кон пожарникарите 10,40 отсто од реалните повици кон 112 во ЦУК.

ЦУК апелира и потсетува, да не се пали вегетација на отворено и да редовно да се чистат локалните одводни канали.

притисни ентер