Кина отфрла одговорност за доцнење на информациите поврзани со коронавирусот

Пекинг денеска порача дека извештаите во медиумите, според кои Кина доцна споделувала информации за ковид-19 со СЗО, се целосно невистинити.

Портпаролот на Министерството за надворешни работи, Жао Лијиан, одговори на прес-конференција прашан за тврдењето на американските медиуми дека Светската здравствена организација е фрустрирана од значителното задоцнето споделување на информациите за епидемијата на коронавирус, за време на првата фаза на епидемијата во Кина.

Медиумите објавија дека снимките од внатрешните состаноци во СЗО покажале дека агенцијата на ООН едвај ги добила потребните информации од Кина на почетокот на пандемијата на коронавирус, што е во спротивност со првичните пофалби што му ги упатила на Пекинг.

На снимките од таа средба се прикажани официјални лица кои се жалат на 6 јануари дека Пекинг не ги споделува со остатокот од светот податоците потребни за да се процени ризикот што вирусот го претставува за остатокот од светот.

На 20 јануари Кина призна дека коронавирусот е заразен, а на 30 јануари СЗО прогласи глобална закана.

Меѓународната заедница се повеќе е незадоволна од реакцијата на Кина на коронавирусот.

Ковид-19 досега зарази скоро 6,4 милиони луѓе ширум светот и животот го загубија 380.000 лица.

Тајван во март објави дека ја предупредиле СЗО кон крајот на декември дека има докази за пренесување на коронавирус од човек на човек, а СЗО објави на Твитер кон средината на јануари дека истрагата на кинеските власти не покажала докази за такво пренесување на болеста.

Доналд Трамп ги прекина односите на САД со СЗО затоа што, како што вели, организацијата е под контрола на Кина.

Барселона ја тужи шпанската федерација, судот одлучува за голот на Јамал против Реал

Барселона не дозволува да стивне бурата по „Ел Класико“ во кое Реал победи со 3:2.

„Фантомскиот гол“ на Ламин Јамал ​​и понатаму е тема на шпанските медиуми. Барселона не дозволува да престане да се зборува за тоа.

И по самиот меч имаше остри критики за судењето, немањето технологија за гол-линијата и „злоупотребата на ВАР системот“.

Првиот човек на клубот, Жоан Лапорта, најави дека Барселона ќе ги искористи сите средства да ја истражи ситуацијата и да утврди дали тоа било гол или не.

Барселона сега отиде чекор подалеку и најави дека ќе ја тужи Шпанската фудбалска федерација и дека решение на оваа ситуација ќе бара на суд.

Ден по натпреварот беше објавена и комуникацијата на главниот судија со играчите и судиите од ВАР-салата, но изостана делот од видеото поврзан со ситуацијата околу голот на Јамал ​​кој не беше признат.

Федерацијата го одби барањето на Барселона да му ја даде на клубот целосната снимка од комуникацијата помеѓу судијата и ВАР-собата и Каталонците сега сакаат да ја добијат преку судовите.

Лапорта останува на ставот дека доколку се покаже дека Барселона е оштетена, ќе бара реприза. /МИА

ДИК: Гласањето се одвива мирно, поголема за 9% е излезноста во однос на минатите избори

Претседателот на ДИК ги соопшти најновите резултати од претседателските избори. 

Најголема излезност е во Новаци од 67,19 % , а најамала во Пласница само 19%, рече Даштевски.

Видео: Коњи трчаат низ центарот на Лондон, еден е облеан во крв

Жителите на Лондон утринава забележале два коња без сопственик во центарот на градот, од кои едниот изгледал облеан во крв. Носеле седла и узди.

„Околу 8 часот и 40 минути добивме пријава дека коњи без сопственици трчаат низ градот. Полицајците ги запреа на автопатот кај Лајмхаус. Чекаме возило за да ги однесеме на ветеринар“, соопшти полицијата.

Скај њуз вели дека коњите припаѓаат на дворската коњаница, дел од британската армија. На социјалните мрежи се појавија видеа од настанот на кои се гледа како црн и бел коњ трчаат по улицата. Набрзо зборуваше портпаролот на армијата.

„Одреден број воени коњи се олабавиле за време на рутинска вежба. Сите коњи сега се вратени во кампот. За време на инцидентот се повредени одреден број вработени, како и коњите. На сите им била укажана лекарска помош ," вели тој .

Извор: Индекс.хр

притисни ентер