Ќе успее ли Македонија да го реши спорот со Бугарија до декември?

Колку се реални шансите, до крајот на годинава да почнат преговорите на Македонија со Европската Унија?

Иако Европската Комисија преку извештајот за напредокот ги потврдува ставовите дека земјава ги исполнува критериумите за до декември да се одржи првата меѓувладина конференција, дел од експертите во земјава не очекуваат деблокада на евроинтеграциите наскоро. Мора да имаме рационални очекувања- вели Малинка Ристевска од Институтот за европска политика.

Во меѓувреме од Бугарија пристигнуваат познатите пораки- Македонија да го почитува Договорот за добрососедство, да не се искривува историјата, мешовитата комисија да работи на нови решенија за учебниците по историја.. Европратеникот Андреј Ковачев го повтори неговиот став, дека Албанија треба да се одвои од пакетот со Македонија и заслужено да ги почне преговорите.

-Таму каде што во моментов има реална можност за придвижување, а така е со Албанија, за која 27 земји членки од советот кажуваат “да”, се е во ред, потготвени сме да започнеме, тогаш Албанија би требало да започне. Во никој случај тоа не значи дека треба да ја запоставиме Македонија. Тие треба да вложат максимални напори за да го поправат она што ги дели од започнување на преговорите, а тоа е да го исполнат договорот со Бугарија, да имаме јасни гаранции за сите теми поврзани со човекови права, недискриминација, говор на омраза, фалсификување на историјата, вели Андреј Ковачев.

Работата на комисијата за историски прашања е дел од 5+1 точките кои излегоа по самитот во Словенија, за деблокада на македонските евроинтеграции. Пред два дена историчарите го одржаа 15тиот состанок, но повторно без конкретни решенија или препораки.

Мицотакис му честитал на Каселакис и го поканил на средба

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис имал телефонски разговор со новиот лидер на СИРИЗА Стефанос Каселакис, му честитал за победата и го поканил да се сретнат во следните денови.

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис имал телефонски разговор со новиот лидер на СИРИЗА Стефанос Каселакис, му честитал за победата и го поканил да се сретнат во следните денови, соопштија од кабинетот на Мицотакис, јави дописничката на МИА од Атина.

Портпаролот на грчката Влада Павлос Маринакис на денешниот редовен брифинг со новинарите, коментирајќи ја победата на Каселакис на партиските избори, изрази надеж и желба дека земјата „конечно ќе добие сериозна и веродостојна опозиција“, а СИРИЗА ќе се врати „на патот на вистината и реализмот“.

-Нашата конфронтација со господинот Каселакис ќе биде политичка и затоа ги очекуваме неговите позиции и предлози за сите големи прашања и целокупно за прашањата што се однесуваат на граѓаните. Исто така се надеваме дека ќе ја напушти логиката на токсичност и на говорот на поделба, што за жал многу години ѝ служи на партијата на која е избран за претседател, рече Маринакис, објаснувајќи дека со оглед на минатото на оние кои јавно го поддржаа Каселакис, Владата се сомнева дека ќе се напушти токсичниот говор.

Паралелно, владиниот портпарол се осврна и на фактот што Каселакис не е пратеник и нема да може да присуствува на парламентарните процедури.

-Во Парламентот се предлагаат и се гласаат сите големи реформи и сите големи промени, кои им се потребни на народот, а отсуството на опозициски лидер од овие процедури, во еден голем временски период, речиси четири години, сигурно претставува еден сериозен институционален недостаток. Затоа ние во Нова демократија, на Конгресот во 2016 година изгласавме предуслов дека за некој да биде кандидат за претседател на партијата, да биде член на пратеничката група, посочи Маринакис.

Претрес во скопско Количани, пронајдени пушки, приведено едно лице

Полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје денеска  го лишиле од слобода М.И.(35) од с.Долно Количани.

Како што известуваат од МВР, при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени две пушки.

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Владата утре ќе носи одлука за намалување на цените на пијалоците

Владата утре ќе носи одлука за намалување на цените на пијалоците, во тек анализата на хигиенските производи.

Владата утре треба да донесе одлука за намалување на цените на пијалоците, а во тек е анализата за хигиенските производи која најверојатно ќе биде завршена до крајот на неделава.

- Тоа што знаеме точно е дека утре ќе има одлука за намалување на цените на безалкохолните и алкохолните пијалоци. За хигиенските производи најверојатно во текот на оваа недела ќе бидат завршени сите консултации и ќе видиме дали има простор да се донесат одредени мерки, изјави денеска министерот за економија Крешник Бектеши по посетата на компанијата „Алма-М“ во Визбегово.

Следниот месец, според најавите на премиерот Димитар Ковачевски, ќе бидат направени и анализите за деветиот пакет антикризни мерки кои ќе бидат насочени кон ранливите категории на граѓани и кон сите оние што во време на криза не остваруваат дополнителни приходи.

притисни ентер