Клучни денови за македонските евроинтеграции, се чека преговарачката рамка

Вторник е денот кога Европската комисија ќе го објави извештајот за напредокот на реформите во Македонија, а се очекува да биде објавата и преговарашката  рамка. 

Сигналите кои пристигнуваат се дека тој ќе биде позитивен, а земјата ќе ги почне преговорите во декември оваа година, под германско претседателство. Тоа што засега останува како дилема, е дали последните закани од Бугарија за блокирање на преговорите ќе станат реалност. За поранешниот амбасадорт Ѓорѓи Филипов речи е новозможно официјална Софија да изејствува одложување на старот на преговорите, а Германија е решена да не се додаваат никакви нови услови за Македонија.

На слична линија е и директорка на Институтот за европска политика Симонида Кацарска. Таа смета генерално извешајот на комисијата ќе биде поволен за земјава, а Бугарија со последните меморандуми нема да успее да го попречи стартот на преговорите.

По сите случувања изманатава недела сосема е јасно дека позицијата на Берлин ќе биде клучна за Македонија во декември, по долги и тешки одложувања конечно да ги почне преговорите. За таа цел вицепремиерот за европски прашања Николо Димитров веќе беше во Германија на средби со Михаел Рот и советниците на Меркел, каде доби уверување дека земјава нема да биде биде „испревена“ пред нови условувања. Слични пораки доби и министерот за надворешни Бујар Османи кој во Брисел разговараше за оостварување на најголемиот чекор во евро-итеграциите на земјата.

Леклер: Подготвен сум за сезоната, можеме да го победиме Ред Бул

Возачот на Ферари, Шарл Леклер, изјави дека е „подготвен“ за претстојната сезона во Формула 1 и предвидува дека Ферари може да се натпреварува со Ред Бул во битката за светската титула.

Во 2024 година, Шарл ја забележа својата најсилна сезона во Формула 1 – победи на 3 трки, 13 пати заврши на подиумот и собра 356 поени. На крајот на годината, ова му го донесе третото место во конечниот поредок, со 84 поени зад шампионот Макс Верстапен.

Ферари, пак, до последно се бореше со Мекларен за светската титула во конструктори, а тоа му дава надеж на тимот од Маранело да ја продолжи битката во новата кампања.

-Мислам дека сум подготвен за сезоната. На Ферари му треба болид како оној што го имавме на крајот на минатата година. Апсолутно сум уверен дека Ферари може да биде следниот тим што ќе го победи Ред Бул и ќе ја освои титулата, објасни Леклер.

За 2025 година, Ферари ќе може да смета и на Луис Хамилтон, а 7-кратниот светски шампион ќе треба да се прилагоди на новите работи за него во Скудерија, но дефинитивно ќе биде корисен за тимот од самиот почеток со огромното искуство што го има.

-Сега сум позрел возач. Порано, кога викендот не ми одеше како што сакав или автомобилот не беше како што сакав, се обидував да најдам нешто што навистина го нема. Затоа и правев многу грешки. Сега знам кога сме посилни и кога треба да ги ограничуваме загубите, тоа е чекор напред, додаде Леклер.

УНРВА да го напушти Ерусалим до 30 јануари, изјави израелски претставник во ОН

 Агенцијата на Обединетите нации за помош на палестинските бегалци (УНРВА) „мора да ја прекине својата работа во Ерусалим и да напушти просториите во кои работи во тој град“ до 30 јануари, изјави израелскиот претставник во ОН.

За оваа одлука тој преку писмо го информирал генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.

Законот со кој се забранува работењето на УНРВА на израелска територија и контактирањето со израелските власти стапува на сила на 30 јануари, наведуваат светските агенции.

Израел го анектира Источен Ерусалим, кој мнозинството од меѓународната заедница не го признава.

Иднината на Кимих останува нејасна

 Иднината на капитенот на Барен М. Џошуа Кимих по крајот на сезоната останува нејасна.

Договорот на 29-годишниот фудбалер со Баерн истекува и во оваа фаза нема навестување дека ќе биде продолжен.

Според новинарот Кери Хау, Баварците остануваат фаворити за потписот на германскиот интернационалец. Од клубот се оптимисти дека повторно ќе го ангажираат Кимих, бидејќи истото го посакува и самиот играч.

За играчот од средниот ред се заинтересирани и Ливерпул и Реал Мадрид. Нивните шанси да го привлечат не се особено големи.

Се верува дека Кимих нема да се согласи на намалување на платата во Баерн и ќе биде меѓу најплатените во клубот.

Џошуа Кимих е дел од Баерн од летото 2015 година. Баварците го гледаат како следниот капитен на тимот.

притисни ентер