Ќерка на познат актер направила хаос во ноќен клуб- ја гаѓала келнерката со користен тампон

Алаја Болдвин (31), постарата сестра на манекенката и популарна инфлуенсерка Хејли Бибер, но и ќерка на актерот Стивен Болдвин, е уапсена минатата сабота по инцидент во градот Савана, во државата Џорџија, пренесува PageSix.

Немилиот настан се случил во ноќниот клуб Елан, а снимките од надзорните камери покажуваат дека Болдвин насилно влегла во заклучената бања за вработените.

Според келнерката, таа им рекла дека треба да го смени тампонот, што ѝ било дозволено. Неколку минути подоцна, кога келнерката Хали Коли повторно влегла во тоалетот, Алаја го извадил тампонот и го фрлила кон келнерката. Во тој момент влегло обезбедувањето и ја извело ќерката на познат актер надвор од клубот.

На снимката наводно се гледа како Алаја дава отпор сè до излезната врата. Во полицискиот извештај стои дека јасно се гледа дека на еден од обезбедувањето му ја кубела косата, а другиот го удрила во гениталиите.

Болдвин, сепак, претставила поинаква верзија на настаните. Таа тврди дека била „насилно отстранета од клубот“ и првично негирала дека насилно влегла во бањата на клубот. Наместо тоа, таа тврдела дека им рекла дека мора да оди во тоалет за да го смени тампонот бидејќи повраќала.

„Таа, исто така, првично негираше дека го фрлила користениот тампон кон Коли, но подоцна изјави дека го фрлила, според извештајот.

Кога им кажале за наводите на чуварот за нападот, Болдвин им рекла на полицајците дека само „се бранела себеси“.

Алаја Болдвин е уапсена само неколку дена откако нејзиниот татко Стивен, од се уште непознати причини, предизвика загриженост кај обожавателите, барајќи молитва за Хејли и Џастин Бибер.

Алаја Болдвин е помалку позната американска актерка и модел.

Вучиќ предлага референдум: Нема да останам претседател ако ја немам поддршката од народот

 Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во емисијата „Кирилица“ на телевизија „Хепи“ изјави дека оставката на министерот за градежништво, транспорт и инфраструктура, Горан Весиќ е чин на одговорност, но тој не го принудил на тоа.

- Веднаш рекоа дека Вучиќ го натерал да поднесе оставка, но морам да ги разочарам и да кажам дека не сум. Реков дека ќе ја почитувам волјата на премиерот и политичката и човечката чесност на Горан, но не го ни советував да го стори тоа, рече Вучиќ, кој на прашањето дали ќе има уште оставки, одговори дека тоа е сосема сигурно.

Тој рече дека Весиќ ќе остане во СНС и ќе продолжи „да работи и да се бори заедно“.

Тој рече дека на протестите по несреќата на Железничката станица во Нови Сад во која животот го загубија 14 лица, се бара „неговата глава“.

- Владата на Србија нема да ја урнете. Ви нудам решение и голема победа. Еве, дајте ни ги вашите 70-80 гласови во српското Собрание и ќе побараме од народот советодавно мислење на референдум за разрешување на Александар Вучиќ, рекол Вучиќ, пренесува Нова.рс.

Тој рекол дека нема да остане претседател доколку ја нема поддршката од народот.

- Ако 50 отсто од народот се согласи со тоа на референдум, јас нема да бидам претседател на Србија ниту еден ден. Јавно ветувам дека тој ден ќе поднесам оставка и ќе се оди на нови претседателски избори. Ако народот каже дека е за разрешување, не му треба процедура, тој ден ќе си поднесам оставка и не сум претседател. Така си ги решиле сите свои проблеми. Тоа можеме да го направиме во јануари, март или мај, изберете кога сакате, но не го малтретирајте овој народ, заклучи Вучиќ.

Силва за мечот со Спортинг: Ни недостасуваат многу играчи, но во Сити не бараме изговори

Фудбалерот од средниот ред на Манчестер сити, Бернардо Силва ги сподели своите очекувања од натпреварот против Спортинг во 4. коло од Лигата на шампионите.

- Со оптималниот состав ние сме посилни, нема смисла тоа да се негира. Ни недостигаат многу неверојатни играчи, но нема да бараме изговори, не функционира така Сити. Пред неколку години Кевин де Брујне пропушти шест месеци, но ние ја освоивме титулата. Секогаш сме способни за ова, изјави Силва за сајтот на УЕФА.

Натпреварот Спортинг – Манчестер сити се игра вечер од 21 часот во Лисабон.

По три кола во елитното натпреварување Манчестер сити е на 3. место со седум бодови, Спортинг е на 8.место исто така со седум бода.

Сезимолошката опсерваторија повикува да се користат нејзините официјални информации

Сезимолошката опсерваторија повикува да се користат нејзините официјални информации за земјотреси.

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје ги повика медиумите во своите објави за случени и почувствувани земјотреси да ги користат исклучливо нејзините официјални информации бидејќи, како што наведува, „споделувањето невистинити и погрешни податоци може да предизвика општа паника на населението и тоа е казниво со закон“.

Опсервацијата реагира со допис до медиумите „поради зачестено ширење непроверени информации за случени и почувствувани земјотреси“.

Во реакцијата Сеизмолошката опсерваторија потсетува дека и со закон таа е единствена институција во Републиката задолжена и овластена да ја одржува сеизмолошката мрежа и да ги објавува податоците за сеизмичките појави, вклучувајќи го и известувањето на јавноста за почувствуваните земјотреси во државава.

-За навремено информирање на јавноста за случените и почувствувани земјотреси, Сеизмолошката опсерваторија испраќа известување до медиумите по електронска пошта, наведуваат од Опсерваторијата и додаваат дека медиумите може да ја контактираат институцијата за дополнителни информации.

притисни ентер