Клеменс Која: Да се овозможи СЈО да продолжи непречено да работи

Шефот на Мисијата на ОБСЕ во  Македонија Клеменс Која денеска изрази загриженост во врска законот за специјалното јавно обвинителство, што е предмет на разговори меѓу владејачките партии и опозицијата, како и за мандатот на СЈО. 

Ги повика сите партии да постигнат согласност и да се овозможи СЈО да продолжи непречено да работи.

Која во обраќањето на презентацијата на вториот преоден извештај на ОБСЕ за работата на СЈО, кажа и дека исто така е важно СЈО да продолжи да работи на независен и професионален начин.

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева истакна дека очекува законот за СЈО да биде донесен што е можно побрзо и да се овозможи Обвинителството да работи со проширени надлежности

Во целиот овој период од 3,5 години СЈО, посочи јанева, се обидува да остане во рамките на мандатот што му е даден, а со тоа да му овозможи на судот доволно докази за да донесе соодветни пресуди.

Јанева, меѓу другото, се осврна на наодите од извештајот, потенцирајќи дека СЈО комплетно ги дало доказите, а исто така на обвинетите дека можат да дојдат во СЈО и да ги слушнат прислушкуваните разговори, но оти никој од нив не го сторил тоа.

Забелешките ќе ги разгледаме на колегиум, рече таа, изразувајќи надеж дека во иднина ќе се почувствува разлика во нивната работа.

Извештајот на ОБСЕ се однесува на работата на СЈО од ноември 2016 до ноември 2018 година, односно набљудувачи на мисијата следеле 20 случаи на обвинителството за кои обвиненија биле поднесени пред јуни 2017 година.

Марија Лаура Фероли, офицер за владеење на правото во Мисијата на ОБСЕ во Скопје, презентирајќи ги наодите и заклучоците истакна дека со цел да се намали ризикот од бегство, правната рамка за извршување на санкциите треба да биде изменета. Од ОБСЕ сметаат дека периодот помеѓу носењето на конечна и правосилна пресуда и моментот на лишување од слобода на осуденото лице да не биде прекумерно долг, упатувајќи на примерот со бегството на поранешниот премиер Никола Груевски.

Извештајот се однесува и за времетраењето на постапките, просечната ефикасност и управување со судските процеси, за правичноста и еднаквоста на оружјата, како и за независноста и непристрасноста на судот./МИА.

Локални власти: Три лица загинаа во руски напади на југот на Украина

Најмалку три лица загинаа синоќа, а 20 се ранети во руските напади во областа Днепропетровск на југот на Украина, соопштија локалните власти.

„Во Днепар гори петкатна зграда. Под урнатините може да има луѓе“, напиша на својата канал на Телеграм регионалниот гувернер Сергиј Лисак.

Во Русија, гувернерот на Белгородската област Вјачеслав Гладков изјави дека 25 проектили биле соборени во близина на украинската граница.

Нема информации за повредени, напиша Гладков на Телеграм, додавајќи дека се оштетени неколку згради. /МИА

ЦУК: Изминатото деноноќие 1 709 повици на 112, нема пожари на отворено

Изминатото деноноќие имало вкупно 1 709 повици на бројот за итни случаи 112 во ЦУК, од кои „реални“ повици биле 49,68 отсто, а 50,32 проценти биле за други потреби на граѓаните што не биле итни, информира утрово Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Кон полиција биле упатени 71,16 отсто, кон итната медицинска помош 23,72 проценти, а кон пожарникарите 1,86 отсто од реалните повици кон 112 во ЦУК.

Од Центарот за управување со кризи информираат дека изминатите 24 часа нема пожари на отворен простор.

ЦУК апелира за внимателност заради најавените метеоролошки промени со дожд, ветер и снег на повисоките места.

МААЕ: Нема штета на нуклеарните постројки во Иран

 Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) објави дека нема штета на иранските нуклеарни постројки, откако Израел изврши одмазнички напади. 

„Продолжуваме да ја следиме ситуацијата и ги повикуваме двете страни на екстремна воздржаност. Нуклеарните објекти никогаш не треба да бидат цел во воени конфликти“, се вели во соопштението на МААЕ на IX (Твитер).

Тензиите меѓу Тел Авив и Техеран се зголемија по нападот на Иран врз Израел на 13 април, со повеќе од 300 беспилотни летала и проектили. Потоа Израел предупреди дека ќесе одмазди за нападот со стотици проектили и беспилотни летала, од кои најголемиот дел без пресретнати од противвоздушната одбрана. Инаку, нападот на Иран врз Израел беше одмазда за нападот врз иранскакиот конзулат во Дамаск, во кој загинаа неколку високи офицери. Иран за нападот во Сирија го обвини Израел, а Тел Авив ниту потврди ниту демантираше дека стои зад нападот. /МИА

притисни ентер