Кина повторно воведе карантин во еден регион , причината е загрижувачка

Област во централна Кина е повторно ставена во карантин откако таму повторно еруптираше епидемијата на коронавирус, пренесува Блумберг.

Овој случај е загрижувачки потсетник дека Кина сè уште не го победила целосно Ковид-19, но и дека укинувањето на карантинот носи со себе сериозен ризик од нов бран епидемии.

Овој ризик може да биде поголем отколку што мислевме, затоа што голем дел од заразените лица всушност немаат симптоми, па затоа е речиси невозможно да се детектираат и изолираат навреме.

Поточно, бројот на потврдени случаи на инфекција со коронавирус во Кина значително се зголеми во последните неколку дена. Во неделата се пријавени 74 нови асимптоматски случаи, а еден ден порано 47 , објави во понеделникот Националната комисија за здравство.

Округот Jиа, каде што живеат околу 640.000 луѓе, денес издаде директива со која се уредуваат сите станбени единици да бидат затворени и сите што заминуваат или се враќаат во својот дом да покажат лични карти, да носат маски и да подлежат на мерења на температура. Повторно ќе биде ограничен и сообраќајот на автомобили.

Алармот најпрво го активирал случајот со жена која била кај лекар што ја заразил. Тој бил целосно асимптоматски, иако заразен, како што се покажало подоцна.

Тестирањето покажа на 25 март дека тројца лекари во таа болница се тестирале позитивно за Ковид-19. Тројцата вечерале заедно во ресторан на 13 март, а еден од нив претходно го посетил Вухан. Иако тој веќе две недели бил во изолација, не се знае дали ги заразил колегите и тие последователно ја ширеле инфекцијата на пациентите.

Сите тројца лекари биле ставени во карантин. Сепак, нивната инфекција е објавена само кога Кина започна со објавување информации за нови асимптоматски случаи од почетокот на минатата недела, по се повеќето гласни критики за недостиг на транспарентност во Кина.

За истражувачите од целиот свет е сè повеќе јасно дека овие „невидливи“ носители на коронавирусот имаат многу поголема улога во нејзиното ширење отколку што се сметаше порано. И повеќето земји во светот не ги тестираат луѓето, освен ако не покажат симптоми како што се треска и кашлица.

Како и да е, како што пишува Блумберг, практиката на кинеските власти е да ги бројат асимптоматските случаи во евиденцијата на заразените лица само доколку започнат да покажуваат симптоми. Ова значи дека во Кина заразените лица кои не развиваат симптоми не се додаваат на официјалниот број случаи, и покрај позитивниот тест.

Резултатот е очигледно многу помал број случаи отколку што би било случајот. И, како што пишува Морнинг пост од Хонг Конг, кон крајот на минатиот месец, дури една третина од вкупното заразено население во Кина би можело да биде асимптоматско, според доверливите информации кои ги добиле кинеските власти.

Поточно, повеќе од 43.000 луѓе во Кина биле тестирани позитивно до крајот на февруари, по што биле ставени во карантин, но не се броени во официјалната бројка од околу 80.000 случаи. Ова би значело дека вистинскиот број на потврдени случаи во Кина е околу 120.000.

Кина официјално прогласи дека заразата е под контрола откако бројот на нови случаи се спушти на нула на 19 март. Но, се зголемува загриженоста дека нов голем бран на епидемија во земјата од каде што потекнува, како за нови домашни случаи, така и за оние увезени од странство.

Покрај тоа, американската разузнавачка служба ЦИА заклучи дека еКина значително го намалува бројот на заразени и мртви, според доверливиот извештај испратен до Белата куќа кон крајот на минатиот месец, објави Блумберг.

„Комунистичката партија на Кина лажеше, лаже и ќе продолжи да лаже за коронавирусот за заштита на режимот“, рече републиканскиот сенатор Бен Сас, коментирајќи го извештајот.

ЦИА го потврди она што веќе го знаевме: Кина со месеци ја крие сериозност на вирусот “, додаде членот на Претставничкиот дом Вилијам Тимонс.

„Светот сега плаќа за нивните грешки“, истакна тој.

Ова го сугерира и сведочењето на жителите на Вухан за Радио Слободна Азија, кои велат дека според работата на крематориумите, вистинскиот број на загинати во тој милионски град можеби е 20 пати поголем.

„Никој во градот не верува во официјалните бројки. Проекцијата за 40.000 жртви е многу пореална, но владата може постепено да ги објави вистинските податоци за да им овозможи на луѓето полесно да ја прифатат реалноста“, рече еден граѓанин на Вухан.

Ајакс сака да го покани Чави за главен тренер

Раководството на Ајакс го смета тренерот на Барселона Чави како главен кандидат за тренерското место на тимот од Амстердам, објави „Sport.es“.

Холандскиот фудбалски гигант смета дека 44-годишниот шпански стручњак е способен да го врати клубот на претходното ниво и е подготвен да потпише договор со него до 2026 година.

Во јануари Чави најави дека ќе ја напушти Барселона на крајот на сезоната.

По јавно објавената одлука на Чави за заминување од Барса, тимот загуби само еден натпревар - во четвртфиналето на Лигата на шампионите против ПСЖ (1:4).

Чави за шеф на стручниот штаб на каталонскиот тим беше назначен во ноември 2021 година. /МИА

Награда во Калифорнија за најдобар долгометражен филм за „Бизнисот на задоволството“

„Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветановски ја доби наградата за најдобар долгометражен филм на „Риверсајд Филм фестивал“ во Калифорнија, САД.

