Ќе станат ли реалност барањата на албанските партии за избор на шеф на државата во Собрание?

Има ли шанси да стане реалност идејата на албанските партии, претседателот на Македонија да се бира во Собрание, а не на избори?

Барањето кое го актуелизираа Ахмети и Таравари, лидерот на владејчката СДСМ Ковачевски го оцени како составен дел од предизборието, но суштината на ова прашање рече дека нема да ја коментира. За ВМРО-ДПМНЕ пак реализација на таквиот план на албанските партии е неприфатлив. Потпретседателот на партијата Николоски изјави дека врв на демократијата е граѓаните на избори да одлучуваат кој ќе ја преземе највисоката државна позиција.

-Сите ќе ветуваат, дел ќе предлагаат предлози кои не зависат само од нив, на пример ако зборуваме за промена на Устав, тој зависи од две третини, не би ги коментирал. Во наредните 80 дена или нешто помалку ќе слушнеме многу предлози, кои на 8 мај ќе кажат граѓаните кои се предлозите кои ги сакаат.- Димитар Ковачевски – претседател на СДСМ.

-Јас сум свесен дека Али Ахмети и Артан Груби кои денес ја промовираа оваа идеја би сакале вечно да владеат на начин што ќе имаат сериозно партиско влијание врз изборот на владата и претседателот на државата и тоа е недемократски чин и тоа е обид за заштита на криминалот и корупцијата во Македонија. ВМРО-ДПМНЕ уцени не прифаќа, тој филм нема да го гледаат, а нов претседател на Македонија ќе биде Гордана Силјановска Давкова- Александар Николоски – потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Од ДУИ велат дека овој план на партискиот лидер датира од многу одамна, а сега во пресрет на изборите го сметаат за цел преку уставни измени. Прашањето за избор на шеф на државата во Парламентот го најавија како позиција и за претседателските и за парламентарните избори, но сепак велат дека тоа не значи бојкот на вториот круг од изборот на претседател.

-Сржта на идејата на лидерот Али Ахмети е изборот на Претседателот на државата во Собрание со 2/3 мнозинство на гласови и со Бадентер, за да се обезбеди општествен, надпартиски консензус за да се овозможи со над 80 гласови во Собранието и со етнички консензус да се спречи етничко надгласање и наметнување само од двете поголеми македонски политички партии,- Арбер Адеми – портпарол на ДУИ.

Во низата барања од албанските партии има и други теми.. ДУИ ги потенцира и уставните измени за вметнување на Бугарите, а од обединетата албанска опозиција велат дека при отворање на уставот, треба да се смени и формулацијата 20% за албанскиот јазик.

Бизарна снимка има 92 милиони прегледи, на социјалните мрежи бараат казна за авторите (ВИДЕО)

Навикнати сме инфлуенсерите и креаторите на содржини да вршат разни акробации со цел да привлечат следбеници и да обезбедат што повеќе кликови.

Понекогаш, тоа значи ризикување на сопствениот живот.Сличен пример наоѓаме и на Инстаграм, каде корисникот Самит Дубеј објави бизарно видео кое ги подели мислењата на луѓето.

Гледаме млад човек, залепен со пластична фолија од надворешната страна на автомобилот, што можеби нема да биде проблем - доколку возилото не се движело по патот.

Навистина, автомобилот не оди брзо, но без разлика, тоа е ризичен потег.

Очигледно сѐ поминало без последици, а изгледа дека залепениот млад човек ужива во авантурата. Клипот е објавен на 12 април и брзо стана вирален, собра над 92 милиони прегледи и два милиони лајкови.

Коментарите биле исклучени по бројните критики за авторот, пренесува NDTV.

Во меѓувреме, видеото е споделено и на други мрежи, каде многу луѓе изразија загриженост за ваквото однесување. Имало и такви кои побарале полицијата да преземе мерки против актерот.

„Ниту еден сериозен и чувствителен човек нема да го направи ова. Не се шегувајте со животот, сѐ може да се случи, некој може дури и да те удри“, напишал еден корисник.

Друг додаде: „Најглупаво нешто што сум го видел во животот“.

Третиот истакнал: „Животот е бесценет, некој е зафатен со глупави шеги, си игра со животот, а каде е законот да го стават зад решетки“.

Воз во пламен помиона низ мало гратче во Канада, пожарникарите едвај го изгаснаа (ВИДЕО)

Запален товарен воз во ноќта меѓу неделата и понеделникот поминал низ центарот на канадскиот град Лондон!

На шокантната снимка може да се види дека најмалку пет вагони гореле и дека пожарот брзо се ширел. Шокираните жители врескале во своите автомобили додека минувал запалениот воз, но за среќа никој не бил повреден, објави Дејли Меил.

Засега не е познато што го предизвикало пожарот во возот.

На противпожарните екипи им биле потребни час и половина за да го локализираат пламенот и уште неколку часа за да се осигура дека пожарот е целосно изгаснат.

- Сѐ ќе третираме како подметнување пожар додека не се докаже спротивното, тоа беа стари железнички врски, кои не беа многу сигурни - соопштиле од противпожарната служба.

Шпанија основа фонд за 440.000 жртви на сексуално злоставување од католички свештеници

Шпанија ќе формира фонд што ќе биде финансиран претежно од Католичката црква за да им плати отштета на околу 440.000 жртви на повеќедецениската сексуална злоупотреба извршена од католички свештеници.

Шпанија ќе формира фонд што ќе биде финансиран претежно од Католичката црква за да им плати отштета на околу 440.000 жртви на повеќедецениската сексуална злоупотреба извршена од католички свештеници, блиски до нив и наставници, најави министерот за правда.

Ваква оценка даде извештајот на шпанскиот омбудсман во октомври по анкета на 8.000 луѓе.

Тогаш беше препорачано формирање на државен фонд, а Црквата беше обвинета дека не соработувала и се обидувала „да ја намали оваа појава колку што е можно повеќе“.

Министерот за правда Феликс Боланос им рече на новинарите дека Црквата, која беше исклучително влијателна во шпанското општество и политика до и по крајот на десничарската диктатура во 1970-тите, со децении не ги исполнила барањата за компензација и дека нејзините реакции на извештајот варирал во зависност од епархијата.

„Сакаме да дејствуваме за да спречиме, да го поправиме и да се обидеме да го вратиме долгот што нашето општество им го должи на жртвите“, рече Боланос.

Владиниот план, кој треба да се спроведе до 2027 година, предвидува сè уште недефинирана формула со која Црквата ќе бара „да го плати целиот надомест или нејзиниот поголем дел, како и гаранција за другите елементи од симболичната компензација“. Боланос рече дека неговото министерство ќе преговара со епископите за придонесот што црквата е подготвена да го плати во фондот и дека има впечаток дека свештенството е подготвено за соработка.

Но, во исто време, шпанската бискупска конференција објави дека не може да прифати план со кој се исклучуваат жртвите на сексуална злоупотреба во други организации бидејќи „претставува осуда на целата Црква и покрива само дел од проблемот“. Во ноември црквата за прв пат објави дека има намера да ги обештети жртвите и во случаи кои не се целосно решени бидејќи во меѓувреме починал свештеник, кој извршил злосторство.

Боланос рече дека независно експертско тело ќе ги проучува случаите во кои насилникот умрел, оние за кои истекол рокот на застареност или оние кои никогаш не стигнале до суд.

притисни ентер