Клиниката за детски болести со реакција на објавата на мајката на малата Бисера

Универзитетската Клиника за детски болести - Скопје,  во интерес на вистината, сака да ја информира јавноста за видео снимката која денеска родители на наша пациентка ја направиле на едно од одделенијата на Клиника за детски болести - Скопје.

На снимката се гледа дека бебе, наш пациент, тешко дише и притоа родителите ги коментираат и ги обвинуваат со имиња и презимиња лекарите за нејзината состојба.

Имајќи предвид дека станува збор за комплексна ситуација, а со цел јавноста да добие целосна слика за случајот со пациентка, сакаме да дадеме и наш став во однос на денешната снимка.

Имаме целосно разбирање за болката на родителите и со нив сме постојано последниве шест месеци.

Мајката на бебето, во четвртиот месец од бременоста заболела од варичела. Направени се тестирања за можни последици по плодот, коешто семејството никогаш не ги подигнало. И покрај познатите медицински оправдани, стравувања по евентуални последици по плодот, мајката решила да го роди детето, без разлика на последиците. Токму како последица од варичелата, бебето се родило со комплетно нарушен имунолошки систем, односно не можност да се одбрани од бактерии ниту вируси. Колку е ослабен имунитет покажува и фактот дека од самото раѓање детето било само неколку дена дома во рок од шест месеци. Направени се сите современи испитувања што само ја потврдуваат дијагнозата дека детето е родено со последица од варичелата додека мајката го носела плодот.

Комплетно ја разбираме нервозата на родителите, се обидуваме да помогнеме колку што можеме, но ситуацијата се менува секојдневно, а грижа за детето има постојано. Во секој момент на располагање се докторите на Клиниката кои досега повеќе пати отворено разговараат со родителите за состојбата на детето. И покрај тоа секојдневно се врши притисок на персоналот на болницата, проследени со разни навреди, закани по живот и агресија која кулминираше денеска кога обезбедувањето на Клиниката мораше да повика и полициска асистенција.

Како здравствени работници, но и како луѓе, родители, ја разбираме нивната борба за сопственото дете, но не ја разбираме потребата од психичко и физичко насилство врз оние кои деноноќно се борат за животот на нивното дете.

Во овие тешки времиња за сите здравствени работници сакаме да повториме дека целиот медицински тим на Клиниката за детски болести во Скопје деноноќно се бори за најмалите. Нивниот живот за нас е приоритет и тука не треба да има ниту најмал сомнеж, се наведува во реакцијата на Универзитетска Клиника за детски болести - Скопје.

Њу Орлеанс последен избори плејоф во НБА-лигата

Кошаркарите на Њу Орлеанс пеликанс рано утрово забележаа победа над Сакраменто кингс со 105:98 во плејин натпреварот одигран на домашен терен.

Најефикасен играч на натпреварот беше Де'Арон Фокс ос Сакраменто кој постигна 35 поени.

Во победничкиот состав се истакна Брендон Инграм со 24 поени.

Пеликанс се пласираа во плејофот каде во првото коло ќе играат против Оклахома.

Покрај Њу Орлеанс место во разигрувањето за трофејот преку плејин обезбедија и Лос Анџелес лејкерс, Мајами Хит и Филаделфија.

Плејофот во најсилната кошаркарска лига на светот почнува вечер со натпреварите:

Кливленд кавалирс – Орландо меџик и

Минесота тимбервулвс – Феникс санс. /МИА

Стапуваат во сила дополнителните обврски од ДСА за „Порнхаб“, „Стрипчет“ и „ИксВидеос“

Новите обврски за „Порнхаб“ и „Стрипчет“ почнуваат да важат од утре, а за „ИксВидеос“ од втроник.

Интернет сајтовите со содржини за забава на возрасни „Порнхаб“, „Стрипчет“ и „ИксВидеос“ ќе мора да се усогласат со дополнителни обврски што произлегуваат од Законот за дигитални услуги на ЕУ (ДСА), откако изминуваат четири месеци од нивното назначување за „многу големи онлајн платформи“.

