Кисела Вода повторно субвенционира набавка на пелети и огревно дрво за домаќинствата - Канал 5

Кисела Вода повторно субвенционира набавка на пелети и огревно дрво за домаќинствата

Кисела Вода и годинава субвенционира набавка на пелети и огревно дрво за домаќинствата.

Кисела Вода повторно субвенционира набавка на пелети и огревно дрво за домаќинствата

Денес на општинската веб страница е објавен јавен повик за двата типа на поддршка кои на жителите од овој дел на градот треба финансиски да им помогне во подмирувањето на сметките за загревање на домот.

Согласно наведените критериуми, субвенционирањето за кофинансирање за набавка на пелети за домаќинствата на територија на Општина Кисела Вода, ќе биде во износ од 50% од вредноста, но не повеќe од 10.000,00 денари со вклучен персонален данок на доход. Притоа, потребно е да се достави доказ дека е извршено купувањето на пелетите, од 01.01.2024 година до завршување на јавниот повик, со приложување на фискална сметка или фактура и извод од деловна банка за извршена уплата во оригинална форма. Јавниот повик ќе трае до исцрпување на предвидените средства за оваа намена во Буџетот на Општина Кисела Вода, а најдоцна до 31.10.2024 година. Подетални информации околу субвенциите за набавка на пелети, заинтересираните можат да добијат на следната мејл адреса : [email protected].

Во однос на поддршката за набавка на огревно дрво, Општина Кисела Вода ќе субвенционира по 500 денари (со вклучен персонален данок) за секој купен метар кубен (1 m³) дрва за огрев, но до максимална вкупна количина до 10 кубни метри (10 m³) дрва или по 350 денари (со вклучен персонален данок) за секој купен метар просторен (1 метар просторен) дрва за огрев, но до максимална вкупна количина до 14 метри просторни (14 метри просторни) дрва за огрев за жителите на општина Кисела Вода. Право на учество за користење на субвенции на дел од трошоците на граѓаните на територија на Општина Кисела Вода за купување на дрва за огрев ќе имаат граѓаните кои купиле дрва за огрев од 01 април 2024 година и се до денот на објавување на Јавниот повик. И за оваа субвенција потребен ќе биде доказ кој ќе биде доставен во форма на потврда ,испратница или останат документ (фотокопија) кој го потврдува купувањето/добивањето на дрвата за огрев за веродостоен ќе биде со датум од 01 aприл 2024 година и тој ќе се поднесува заедно со потребната документација во затворен плик преку Архивата на општина Кисела Вода до Комисијата за спроведување на постапката. Подетални информации околу субвенциите за набавка на дрво за огрев, заинтересираните можат да добијат на телефонскиот број 02/2785-427.

И за двата повика, селекцијата ќе се врши по принципот на прв дојден-прв услужен. Целата потребна документација за аплицирање и сите дополнителни информации се достапни на веб страната на Општина Кисела Вода на следниот линк:

https://opstinakiselavoda.gov.mk/wp-content/uploads/2024/09/Peleti2024.pdf

https://opstinakiselavoda.gov.mk/wp-content/uploads/2024/09/Drva2024.pdf

Фото: Атрактивна актерка и модел со гола фотка го прослави влегувањето во седмата деценија!

Британската актерка и модел Елизабет Харли на специфичен начин одлучи да го прослави својот 60 роденден и влегувањето во седмата деценија од животот.

Фото: Атрактивна актерка и модел со гола фотка го прослави влегувањето во седмата деценија!

Популарната Лиз сподели фотографија на својот Инстаграм профил на која позира целосно гола, славејќи го не само својот роденден, туку и бројни животни достигнувања и нова љубов со музичарот Били Реј Сајрус.

Познатата британска актерка Елизабет Харли одлучи да го прослави својот 60-ти роденден со стил, објавувајќи провокативна фотографија која ги остави нејзините обожаватели без здив.

Таа сподели уметничка фотографија на Инстаграм на која позира целосно гола на ливада, носејќи само дискретен ѓердан. Со рацете стратешки завиткани околу колената и широка насмевка на лицето, Харли ја покажа својата завидна фигура, а со објавата хумористично напиша:

- Фотографијата е направена денес попладне... во мојата роденденска облека - се пошегува таа.

Атрактивната актерка и модел инаку никогаш немала проблем да објави свои фотографии во бикини. Најверојатно бидејќи знае дека има става на која и завидуваат и тројно помладите девојки.

Видео:Доминација на Мерцедес во Монтреал

Возачот на Мерцедес, Џорџ Расел, е победник на трката за Големата награда на Канада,од Формула 1 првенството која вечерва се одржа во Монтреал.За Британецот од тимот на Мерцедес ова е прв триумф сезонава во Ф1.

Видео:Доминација на Мерцедес во Монтреал

На подиумот по Гран прито во Монтреал се искачија и актуелниот светски шампион, возачот на Ред Бул, Макс Верстапен и големото изнадување, клупскиот колега на победникот Расел, вториот пилот на Мерцедес, Кими Антонели.Ова е пвиот подиум во кариерата за Антонели.

Лидерот во Генералниот пласман, возачот на Мекларен , Оскар Пјастри стигна до четвртатата позиција со што ја зголеми својата предност на врвот на листата на возачи.

Трагичар на трката во Канада е возачот на Мекларен,Ландо Норис. При крајот на трката, тој во директен дуел со клупскиот другар Оскар Пјастри, погреши и се удри во ѕидот и заврши без поени.

Лидер во светскиот шампионат во Формила 1 е Оскар Пјастри со 198 бода, 22 повеќе од клупскиот другар Норис. Верстапен од Ред Бул е трет со 155 бода, а зад него е победникот на Голмата награда на Канада,, Расел, со 136 бода.

Фото: Старлетата Деми Роуз повторно провоцира

Провокативната инфлуенсерка и старлета Деми Роуз со провокативни фотки по подолг период се појави на социјалните мрежи.

Фото: Старлетата Деми Роуз повторно провоцира

Познатата ѕвезда на социјалните медиуми Деми Роуз со месеци не објавуваше ништо на Инстаграм и „отстранила“ од следење бројни контакти.

Обожавателите на Инстаграм на секој начин сакала да ја контактираат, дури ѝ оставале загржувачки пораки но Деми останала недостапна.

Сега британските медиуми пишуваат дека бујната Роуз сепак била активна но на друга социјална платформа, на уште еден популарен канал само за претплатници и на Снепчет.

Провокативната Деми сега ги изненадила фановите со неколку секси Инста строиња. На кои како и секогаш на радост на фановите во преден план се нејзините природни бујни облини во секси минијатурни бикини.

притисни ентер