Ќе се зголеми бројот на паркинг места во Неготино

Ќе се зголеми бројот на паркинг места во Неготино, најави денеска  градоначалникот Горан Стојанов по синоќешната трибина за зголемување на безбедноста во сообраќајот во општината.

-Се одржа првата од повеќето планирани трибини на која се разговараше за безбедноста во сообраќајот на територијата на нашата општина и мерките и активностите што би требало да се преземат за итно подобрување на безбедноста. На трибината, приоритет се даде на детектирање на присутните проблеми и за возачите и за пешаците. Од страна на претставник на ОВР Неготино беа презентирани активностите што тие ги преземаат во рамките на контролите што ги спроведуваат на терен, како и мерките со кои се санкционираат прекршителите, информираше градоначалникот.

Како што рече, станало збор и за потребата од зголемување на бројот на нови паркинг места.

-Нешто што ќе се случи наскоро, но најпрвин потребно е подигнување на свеста кај сите учесници во сообраќајот. Бидејќи секој граѓанин треба да тргне од себе, за сите заедно да бидеме побезбедни. Се заклучи, најпрво да се направи обид преку едукација да се подигне јавната свест, а доколку и тоа не вроди со плод, ќе се изрекуваат санкции, дециден беше Стојанов.

Русите тврдат дека не планираат да нападнат ниту една членка на НАТО

Русија денеска соопшти дека се надева на „разумно решение“ на спорот околу ограничувањата за транспорт на стоки преку територијата на Литванија до регионот Калининград, руска ексклава на Балтичкото Море.

Русија иѝ соопшти на Европската унија дека моменталната ситуација води кон значителни трошоци не само за Литванија, туку и за Унијата, изјави рускиот заменик-министер за надворешни работи Александар Грушко, пренесе руската агенција Интерфакс. Тој додаде дека му се чини дека „сигналот е примен“, односно дека Унијата го разбрала предупредувањето.

Слично мислење изрази и рускиот амбасадор во Европската унија, Владимир Чижов, кој рече дека се надева на „компромисно решение во блиска иднина“.

Кон средината на јуни, Литванија го забрани железничкиот транспорт на некои стоки, кои се на листата на западни санкции, до областа околу Калининград. Москва ги нарече ограничувањата „незаконски“ и се закани со контрамерки.

Грушко рече дека Русија работи на тоа, „но најважното нешто е прашањето за одржување во живот на Калининград“.

Заменик министерот за надворешни работи дополнително нагласи дека Русија не планира да нападне ниту една членка на НАТО. Само „болни умови можеа да го смислат тоа“, рече тој.

Ковачевски на средба со граѓанскиот сектор: Владата низ дијалог и консултации носи одлуки

Денеска во рамки на консултативните средби за европскиот предлог за евроинтеграции претседателот на Владата Димитар Ковачевски одржа средба со претставници од граѓанскиот сектор, експерти од различни области, професори и политички аналитичари.

На брифингот се дискутираше за европскиот предлог за просперитет на Македонија.

Премиерот Ковачевски упати благодарност за придонесот што го даваат граѓанскиот сектор и експертската јавност во овие клучни моменти за државата.

При тоа премиерот Ковачевски посочи дека Владата партнерски низ дијалог и консултации носи одлуки во интерес на иднината на сите граѓани на Македонија. Премиерот Ковачевски истакна дека Владата нема дилеми за стратешкиот правец на државата и одлуките што ќе се носат ќе бидат на прогресивната страна со јасна заштита на јазикот и идентитетот на државата да одлучиме дали сме на прогресивната страна, се наведува во соопштението од Владата.

Салах потпиша нов договор со Ливерпул и стана најплатен играч во историјата

Мохамед Салах и понатаму останува во Ливерпул.

Откако со месеци преговараше за нов договор со клубот, па дури и беше блиску до заминување од „Енфилд“, 30-годишниот Египќанец денеска потпиша нов договор до 2025 година и на тој начин ги реши сите дилеми околу неговиот престој во Ливерпул.

Дејли Мејл тврди дека Салах добива 400.000 фунти неделно или 20,8 милиони фунти годишно, што го прави најплатениот играч во историјата на клубот. До доаѓањето на Дарвин Нуњез, најплатен беше Вирџил Ван Дијк, кој заработуваше речиси половина, а Нуњез го претекна со неделна плата од 250.000 фунти. Но, сега никој не е ни блиску до Салах.

„Се чувствувам одлично и сакам да освојувам повеќе трофеи со Ливерпул. Ни требаше малку време да се договориме, но сега го решивме тоа и фокусиран сум на иднината. Повторно имаме силен тим, донесовме квалитет играчи и ќе се бориме за титули. Само треба да останеме позитивни“, објави Салах на клупската веб-страница.

Тој во Ливерпул пристигна во летото 2017 година од Рома за 42 милиони фунти. Досега за Ливерпул одиграл 254 натпревари и забележал дури 156 голови и 63 асистенции. Ја освои Лигата на шампионите во 2019 година и шампионската титула во 2020 година.

притисни ентер