Ќе заврши ли навреме или сепак ќе има продолжување на пописот за неколку дена?

Утре, односно на еден ден пред истекот на пописот ДЗС ќе направи дефинитивна проценка дали ќе бара пролонгирање на статистичката операција поради изгубените неколку дена на почетокот поради проблемите со апликацијата. 

Претседателот на собранието Талат Џафери вели дека нема никаков проблем собранието итно да се состане, но за тоа треба да стигне предлог од владата или група пратеници.

-Доколку има итна потреба, собранието може да работи во било кое време според нашите прописи. Доколку има консензус меѓу политичките субјекти кои што учествуваат во работата на собранието и излегуваат со таков усогласен предлог, во контекст на собранието не е пречка да можат да работи собранието и евентуално да донесе нова одлука, тоа е во рацете на политичките партии доколку се усогласат со тоа, изјави Џафери.

Денешните проценки на ДЗС се дека до четврток на полноќ, статистичката операција може да биде завршена. Јасмина Ѓеорѓиева од статистика вели дека во дел од земјава пописот е речиси сосема завршен, додека пак во Скопје се подига темпото на терен.

-Активностите се интензивирани во оние општини каде што се уште сметаме дека има население кое што не е попишано, вклучени се и дополнителен број попишувачи, а исто така одлично функционираат и овие локации кои што ги објавивме во кои што граѓаните можат да одат и сами да се попишат доколку досега не ги посетил попишувач.- Ѓеорѓиева

Во текот на вчерашниот ден во дел од реонските канцеларии имаше поголема гужва, што предизвика и нервоза кај граѓаните, денеска сликата далеку поразлична.

Посетивме неколку регионални пунктови за попишување, по вчерашната гужва, денеска ситуацијата е поразлична, граѓаните задоволни од темпото на статистичката операција на овие места.

Најголемиот дел од оние кои што ги затекнавме во пунктовите се повозрасни лица, што се пожалија дека не биле посетени на домашна адреса.

-Никој не дојде дома да не попише/ Зошто не идат попишувачиве по улици не знам../Ги немаше досега да дојдат дома и моравме да дојдеме тука, ги чекавме дома до денеска, велам ќе помине рокот.

Досега во земјава се попишани око 1,7 милиони граѓани, над 520 илјади домаќинства и околу 750 илјади станови.

Во дијаспора бројот на самопопишани изнесува речиси 200.000 лица.

Две жртви во сообраќајка на експресниот пат Штип-Кочани

Тешка сообраќајна несреќа се случи на експресниот пат Штип-Кочани, во близина на ТИР зоната во Штип. Според првичните информации во несреќата животите ги загубиле две лица.

Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова потврди дека на овој експресен пат има тешка сообраќајна несреќа.

Таа за МИА изјави дека во тек е увидот и обезбедувањето на местото на несреќата од страна на полицијата.

Несреќата се случила околу 14.25 часот, помеѓу две патнички возила.

Саем на книга во Скопје: Само преку книгите, најмладите ќе ги насочиме на правилниот пат

Родителите и училиштето се двете најважни работи кои можат да всадат љубов кај децата за книгите, во време кога тие живеат во светот на интернетот и мобилните технологии. 

Само преку книгите, најмладите ќе ги насочиме на правилниот пат и вистинските вредности.

Ова е заедничкиот став на посетителите, издавачите и авторите на 36. издание на Саемот на книга, кој до 24-ти април се одржува во спортскиот центар Борис Трајковски во Скопје.

А токму најмладите беа едни од најприсутните на саемот. Преку орагнизирани училишни посети, досега над 2.000 ученици ги посетиле овој книжевен настан.

Приказната се чита, е слоганот на овогодинешниот Саем на книга. Организаторите велат дека само на тој начин, децата можат да влезат во светот на книжевноста.

Дека интернет технологијата го одзема вниманието на децата, согласни се дел од авторите и издавачите. Нивната мисија е, додаваат тие, да им ги доближат квалитетните книги на младата популација па и преку електронски форма.

Од популарна присохологија, до македонски и светски познати автори. На Саемот на книга ќе се претстават над 60 издавачи, и ќе има повеќе од 30 промоции на книги, детски работилници, настани и дискусии.

Овој книжевен настан завршува на 24 април, чии врати се затвораат во 20 часот.

притисни ентер