Ќе се одржи трибина „Блаже Конески денес" по повод 100 години од неговото раѓање

КИЦ – Скопје денеска организира трибина на тема „Блаже Конеки денес" по повод 100 години од неговото раѓање.

На трибината што ќе се одржи во паркот пред КИЦ – Скопје, како што најавуваат организаторите, ликот и делото на Конески ќе се осветлат и во потесна и во поширока смисла. Во потесна смисла: она што претставува неговото творештво денес во македонската општествена, културнопросветна и научна стварност, како стимул и корпус. Во поширока смисла: како влог во една воспоставена лингвопоетичка традиција во македонистиката, од којашто произлегува препознатлива лингвистичка школа, која со право го носи неговото име „Школа на Блаже Конески".

На трибината ќе учествуваат, Димитар Пандев, Бобан Карапејовски и Бојан Петревски.

ЕМА почна со испитување лек против коронавирусот

По еден ден откако Европската комисија ја претстави стратегијата за развој на лекови против ковид-19, Европската агенција за лекови (ЕМА) започна со континуирано испитување на еден лек, објави денеска Комисијата.

Тоа е сотровимаб, моноклонално антитело развиено за лекување на болеста ковид-19.

„Континуираната студија иницирана од ЕМА ќе ја процени ефективноста на сотровимаб во спречување на хоспитализација и смрт, неговата безбедност и квалитет“, наведува Комисијата.

Континуираното тестирање е побрзо од редовното бидејќи податоците се анализираат веднаш штом ќе пристигнат.

Ако ЕМА го препорача овој лек на крајот од студијата, Комисијата многу наскоро ќе го одобри.

Европската комисија вчера ја претстави стратегијата за развој на лекови против ковид-19 што предвидува одобрување на три лекови до октомври оваа година, со можност уште два да бидат одобрени до крајот на годинава.

Слично на развојот на вакцините, Комисијата најавува дека ќе инвестира во истражување и иновации, во идентификување на нови ветувачки лекови и зголемување на производствените капацитети. Ова вклучува заедничка набавка на лекови и создавање портфолио на ветувачки лекови, како и потпишување на пред-договори со производителите, како што е направено со вакцините covid-19.

Комисијата објави дека ќе создаде портфолио од 10 потенцијални лекови против ковид-19 и до јуни годинава и ќе ги идентификува петте најперспективни.

Досега во Европската унија е одобрен само еден лек против ковид-19, ремдесивир. Светската здравствена организација заклучила дека ремдесивирот не е ефикасен кај потешките форми на ковид-19.

Мицкоски - Кундурос: Власта ја внесе Македонија во здравствена и економска катастрофа

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р Христијан Мицкоски денеска оствари средба со грчкиот амбасадор во Македонија, Русос Кундурос, се наведува во партиското соопштение..

На средбата се разговараше за актуелните во случувања во Македонија, како и членството на Македонија во Европската Унија.

Мицкоски ги реафирмираше позициите за членство во ЕУ и истакна дека Македонија е премногу долго надвор од европскиот пат.

Во однос на економската и здравствена состојба, Мицкоски посочи дека со оваа власт на земја и се случува катастрофа. Државата оди кон економски пропаст, граѓаните стануваат се посиромашни, а помошта која ја нуди власта е недоволна и не е соодветна на потребите и проблемите кои ги имаат граѓаните и бизнисите. Додаде дека бројните афери кои секојдневно излегуваат докажуваат дека власта е високо корумпирана и длабоко вмешана во криминал.

Мицкоски потенцираше и дека владата не успеа доволно и навреме да ги заштити граѓаните за време на пандемијата, премногу се доцни со набавката на вакцини, а власта кога имаше можност да ги набави навреме, гледаше можност како да заработи од провизии, со што граѓаните останаа незаштитени, а нивните животи загрозени.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ потенцираше и дека е потребно почитување на принципиелните ставови за идентитетските обележја и придобивки кои ги промовира и самата Европската Унија.

Сопругата на претседателот учествуваше во проектот „Волонтираме за солидарно општество"

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска денеска во МладиХаб –учествуваше во подготовка на хуманитарни пакети за најранливите категории кои се во социјален ризик.

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска денеска во МладиХаб –учествуваше во подготовка на хуманитарни пакети со прехрамбени производи, средства за лична хигиена и за одржување на домаќинствата наменети за поддршка на граѓаните од најранливите категории кои се во социјален ризик, погодени од кризата предизвикана од пандемијата на коронавирусот.

Како што соопштуваат од Кабинетот на претседателот, активноста е во рамки на проектот „Волонтираме за солидарно општество" што е под покровителство на претседателот Стево Пендаровски, а се реализираше заедно со здружението на граѓани за помош на бездомници, социјално загрозени семејства и поединци „Љубезност", со здружението за хумано-општествен развој – Проект Среќа и со волонтери од партнерски организации.

Пакетите, во соработка со здруженијата, ќе бидат распределени на семејства во социјален ризик чијашто состојба е отежната поради кризата предизвикана од пандемијата со коронавирусот, а дел од нив ќе бидат распределени и во пресрет на празникот Рамазан Бајрам.

Кабинетот на претседателот ги повикува и останатите општествено одговорни компании да се вклучат со свој придонес, со цел во овие тешки денови да им помогнеме на ранливите категории на граѓани, на оние на коишто најмногу им треба поддршка.

притисни ентер