Кисела Вода изгради нов паркинг и реконструираше сообраќајници

Кисела Вода изгради нов паркинг и реконструираше сообраќајници во близина на ООУ “Кирил Пејчиновиќ”.

Завршени се градежните активности за изградба на паркинг простор во близина на ООУ “Кирил Пејчиновиќ”. Во изминатите две седмици активно се работеше на асфалтирање на површина од окоу 500 квадратни метри, додека на претходно постоечкиот паркинг, се извршија реконструктивни зафати со што го обновивме просторот за паркирање на површина од околу 1600 квадрати. Се рабoти за простор на улицата “Народни Херои”, кој е во непосредна близина на основно училиште, што уште повеќе ја потенцира потребата од паркинг. Дополнително, денес се асфалтира и крак на улицата “Пушкинова”.

-Заокружуваме уште еден поголем проект од сферата на патната инфраструктура кој на жителите од населбата 11 Октомври Згради им обезбедува покомфорен сообраќај и дополнителен простор за паркирање. Со асфалт и павер елементи уредивме 1800 квадрати површина на улиците “Народни Херои” и “Пушкинова”, сообрaќајници кои се во непосредна близина на ООУ “Кирил Пејчиновиќ”. Денешниот настан е уште една потврда дека заложбите за надминување на сообраќајните предизвици со кои се борат сите урбани заедници и понатаму остануваат да бидат високо на истата од моите приоритети на делување како градоначалник. Со новите 40-тина паркинг места кои ги отвораме денес, бројот на новоизградени паркиралишта за само две години се искачи на 1320. Бројка што е повисока за 320 места од ветените 1000 во мојата предизборна програма-изјави градоначалникот Ѓорѓиевски.

Министерот Минчев со честитка по повод Богојавление – Водици

Во мое лично име и во име на Министерството за јавна администрација, дозволете ми да Ви го честитам големиот христијански празник Богојавление – Водици.

Овој празник нè потсетува на значењето на верата, единството и љубовта меѓу луѓето.

Нека Богојавление донесе мир, здравје и благосостојба во Вашите домови.

Нека овој ден биде поттик за заедништво и зацврстување на врските во нашите заедници.

Со најискрени желби за радост и благосостојба,

Горан Минчев

Министер за јавна администрација

Украина собори 43 руски дронови во девет нејзини региони, соопшти военото воздухопловство

Украинската воздушна одбрана собори 43 од вкупно 61 дрон лансирани од Русија за време на синоќешните напади насочени кон девет региони на Украина, соопшти украинското воздухопловство.

Воздухопловните сили известија дека 15 беспилотни летала се „изгубени“. Властите засега не пријавиле значителна штета или жртви.

Притвор за скопјанец поради недозволено држење оружје

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 47-годишен скопјанец за кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи.

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 47-годишен скопјанец за кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи според член 396 став 3 од Кривичниот законик.

На 18 јануари полициски службеници извршиле претрес во дом и други простории на лицето, на улица “Македонско-косовска ударна бригада” во Скопје, при што пронашле една пушка марка “Црвена застава”, една ловна пушка, муниција – куршуми и патрони, како и делови и компоненти од огнено оружје.

Ценејќи дека лицето нема да може да биде обезбедено во текот на постапката со друга поблага мерка, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор, соопштуваат од Обвинителството.

притисни ентер