Кина со најголем број новозаразени во последните два месеца

Кина објави 57 нови потврдени случаи на ковид-19 за 13 јуни, што е највисок број  за последните два месеци.

Националната здравствена комисија во изјавата соопшти дека 38 нови потврдени случаи се пренесени локално и дека 36 од нив биле во Пекинг. Ова е најголем број на дневни случаи на коронавирус во кинескиот главен град откако властите започнаа со објавување на податоците.

Пекинг забележа скок во ново потврдените случаи во последните шест дена, откако започна масовното тестирање на пазарот „Ксинфади“ во југозападниот градски округ Фенгтаи.

Областа силно ги засили безбедносните мерки, а главниот град вчера го забрани туризмот и спортските настани од страв од нов бран на ковид-19.

Деветнаесет нови потврдени случаи биле т.н. увезени случаи меѓу кои имало странски патници, а освен тоа, Кина пријавила девет асимптоматски случаи.

Вкупниот број на заболени од ковид-19 во Кина сега е 83.132, додека бројот на починати остана непроменет на 4.634. Кина не ги брои асимптоматски пациенти кои се заразени со вирусот, но не покажуваат никакви симптоми.

Во Узбекистан е произведена првата серија на руската вакцина Спутник

Првите серии на руската вакцина Спутник В против коронавирус се произведени во погоните на лабораторијата Јурабек во Узбекистан, се наведува во соопштението на Рускиот фонд за директни инвестиции (РДИФ).

Вакцината произведена во Узбекистан ќе се користи во националната програма за вакцинација, се наведува понатаму во соопштението, објави ТАСС.

Спутник V е сертифициран во земјата во февруари 2021 година.

RDIF организирал трансфер на технологија за производство на вакцините во Узбекистан.

Серијата за валидација биле испратени до центарот на Гамалеја за контрола на квалитетот, наведува Фондот и додава дека комерцијалната продукција на Спутник V е предмет на успешна контрола на квалитетот на сериите за валидација.

До денес, вакцината Спутник В е регистрирана во 69 земји низ светот со вкупно население од над 3,7 милијарди луѓе.

Податоците добиени од регулаторните тела на бројни земји за време на вакцинацијата на населението, вклучувајќи ги Аргентина, Бахреин, Унгарија, Мексико, Сан Марино, ОАЕ и други, покажуваат дека Спутник V е една од најбезбедните и најефикасните вакцини против коронавирусот.

Математичарка од Кембриџ без тренер и клуб освои олимписко злато и го шокира светот (ФОТО)

Ана Кисенхофер не била глобално позната спортистка пред Олимпијадата, но влезе во историјата во Токио и освои злато во велосипедизмот, во дисциплината трки на патишта.

Нејзината животна приказна е фасцинантна, а светските медиуми пренесуваат дека тоа е едно од најголемите изненадувања во историјата на Игрите. Имено, шансите за нејзина победа кај повеќето светски обложувалници биле поголеми од 500, и според тој критериумот таа била убедливо најмалата фаворитка за подиумот.

Ваквите предвидувања можеби не се невообичаени со оглед на тоа што австриската велосипедистка пристигна на Игрите како 94 -ти на светската ранг -листа. Пред пет години, таа го освои својот прв аматерски турнир во Шпанија, на 25 -годишна возраст. Таа наскоро потпишала професионален договор со Лото Судал Дами, но во 2017 година се откажала од спортување. Две години подоцна се вратила како аматер.

Така, Кисенхофер пристигнала на Игрите без договор со професионален клуб, но и без тренер. Таа се подготвувала за натпреварот, со уште неколку аматери, далеку од идејата за каков било медал. "Порано имав тренери, а сега се правам сама. Тренирам, се грижам за исхраната и закрепнувањето. Направив план за трката. Знаев точно како да започнам, од каде ќе се обидам да ги нападнам конкурењнтите и што би јадела пред трката “, рече таа по историскиот успех.

Сцената од крајот на трката долга 137 километри е можеби најдобриот доказ за тоа колку е бизарна нејзината победа. Имено, уште четири велосипедисти влегле со неа во последната етапа од трката. Мислеле дека борбата за медали е само меѓу нив и не ни знаеле дека Кисенхофер е пред нив. Во еден момент таа имала предност од дури пет минути.

Така, Холанѓанката Анемиек ван Влејтен, втора во рангирањето, влегла во финишот славејќи со кренати раце, мислејќи дека штотуку го освоила олимпиското злато. Во реалноста, таа заостанувала минута и половина зад Австријката и морала да се задоволи со сребрениот медал.

За да ја заврши приказната за чудото, Кисенхофер е дипломирана математичарка од Кембриџ. Пред осум години, таа докторирала на Универзитетот во Барселона. Интересно, оваа година таа спровела истражување за влијанието на топлината врз човечкото тело под напор, а голем дел од јавноста верува дека поради тоа се подготвила многу подобро од конкуренцијата за тешките услови во Токио.

Кисенхофер нема да стане професионалец ниту по најголемото злато во светот на спортот. "Штом сум на целта значи дека сум подготвена и сакам да победам, но исто така сум реална. Пред Игрите ги анализирав моите шанси и би била среќна да бидам меѓу најдобрите 25. Ова сеуште е незамисливо за мене, дека го земав златниот медал. Не сакам професионална кариера, без оглед на успехот. Сакам да уживам во возењето велосипед и мислам дека ќе возам на пробно возење “, рече креаторката на најголемото чудо на Игрите.

Патем, за Австрија го освои првото злато од Летните олимписки игри во Атина во 2004 година и првото злато во велосипедизам од Игрите во 1896 година.

Најмалку четворица загинати во престрелки во американската држава Мериленд (ВИДЕО)

Најмалку четири лица се убиени, а уште две се во критична состојба по престрелките што се случија во петокот вечерта и рано утрово во округот Принц Џорџ, во американската држава Мериленд, соопштија локалните власти.

Полицијата пронашла три жени со прострелни рани во градот Хајатсвил во петокот вечерта околу 22:50 часот, објави окружната полиција на Твитер.

Едната била прогласена за мртва на местото на инцидентот, додека другата починала при приемот во болница, а третата е во критична состојба, објави Ен -Би -Си Њуз.

По помалку од еден час, полицијата повторно се огласи на Твитер, пишувајќи дека пронашле маж со прострелни рани на речиси два километри од првиот инцидент.Тој бил прогласен за мртов на лице место.

На 16 километри од таму, уште една жена и еден маж биле пронајдени во комбе утрово околу 3,25 часот, соопштиле локалните власти.Мажот бил мртов, а жената била префрлена во болница со повреди опасни по живот, откако била застрелана.

Сеуште не е познато дали пукањата се поврзани, а детективите се обидуваат да ги пронајдат осомничените и да ги откријат мотивите.

притисни ентер