Кино на отворено и фудбалски турнир викендов во Ѓорче Петров

Нотите на чалгиската музика вчеравечер беа во центарот на збиднувањата во Ѓорче Петров.

Чалгискиот концерт кој се одржа во паркот на популарното „Корзо“, остави само позитивни емоции и посебни моменти за присутните.

„Ај засвирете ми чалгии“ и „По друм одам мајче“ беа само дел од безвременските хитови во изведба на групата „Чалгии“ .

Истовремено со музичкиот настан, граѓаните имаа можност да ја погледнат изложбата на "ЗГ Порака Неготино – Неготино“ насловена "Сите сме исти". Изложен беше рециклиран отпад кој одлично го искористиле во добри цели со јасна порака - лицата со хендикеп може да бидат активни чинители во подигнување на јавната свет за зачувување на животната средина преку еко -активности.

Со оро и чалгии, успешна изложба, убава храна и позитивни впечатоци, заврши уште еден културно-забавен настан по повод Денови на Општина Ѓорче Петров кои ќе траат до 20 септември и ќе завршат на истиот ден со централна манифестација.

Викендот ќе биде резервиран за филмскиот караван „Кино на отворено“. Вечерва, доколку дозволат временските услови, на мултифункционалното игралиште во Даме Груев ќе биде прикажан првиот македонски игран филм за деца „Стела“ од 19.30 часот.

Во сабота од 19.30 часот, продолжуваме со уште една кино проекција на отворено на игралишето на ул.„Социјалистичка зора“ со прикажување на филмот „Ах љубов моја“.

Денот на независноста на Република Македонија, односно 8 септември, ќе биде одбележан во знакот на спортските манифестации. Во недела од 19 часот ќе започне турнирот во мал фудбал на мултифункционалното игралиште во Даме Груев.

Батериите наскоро ќе бидат дел од каросеријата, електричните автомобили ќе бидат полесни

Според пресметките на истражувачите, досегот на електричниот автомобил може да се зголеми до 70 отсто со едно полнење.

По правило, батериите во автомобилите доаѓаат во специјални пакувања, кои генерално се ставаат во подот на електричните автомобили. Затоа се посебно засилени, а со нив се зголемува и тежината на возилото.

Но, сега развојот се повеќе се движи во насока батеријата да стане составен дел од каросеријата на автомобилот.

Научниците од Универзитетот за технологија Чалмерс (Шведска) ја развија оваа идеја и ги поставија темелите за понатамошни истражувања.

„Успеавме да направиме композитна батерија од јаглеродни влакна која е силна како алуминиум и доволно густа за комерцијална употреба. Исто како и човечкиот скелет, батеријата има неколку функции во исто време“, вели научникот Рича Чаудари.

Тим од овој универзитет го разви она што го нарекува „безмасовно складирање енергија“. Тие развија концепт на батерија што се базира на композитен материјал и има јаглеродни влакна како позитивни и негативни електроди, каде што позитивната електрода е обложена со литиум-железо-фосфат.

Резултатот е структурна батерија која може да складира енергија и позитивно влијае на силата на телото.

Ова значи дека дури и производите на батерии кои вклучуваат сè, од мобилни телефони, лаптопи, рачни алатки до електрични автомобили можат да бидат полесни.

Според пресметките на истражувачите, опсегот на електричниот автомобил може да се зголеми до 70 проценти со едно полнење, зголемувајќи го капацитетот на батеријата и подобра ефикасност преку помала маса.

Истражувачите сè уште имаат време да ја усовршат технологијата пред да се комерцијализира, но јасно е дека технологијата би можела да има иднина во електричните автомобили и, на пример, во електричните авиони.

Во потрошувачката електроника, во мобилните телефони и лаптопите, се предвидуваат тенки батерии, како кредитна картичка, кои ќе ја преполоват масата на батериите.

Сепак, не е се така идеално. Научниците мора да ја зголемат густината на енергијата на батеријата пред да може да се користи.

Во моментов е постигната густина на енергија од 30 Wh/kg, што е многу помалку од денешните модерни батерии. Но, масовното намалување има свои придобивки...

Извор: Б92

Храмот на Посејдон во близина на Атина доби ново осветлување по 20 години

- Отсега натаму, ќе можеме да се восхитуваме на величината на локалитетот од секој агол, без разлика дали го гледаме од море или од копно, рече Мицотакис.

Новото, обновено осветлување на храмот на Посејдон, што се наоѓа во Сунио, во близина на Атина, доцна синоќа беше свечено презентирано во присуство на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, претседателот на Парламентот Константинос Тасулас и министерката за култура Лина Мендони, јави дописничката на МИА од Атина.

Претходното осветлување беше од 2004 година, а од синоќа, храмот стар околу 2.500 години на ’ртот Сунио, што е и една од главните туристички атракции во Атина, доби ново светло, за кое Мицотакис рече дека е „модерен систем за осветлување, кој буквално ќе му овозможи да блесне уште посилно“.

- Отсега натаму, ќе можеме да се восхитуваме на величината на локалитетот од секој агол, без разлика дали го гледаме од море или од копно, рече Мицотакис.

Тој додаде дека храмот на Посејдон, „сега кога е осветлен од зраците на 21 век, изјавува дека Грците можат да постигнат многу, со умереност, со самодоверба, со смелост“. /МИА

ВИВА со гордост ја претставува новата категорија на производи – Viva la Cucina!

Компанијата ВИВА, позната по својот врвен квалитет и иновации во индустријата за пијалаци во изминатите 30 години, го проширува своето портфолио со нова категорија на производи „Viva la Cucina“, која вклучува повеќе типови кечапи и доматни сосови

Новите производи од „Viva la Cucina“ претставуваат комбинација од премиум квалитет и практичност, задржувајќи ги богатите традиционални вкусови и значително олеснувајќи го секојдневното готвење и подготовката на зимници. Категоријата „Viva la Cucina“ е создадена со идеја да одговори на предизвиците на современото динамично секојдневие, кога времето е ограничен ресурс, а обврските се бројни.

Сите производи од оваа категорија се направени од најсочните и внимателно одбрани македонски домати, со цел да донесат автентичен вкус и кулинарска иновација во секоја кујна. „Viva la Cucina“ вклучува пет извонредни вкусови: благ и лут кечап, како и благ (класик), лут (чили) и медитерано (со зачини) доматен сос.

Петте типа на кечапи и доматни сосови се спакувани во практични флексибилни амбалажи со капаче, кои овозможуваат брза и лесна употреба, максимална искористеност и зачувување на вкусот и квалитетот.

„Нашата мисија е да создадеме производи кои не само што внесуваат свежина и иновација во секојдневното готвење, туку и будат задоволство преку вистинските, автентични вкусови на нашето поднебје. „Viva la Cucina“ е резултат на нашата целосна посветеност кон врвниот квалитет и страста со која создаваме нешто посебно за секое семејство, за секоја трпеза,“ велат од менаџментот на ВИВА.

Новата производствена линија е достапна во продажба од почетокот на оваа година, а за првпат беше претставена на годинешниот настап на ВИВА на светскиот саем за храна и пијалаци „Gulfood“, кој се одржа во Дубаи.

Во своето 30-годишно постоење, ВИВА континуирано инвестира во развој на своето портфолио, нудејќи квалитетни, практични и иновативни производи на пазарот. Доматните сосови и кечапите се веќе втора категорија со која ВИВА го проширува своето портфолио оваа година, по успешното лансирање на петте различни вкусови на „Viva Smoothie“.

притисни ентер