Кинеска компанија доби 66 милиони евра за развој на вакцината против коронавирусот

Кинеската компанија Clover Biopharmaceuticals Inc  доби 66 милиони долари од Коалицијата за иновативна епидемиска подготвеност (ЦЕПИ), која е составена и финансирана од влади и филантропски здруженија.

Во април, ЦЕПИ и даде на кинеската компанија почетни 3,5 милиони американски долари, по најавеното партнерство меѓу двете страни.

ЦЕПИ е основана во Осло во 2017 година како одговор на нови епидемии. Организацијата е поддржана од 14 влади и разни фондации, како што се Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс или британскиот Wellcome Trust..

ЦЕПИ, исто така, инвестира големи суми пари и во други фармацевтски компании кои работат на вакцината потив „ковид-19“, вклучувајќи ги и Inovio Pharmaceuticals Inc, Modernu Inc и Novavax Inc..

Оружарката од филмот „Rust" осудена за убиството на Халин Хачинс

Оружарката од филмот во кој глуми и актерот Алек Болдвин,  „Rust"  Хана Гутиерез-Рид е осудена на 18 месеци затвор за смртта на Халин Хачинс. 

Инаку, Хана беше прогласена за виновна за убиство од небрежност во март, а казната што и е изречена денеска е најтешката казна досега во правниот спор околу смртта на Хачинс, односно трагедијата на сетот на филмот „Rust". Случајот се уште е далеку од завршен, пишува The Guardian.

Судењето на Алек Болдвин, кој беше копродуцент на филмот покрај главната улога, е закажано за 10 јули, откако големата порота го прогласи за виновен за убиство од небрежност.

Шолц: Не сите студенти во Германија пушат канабис

Германскиот канцелар Олаф Шолц вчера разговараше со кинеските студенти на Универзитетот Тонги во Шангај, притоа уверувајќи ги дека не треба да консумираат канабис доколку студираат во Германија.

Германскиот канцелар Олаф Шолц вчера разговараше со кинеските студенти на Универзитетот Тонги во Шангај, притоа уверувајќи ги дека не треба да консумираат канабис доколку студираат во Германија и оти таа супстанција е легализирана со надеж дека потрошувачката ќе се намали.

Oд 1 април oвaa година, на лицата со над 18 години во Германија им е дозволено да поседуваат и носат 25 грама канабис за консумирање. Уште повеќе, љубителите на хашиш сега можат да одгледуваат три растенија канабис во своите домови и да складираат до 50 грама сушен канабис.

На прашање на студент - дали тој ќе мора да пуши канабис ако одлучи да студира во Германија, Шолц одговори дека не сите студенти во Германија земаат полесни опојни дроги.

- Ние не сакаме повеќе луѓе да користат канабис, туку сакаме помалку луѓе да го прават тоа. Сакаме повеќе јавна едукација за тоа. Одговорот е едноставен: Не пушете. Јас оваа година ќе полнам 66 години и никогаш не сум пушел канабис, изјави Шолц.

Канцеларот е во официјална посета на Кина, каде што денеска во Пекинг ќе има средби со раководството на земјата. Според податоците на германското Министерство за здравство, во 2022 година, околу четири милиони луѓе во Германија конзумирале канабис.

Фото: Моника Белучи вистински ужива во кафеана на село

Една од најубавите жени во светот, актерката Моника Белучи, е снимена деновиве во Калката, античко средновековно село во Италија, изградено на карпите над кањонот.

Станува збор за село на само 50-ина километри од Рим, а токму таму Моника заминала на ручек во ресторанот „Terrazza sul Treja“, каде уживала во различни деликатеси со својот партнер, британскиот режисер Тим Бартон.

Двојката веќе некое време е во врска и не ја кријат љубовта. За време на ручекот Моника и Тим на воодушевување на останатите гости без проблем си разменувале бакнежи.

Во Бартон, по разводот, Моника конечно најде маж со кој сака да остари.

притисни ентер