Кинески авиони и бродови изведуваат симулиран напад врз Тајван

Продолжуваат тензиите околу Тајван по посетата на спикерката на американскиот претставнички дом Ненси Пелоси. 

Властите во Тајпеи обвинија дека кинески авиони и бродови денеска спровеле симулација за напад врз островот, ова доаѓа ден откако кинеската армија истрела балистички ракети во правец на Тајван. Официјален Пекинг во меѓувреме донесе одлука да ја прекине соработката со САД во повеќе клучни области – чекор кој американскиот државен секретар Ентони Блинкен го оцени како неодговорен.

-Посетата на спикерката беше мирна. Нема оправдување за овој екстремен, непропорционален и со ескалација воен одговор. / САД и пренесе на НР Кина конзистентно и во повеќе наврати дека не бараме и нема да провоцираме криза. Претседателката Цај го кажа истото. Кина одбра прекумерено да реагира и да ја искористи посетата на спикерката Пелоси како повод за да ја зголеми провокативната воена активност во и околу Тајванскиот теснец. - Ентони Блинкен – Државен секретар на САД .

Кинеските власти пак тврдат дека мерките кои се преземени биле соодветни, а воените вежби биле отворени, транспарентни и професионално спроведени. Шефот на кинеската дипломатија додаде и дека посетата на Пелоси ги инспирирала како што кажа, 1,4 милијарда кинези во намерата за обединување на татковината.

-Кина го штити својот суверенитет и територијален интегритет, како и основните норми кои владеат во меѓународните односи. Исто така ги штити и заедничките интереси на многу држави. Не мешањето во внатрешните работи на некоја држава е најклучниот принцип за одржување на мир и стабилност во светот. - Ванг Ји – Министер за надворешни работи на Кина .

Официјален Пекинг вчера соопшти дека ја прекинува соработката со Вашингтон во неколку области, како борбата против криминалот, трговија со дрога, миграција и глобалното затоплување. Потег кој го поттикна генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш да изјави дека невозможно е горливите проблеми на глобално ниво да се решаваат без ефикасен дијалог меѓу Кина и САД.

Сончево со умерена облачност, претпладне магла по котлините

 Времето претпладне по одделни котлини ќе биде магловито, а преку ден сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 3, а максималната ќе достигне од 8 до 16 степени.

Во Скопје, претпладне ќе има магла, преку ден ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 12 степени.

Според прогнозата на УХМР, наредните денови продолжува периодот на стабилно и релативно топло време, особено на повисоките места и на планините, поради што висината на снежната покривка и понатаму ќе се намалува. По котлините ќе биде магливо и постудено. Локални врнежи од дожд се очекуваат во среда.

Сообраќајот се одвива во зимски услови,по наместа влажни коловози, магла на повеќе патни правци

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. 

Намалена видливост поради појава на магла од 50 - 100м. има на патните правци Штип – Неготино, Неготино – Д. Капија – Удово, Велес – Скопје, Скопје – Велес, Скопје – Куманово, Куманово – Скопје и клучка Хиподром – Обиколница Скопје, до 100м. на патните правци Куманово – Страцин, Делчево – М. Каменица и Велес – Штип и од 20 – 50м. на патниот правец Скопје – Тетово.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Потсетување до возачите дека од 15.11.2024 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2025 година.

Дневен хороскоп за 25. јануари 2025 година

Дневен хороскоп за сабота, 25. јануари 2025 година. 

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Пред вас е одличен ден за секој вид дружење и забава. Посебно ќе бидат расположени младите или оние кои така се чувствуваат.

Кариера

Ви се чини дека е потребно само малку за вашите таленти да излезат на површина и да светнат.

Здравје и совет

Одете таму каде што ви е убаво.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Имате право да прашате и она што не е вообичаено. Довербата во вашиот однос е толкав , што може да си дозволите секакви прашања.

Кариера

Можеби ќе ве пофалат , но во најлош случај вашите идеи ќе бидат прифатени и сфатени сериозно.

Здравје и совет

Одете во природа.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Многумина и денеска убаво ќе се забавуваати ќе откриваат пат до нечие срце . Ќе им оди од рака речиси се што ќе посакаат.

Кариера

Денеска би можеле да ги забавувате колегите . Со задоволство ќе почнувате смешни разговори со добро расположение и дружба.

Здравје и совет

Засадете некое растение.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Ќе продолжите со интензивното поврзување со луѓето , па има голема шанса за запознавање нова личност.

Кариера

Постојаното качување по скалилата на успехот речиси ве изморило . Имате потреба од опуштање , па ќе ја подзаборавите работата и обврските.

Здравје и совет

Подобро оптимист , отколку песимист.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Развојот на еден однос постојано ќе ве интригира . Станува збор за личност од работа , со која се почесто си разменувате пораки и знаци.

Кариера

Многумина денеска ќе ги анализираат своите резултати , уако не е потребно . Се е во најдобар ред.

Здравје и совет

Бидете поконкретни.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Веќе сфативте дека не треба да форсирате , па таа формула ќе ја искористите и на својата врска. Така ќе ја подобрите.

Кариера

Осмислете подобар план за соработка со другите. Знаете да се изразите , но користете повеќе тактичност.

Здравје и совет

Некои ќе запливаат.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Препуштете им на лицата во кои имате доверба да ве упатат каде што треба. Тие ќе знаат подобро од вас.

Кариера

Кога ќе помислите на деловните планови , веднаш ве заболува главата , зашто има малку работи што останале да се изконтролираат.

Здравје и совет

Бидете трпеливи.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Ќе балансирате меѓу своите желби и реалните можности. Ништо нема да се прави на сила , туку само со трпение.

Кариера

Со олеснување ќе ги прифатите извештаите за напредок , од кој и вие сте дел. Тоа ќе биде дополнителен поттик.

Здравје и совет

Издржете.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Вашата љубовна приказна ќе продолжи да се развива , на ваша радост. Затоа дотерајте се и излезете во друштво.

Кариера

Времето работи за вас , а вие му се препуштате со полна доверба Чувствувате дека вашите пет минути допрва доаѓаат.

Здравје и совет

Сакајте ги луѓето.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Еден член на вешето пошироко семејство денеска од вас ќе бара повеќе внимание и ангажман.

Кариера

Ќе бидете занесени и ќе мислите дека секој проблем ќе го решите со леснотија. Во добар дел имате право.

Здравје и совет

Наспијте се .

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Веројатно денеска ќе блескате и ќе зрачите со чувства. Многумина без резервно ќе си ја отворат душата.

Кариера

Денеска ќе се позанимавате со можноста за вложување во работата што моментално ја работите. Ќе барате спонзори.

Здравје и совет

Не морате постојано да војувате.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Саканата личност денеска би можела да се жали и да приговара со тага. Ќе и попуштате и ќе ии дадете утеха и таму каде што не треба.

Кариера

Ќе одите на опцијата што ви дава најголем простор, но и уживање во работата.

Здравје и совет

Ќе уживате во убавниот ден.

притисни ентер