Кина ќе продава нафта од државните резерви за да го забави растот на цените

Кина планира да одржи уште една аукција на нафта од стратешките резерви во периодот околу лунарната Нова година за да ги ограничи цените, како дел од иницијативата на група земји предводени од САД, изјавија извори за Ројтерс.

Извори во разговорите со двата најголеми светски потрошувачи на нафта велат дека Кина се согласила да пласира одредена количина нафта на пазарот на крајот на 2021 година, во зависност од нивото на цената.

„Кина се согласи да продаде релативно поголема количина нафта доколку нејзината цена надмине 85 долари за барел и помалку ако остане блиску до нивото од 75 долари“, изјавил еден извор, без да објасни детали.

Кина ќе организира продажба на акции околу лунарната Нова година, која паѓа на 1 февруари, велат изворите. Тоа е најголемиот годишен празник во земјата, кој ќе трае од 31 јануари до 6 февруари.

Кинеската управа за храна и стратешки резерви не одговорила веднаш на барањето на Ројтерс да ги коментира информациите за продажба. Договорената продажба на нафта од стратешките резерви е резултат на серијата разговори меѓу кабинетот на американскиот претседател Џо Бајден и групата големи потрошувачи на нафта за интервенција на нафтениот пазар за да се спречи наглиот раст на цените.

Бајден разговарал со Јапонија, Индија, Јужна Кореја и Кина за можноста за координиран пласман на акциите на пазарот. САД организирале продажба во последниве недели, а слични планови најавија и Јапонија и Јужна Кореја.

Цените на нафтата се стабилизираа вчера на над 84 долари за барел, поддржани од прекините на снабдувањето од Либија и Казахстан, падот на залихите во САД на најниско ниво од 2018 година и подобрување на изгледите за побарувачка во Европа, паралелно со олеснување на епидемиските мерки.

Османи в петок на седница на собраниската Комисија за надворешна политика

Министерот за надворешни работи Бујар Османи в петок на 28 јануари ќе присуствува на седница на собраниската Комисија за надворешна политика, информираат од МНР.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието и претседател на Комисијата за надворешна политика Антонијо Милошоски, претходно денеска информира дека преку писмо побарале од шефот на дипломатијата да дојде на седница на собраниската Комисија и да ги достави одговорите кои што македонската страна ги има испратено до официјална Софија за таканаречениот „план 5+1", откако во декември го одбил нивното барање, што е вели негова законска обврска за отчет пред Парламентот.

– Ова го бараме затоа што сметаме дека не е транспарентно и не е демократски доколку пратениците во софиското Собрание знаат она што македонските пратеници не го знаат и македонската јавност има право преку претставниците во Законодавниот дом да дознае за што се работи. Дали има нешто да се крие или има нешто да се разговара со сите пратеници, изјави Милошоски.

Во писменото барање се предлага седницата да биде отворена за јавноста и да се одржи што е можно поскоро или од 26 јануари до 15 февруари годинава.

САД постигнале „целосна едногласност“ со сојузниците околу Украина

Стејт департментот повторно ја предупреди Русија дека евентуална воена инвазија на Украина ќе биде пречекана со брз и жесток одговор од Соединетите американски држави и НАТО сојузниците.

Портпаролот на Стејт департментот Нед Прајс вели дека во текот на неделата, се очекува американската страна да одговори на безбедносните барања на Русија, но и дека на светот само еден човек знае што точно Русија подготвува за Украина

-Кога станува збор за тоа што планираат Русите, јасно е како ден и секој може да го види масовното трупање на руски сили долж границата со Украина. Ние бевме многу јасни дека сме загрижени кога станува збор за други форми на агресија и провокации кои Русите би можеле да ги преземат и кои веќе ги преземале, но има само една личност која знае што подготвува Русија за Украина и таа личност е Владмир Путин, вели Нед Прајс.

А во меѓувреме портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков изрази загриженост за најавите дека се спрема терен за итно поставување на американски трупи во Украина и го обвини Вашингтон дека на овој начин ги влошува и онака креквите релации помеѓу двете земји

-Не загрижуваат изјавите дека САД имаат 8,500 војници на готовс, кои се спремни да бидат поставени во Европа доколку дојде до ескалација со украинската криза. Со овие постапки, Вашингтон ги потпалува тензиите во Украина а оваа криза е наметната токму од постапките од страна на САД и НАТО, вели Дмитри Песков.

Додека западот и истокот во континуитет се обвинуваат за тоа кој ги предизвикува ескалациите во регионот, НАТО доцна синоќа даде согласност за испраќање на дополнителни воени сили во Источна Европа како реципроцитет на константното трупање на руска армија долж руско-украинската граница. Доцна синоќа и американскиот претседател Бајден одржа видео средба со речиси сите европски лидери, по што беше соопштено дека постигнале целосна согласност на Москва да и нанесат жестока економска штета, ако изврши напад во Украина.

АА: Транспаренси интернешнал потврди дека Македонија е меѓу најкорумпираните земји

Транспаренси интернешнал денеска и официјално го потврди тоа што Алијанса за Албанците постојано го предупредуваше. 

Сегашниот режим е еден од најкорумпираните во светот и во овогодинешното рангирање е рангиран во групата земји како Танзанија, Суринам, Мароко, Гвајана, Етиопија, Колумбија, итн. За да биде иронијата поголема, земјите кои до вчера важеа за најкорумпирани, денес се во многу подобра позиција од нашата земја, додека далеку од Северна Македонија се диктаторските земји како Куба.

Оваа состојба има само еден виновник, хибридниот режим кој ги заробил правдата и обвинителството и инсталираше корупција во секоја сфера и институција. Да потсетиме дека во ова рангирање придонесоа пасошите за светските криминалци, ослободувањето на локалните криминалци и затворањето на невините граѓани кои немаат пари да ја купат слободата иако им припаѓа.

АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

притисни ентер