Дополнителните обврски, кои мора да ги почитуваат сите „многу големи онлајн платформи“, односно социјални мрежи, пребарувачи, страници за е-трговија и сајтови кои месечно имаат над 45 милиони корисници од ЕУ, се однесуваат на поднесување извештаи за проценка на ризик до Европската комисијата, воспоставување мерки за справување со системските ризици поврзани со услуги што ги нудат, усогласување со правилата за транспарентност и за емитување рекламите, како и за обезбедување пристап на истражувачите до нивните податоци.

Новите обврски за „Порнхаб“ и „Стрипчет“ почнуваат да важат од утре, а за „ИксВидеос“ од втроник.

Целта на Законот за дигитални услуги на ЕУ е да ги натера онлајн платформи да преземат поголема одговорност за обезбедување побезбеден и потранспарентен интернет простор, со тоа што, меѓу останатото, ќе спречат ширење на илегални содржани и ќе ги намалат ризиците по малолетниците.

Општите одредби од Законот за дигитални услуги, покрај за „многу големите онлајн платформи“, од 17 февруари годинава почнаа да важат за сите интернет страници независно од нивната големи. Меѓу овие одредби се и обврските за упатување на известување за соодветност на одредена содржина на возраста на корисниците, забрана за целно таргетирани реклами, пред се насочени кон деца и зголемена транспарентност. /МИА

Хуманитарен концерт во сеќавање на Климентина Рафајловска

Во Салон 19:19 во Скопје вечерва ќе се одржи концерт во сеќавање на Климентина Рафајловска (1977-1994), која била ученик на пијано и харфа во училиштето „Илија Николовски-Луј”.

На програмата ќе бидат изведени дела од композиторите Сен Санс, Равел, Буланже, Штолцел, Пијацола, Хенсон, Капле, Форе и Шостакович.

На концертот ќе учествуваат музичари од нејзината генерација, Ема Абаџиева – обоа, англиски рог, Весна Ангелова Христов – пијано, Орце Ицковски – фагот, Гордана Јаневска – виолина, Тереза Крцоска – виолина, Јанинка Невчева – пијано, Јулија Нелковска – виолина, Надежда Рубен – сопран, Боро Станковски – виола, Елена Стојческа – флејта, Дарко Трајковски – виолина, Мерсиха Шукри – харфа.

Соученичката на Рафајловска, Мерсиха Шукри, која е единствената харфистка во земјава во изјава за МИА вели дека целта, меѓудругото, е и да се подигне свеста и поддршката за болните од рак.

- Климентина Рафајловска ни беше соученичка во музичкото училиште. За жал, за кратко време нѐ напушти, се разболе од леукемија. Оваа година се навршуваат 30 години од нејзината смрт. Во таа чест, генерацијата се собравме да одржиме концерт во нејзина чест. Воедно, да ја подигнеме свеста и поддршката за сите заболени од лошата болест, вели Шукри, додавајќи дека животот е непредвидлив и затоа е потребно многу повеќе љубов и разбирање.

Човекот е покршлив од стаклото и многу малку е свесен дека секому може да му се случи, вели Мерсиха Шукри.

Во чест на Рафајловска, од 1995 до 2008 година беше доделувана наградата „Климентина Рафајловска” за првенец на генерација, од страна на истоимената Фондација. Меѓу добитниците на оваа награда се и Симон Трпчески, Ирина Наумовска, Никола Атанасов, Александар Краповски и други.

Средствата собрани со продажба на билетите и од донаторската кутија, ќе бидат донирани на Здружението посветено на пациенти болни со рак и нивни негуватели ХЕМА-ОНКО, а наменети за потребите на пациентите на Универзитетска клиника за хематологија.

притисни ентер