Кинеската компанија „ПетроКина“ закупи терминал за течен плин во Ротердам

Кинеската компанија за трговија со нафта и гас „ ПетроКина Интерационал“ (PetroChina International) денеска соопшти дека на 20 години изнајмила терминал за течен гас во пристаништето во Ротердам.

Капацитетот на терминалот е две милијарди кубни метри, а кинеската компанија на јавен тендер обезбеди 20-годишна концесија.

„ПетроКина“ очекува терминалот да почне со работа во 2026 година, се наведува во соопштението на социјалната мрежа ВиЧет (Wechat).

Тоа е прв договор на оваа компанија за долгорочен закуп на терминал за течен гас (LNG) во Европа.

„ПетроКина Интернационал“ е филијала на кинеската државна компанија за нафта и гас CNPC и најголем увозник на гас во Кина.

Мицкоски за кадровските решенија во владата од коалицијата „Твоја Македонија“

Изјава на мандатарот за состав на влада и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за кадровските решенија во новата влада од коалицијата „Твоја Македонија“, што вечерва беа потврдени од Извршниот и Централниот комитет на партијата. 

Гордон Ремзи имал тешка сообраќајна несреќа со велосипед,ги покажа модринките

Светски познатиот готвач Гордон Ремзи објави видео на Инстаграм во кое откри, како што самиот вели, „лоша несреќа“ додека возел велосипед во Конектикат.

Во видеото, Ремзи се „пофали“ со своите модринки добиени во велосипедската несреќа.

„Доаѓа Денот на татковците и имам важна порака за сите татковци... Носете кацига! рече тој, додавајќи дека се чувствува добро и дека не се здобил со сериозни повреди, но дека телото му е покриено со модринки, поради што изгледа „како виолетов компир“. На крајот им се заблагодари на персоналот во болницата каде што престојува, но и рече дека е среќен што носел кацига.

„Да не носев кацига, искрено немаше да бидам овде во моментов“, порача Ремзи.

Мицкоски ги соопшти имињата на министрите на ВМРО-ДПМНЕ во новата влада

ВМРО ДПМНЕ вечерва ги потврди кадровските решенија во идната влада.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и мандатар за состав на идната влада Христијан Мицкоски вечерва по седниците на Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги соопшти имињата на министрите во новата влада..

притисни ентер