Ќе ги проверува ли државата дополнително лицата кои не добиле НАТО безбедносен сертификат?

Откако шефот на државата Пендаровски откри дека две лица од државните и безбедносните структури не го минале нато филтеропт за безбедносен сертификат, се отвори дилемата  кој доверливи информации во земјава остануваат доверливи. 

Дали некој е склон кон шпионажа или висока корупција – се главните основи по кои се проверуваат околу 150 лица од највисоките политички, разузнавачки и одбранбени ешалони за да добијат НАТО безбедносен сертификат. Процедурата досега ја минале околу половина, а двајца, меѓу кои и кандидатот за македонски претставник во Алијансата, како што информираше вчера претседателот Пендаровски, се одбиени.

Целата постапка, како што вели за Канал 5 директорот на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации Стојан Славески, треба да заврши до крајот на годинава. Тој објаснува дека откако Македонија и официјално стана членка, во издавањето на НАТО сертификатите е вклучена Алијансата преку свои проверки и сознанија а на крај заеднички со Дирекцијата се носи одлука дали некој ќе има пристап до класифицирана информација на НАТО.

Сега актуелен е процесот на издавање на НАТО безбедносни сертификати, односно процесот на реветинг, така што НАТО е заинтересиран и секогаш кога се прават одредени безбедносни проверки за лица кои што треба да имаат пристап до класифицирани информации на НАТО, НАТО е вклучен во процесот на безбедносни проверки со одредени свои сознанија за лицата. Значи безбедносните служби ги прават проверките, меѓутоа по консултациите со НАТО, размената на сознанија, потврдата или отфрлањето на одредени сознанија, се доаѓа до конечниот резултат дали на одредено лице ќе му се издаде или не безбедносен сертификат.

Ако некој не добил ваков НАТО сертификат не значи дека е непријател на државата, објаснува Славески туку дека постои безбедносен ризик, можеби поради неговото опкружување или минато, што не значи дека против него ќе се води некаква постапка. Но понатаму одбиеното лице има право на жалба.

Поранешниот министер за внатрешни Павле Трајанов вели дека кај нас клучна улога во проверките има Агенцијата за национална безбедност, која доколку дојде до нови сознанија за лице кое не го поминало тестот, ќе продолжи со истражување.

Нема основа за понатамошна постапка освен ако преку проверките не се дојде до нови сознанија кои што го прават безбедносно интересно лице и натаму треба да се продолжи со собирање на податоци за него. Тоа би било во случај да не знаат службите а некој да сака да биде, бидејќи странските терористички организации или Ал Каеда на пример имаат за цел да уфрлат луѓе во безбедносните структури, и ако има таков а го откријат службите преку безбедносните проверки, тогаш процедурата на негово следење и обработка ќе продолжи.

Проверката за пристап до највисокиот степен на тајност “топ сикрет” за носителите на клучните позиции, претседателот, премиерот, министерката за одбрана, началникот на Генералштабот е завршен..

Кембриџ :Само една доза на вакцината од Фајзер го намалува ширењето на короната

Само вакцинацијата со една доза на вакцината на Pfizer ја намалува веројатноста за пренесување на вирусот за 75 проценти, покажала новата студија.

Студијата е спроведена на 9000 луѓе меѓу здравствени работници во Кембриџ, Велика Британија. Тестовите за присуство на вирусот кај лица вакцинирани со единечна доза на Pfizer 12 дена по вакцинирањето покажале дека процентот на лица заразени со вирусот САРС-CoV-2, но без симптоми, е за 75 проценти помал. Бројот на заразени со симптоми се намалил за сличен процент.

Ова откритие е важно затоа што покажува дека вакцинацијата значително го намалува преносот на вирусот.

Од претходните истражувања било јасно дека Pfizer е многу ефикасен во намалувањето на симптоматските инфекции, но досега не било познато дали вакцинираните лица можат да станат асимптоматски и да продолжат да ја пренесуваат инфекцијата.