Фестивалот што се одржа од 10 до 14 април, во своето 22-годишно постоење се залага за промоција на храбри филмови кои обработуваат општествени предизвици, но и говорат за смелоста на човековиот дух.

Цветановски го радува тоа што филмот по вторпат e наградeн во САД, откако минатиот месец беше прогласен за највпечатлив филм на 30. издание на „Седона интернешнал филм фестивал“ во Аризона.

- Калифорнија е центар на американската филмска индустрија, и секако дека како автор сум горд што добивме награда овде, и тоа во конкуренција со американски филмови со многу поголеми буџети. Едвај чекам да завршиме со оваа светска фестивалска турнеја и во септември да го презентираме пред нашата публика. Очекувам филмот да отвори теми за дискусија на повеќе нивоа, но пред се‘ сакам да го продолжиме трендот од последниве години, во кој на домашните гледачи им се враќа довербата и желбата да гледаат македонски филмови, вели Цветановски.

„Бизнисот на задоволството“ досега доби осум награди на филмските фестивали низ светот, од кои пет се за најдобар долгометражен филм.

Филмот ја следи приказната на новинарка, која опседната со исчезнувањето на нејзината најдобра пријателка, подготвува тајна операција со цел да разоткрие мрежа за трговија со жени. Но, како што нејзините соучесници се приближуваат до шефот, ситуацијата излегува од контрола.

Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.

Филмот е снимен со поддршка на Агенцијата за филм. /МИА

Николоски на средби во ММФ

Здравите економски политики поттикнуваат забрзување на економскиот раст.

Македонија продолжува да води здрави економски политики. Фискалната политика даде соодветен одговор во справување со кризата, а поставената цел за фискална консолидација во наредниот период преку заштеди и поголема поддршка на економијата со инвестиции е основа за забрзување на економскиот раст на среден рок. Владата останува посветена на реформите коишто се клучни за напредок и постигнување повисоки стапки на економски раст и забрзана интеграција во ЕУ. Напредокот во евроинтегративниот процес и реализацијата на новиот европски План за раст на Западен Балкан се исто така дополнителен придонес во остварување на поставените политики. Ова беше посочено на средбите на заменик-министерот за финансии Филип Николоски во Вашингтон со заменик на генералниот директор на ММФ Бо Ли, извршниот директор на ММФ Пол Хилберс, алтернативниот извршен директор Лук Дресе, како и директорот на ММФ за Европа Алфред Камер.

„РС Македонија во изминатите две години доби значајна поддршка од Меѓународниот монетарен фонд, која воедно беше и потврда за здравоста на економските политики што ги спроведува. Преку пристапот до Програмата за ликвидност и претпазливост, ги потврдивме здравите политики, а од страна на ММФ беше позитивно оценет првиот преглед за ПЛЛ што овозможи повлекување на втората транша финансиски средства од овој инструмент. Остануваме на патеката на постепена фискална консолидација, намалување на буџетскиот дефицит, зголемени средства за јавни инвестиции и поттикнување на економскиот раст и постигнување просечни стапки на раст од 5%“, рече заменик-министерот Николоски.

Тој додаде дека оваа година се очекува интензивирање на економската активност, која ќе биде поттикната од зголеменото учество на капитални расходи во Буџетот, силните инвестиции во инфраструктурни проекти, како и приватната потрошувачка, поддржана од растот на платите.

Дополнително влијание, како што додаде, покрај домашните фактори ќе има и очекувањата за нормализација на глобалното опкружување, стабилизирање на глобалните синџири на снабдување, растот на економската активност кај нашите главни трговски партнери и слично.

„Најголем придонес кон раст во 2024 година се очекува од бруто-инвестициите со планиран раст од 8,4%, главно поттикнати од интензивирањето на реализацијата на големите инфраструктурни проекти на коридорите 8 и 10, зголемена доверба кај инвеститорите, очекуваниот прилив на странски директни инвестиции, зголемениот интерес за инвестиции во обновливи извори на енергија, зголемената активност во индустриските зони и најавените нови инвестиции кои ќе придонесат за раст на извозот за 4,6%, како и приватната потрошувачка која се очекува да има реален раст од 3,1% и надворешната побарувачка темелна на подобрување на надворешното опкружување, односно раст во еврозоната и зголемување на економската активност во Германија“, истакна заменик-министерот за финансии, кој посочи и на очекувањата од реализацијата на европскиот План за раст на Западен Балкан и активностите коишто се одвиваат со забрзана динамика во овој процес и секако стабилизирање на инфлацијата.

Ваквото поповолно опкружување ќе даде основа за преориентација на владините политики од справување со криза кон остварување засилена економска активност, смета заменик-министерот, кој наведе дека поради се уште присутните ризици и предизвици, во Буџетот и во оваа година се обезбедени средства за надминување на одредени кризни состојби.

Средбите се одржаа во рамки на Пролетните средби на ММФ и Светска банка во Вашингтон, каде заменик-министерот за финансии Филип Николоски учествува заедно со гувернерката на Народната банка на Македонија Анита Ангеловска-Бежоска. Во Вашнгтон, тие ќе остварат средби и со високи претставници на Светска банка, односно со потпретседателката на Светска банка Антонела Басани, извршниот директор на Светска банка Јуџин Ругенат, директорката на Светска банка за Западен Балкан Шиаочин Ју.

Министерство за финансии

притисни ентер