„Ова ќе значи дека со зголемување на вакцинацијата, пренесувањето на вирусот кај луѓето значително ќе се намали, што е одлична вест“, изјави за Гардијан водачот на студијата Мајк Викес од Универзитетот во Кембриџ.

Стоилковски: „Можеле да сокријат“ значи само едно - сокриваат многу

Нема ден да нема нов скандал и ново забегување во самобендисните изјави на државниот политички врв, рече Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Министер за одбрана, втор чин во партијата на власт вели:

„Можеше ова да не го кажеме, за да добиваме помалку прашања“ - Радмила Шекеринска порача дека можеле да сокријат дека е вратен капарот за кинеските вакцини!

Внимавајте „можеле да сокријат“- значи само едно - дека сокриваат колку им душа сака!

На пример: сокриваат за случајот со Рашковски тежок осум милиони евра. Нели е сокривање снимен разговор, самиот потврди дека тој зборува, чиста корупција, нема ништо од некаков процес - јавноста не смее да зборува - затоа што ако зборува може да заврши како тројца новинари кои што беа повикани во полиција затоа што ја објавиле аферата?

Сокриваат ли за случајот „ШИК Јелак“ во Тетово - огромен скандал кој што открива можна поврзаност на владата, директно на премиерот, со балкански бизнисмен, поранешен припадник на југословенските служби, а сега го врзуваат со Москва, за пари давани на црно за финансирање на избори, имот, бензински пумпи и што се не, во замена за огромен градежен плац во Тетово? Да потсетам Заев призна дека дал насока СДСМ во Тетово на Советот да гласа за тој контроверзен ДУП!

Дали по принципот на Шекеринска сокриваат кој и што стои зад исчезнувањето на Сашо Мијалков, на пример, што предизвика скандалозни брканици, прес конференции, меѓусебни обвинувања на линија министер за внатрешни – суд - обвинителство? Сокриена ли е вистината за неговото изненадно појавување пред медиуми како слободно шета во Скопје иако има потерница и најавена е меѓународна потерница по него?

Сокриена ли е вистината и за причината зошто и четири месеци по најавата, нема вакцини и Македонија е црна дупка во светот, заради наводни грешки во документи, и со „Фајзер“, а сега и со Кина?

Сокриена ли е вистината за политичкиот договор за пописот? Сокриена ли е вистината за бројот на невработени, за затворени погони, за хаосот во образованието, за изборните манипулации, за поткупи, за висината на меѓународното задолжување, за криминалот и корупцијата заради која што Македонија тоне на сите релевантни мерења и полека полека од хибриден преоѓа во власт на диктатура?

Можеле да сокријат, за да добиеле помалку прашања - порача вториот чин во СДСМ! Прашањата се тука и Шекеринска и Заев и Филипче и Николовски и Спасовски ги знаат одговорите - само што се уште ги сокриваат. Но доаѓа ден, за брзо се ќе се дознае!


Џоди Фостер ја бакна сопругата, кога дозна дека го освоила Златниот глобус (ВИДЕО)

Џоди Фостер ја бакна својата сопруга Александра Хедисон кога дозна дека го освоила Златниот глобус.

58-годишната Џоди и 51-годишната фотографка Александра на кауч, облечени во пижами, го следеле доделувањето на Златните глобуси. Тие не ја криеја радоста кога Џоди беше прогласена за добитничка на наградата за споредна улога во драмата Мавританец.

„Ја сакам мојата сопруга, ти благодарам, Алекс“, рече Џоди, која на светот му објави дека е хомосексуалка уште на Златните глобуси во 2013 година.

Меѓу нив на каучот било и нивното куче Зиги, а објавата на наградата Џоди ја добила од нејзината пријателка, актерката Џејми Ли Кертис.

Џоди и Александра се венчале во април 2014 година, откако биле една година во врска.

притисни ентер