Ким нареди зајакнување на одбранбените капацитети на Северна Кореја

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун нареди зајакнување на одбранбените капацитети на земјата, по состанокот со највисоки воени официјални лица, јавија денеска севернокорејските медиуми.

Наредбата на севернокорејскиот лидер ја зголеми загриженоста за можно надополнување на одбранбените капацитети на Пјонгјанг со тактичко нуклеарно оружје, оценија британски медиуми.

Внимателно е следен состанокот на военото раководство во Пјонгјанг, поради наводните тврдења дека Северна Кореја може да го изврши својот прв нуклеарен тест по пет години, нешто за што американски, како и јужнокорејски, официјални лица предупредуваат оти може да се случи во секој момент.

Ким претседаваше со тридневната седница на осмиот пленум на Централната воена комисија. Таму највисоки официјални лица „ја поддржаа важната одлука за обезбедување воени гаранции со цел да се зајакне военото одвраќање на земјата“, јави севернокорејската новинска агенција КЦНА.

За време на состанокот, одлучено е Северна Кореја да ги зголеми оперативните должности на своите единици на првите линии со „важен план за воена акција“.

КЦНА не соопшти детали за планот, што очигледно е насочен кон Јужна Кореја, сметаат аналитичари од Сеул.

– Северна Кореја можеше да додаде можна употреба на тактичко нуклеарно оружје во своите нови оперативни планови со оглед на користењето на терминот воено одвраќање, што се употребува за нуклеарни способности, изјави Хонг Мин, соработник на Корејскиот институт за национално обединување во Сеул.

КЦНА објави фотографии од највисоки официјални лица на Северна Кореја на состанокот со мапа на нешто што се чини како источниот брег на Корејскиот полуостров, каде се наоѓаат јужнокорејските нуклеарни централни, според британски медиуми.

Официјално лице од јужнокорејското Министерство за обединување смета дека изгледа како Пјонгјанг намерно да ја објави таа фотогрфија и оти веројатно, ќе има закани кон Сеул.

Во извештајот на КЦНА не се спомнува директно нуклеарна или балистичка програма на Северна Кореја, но, прецизира дека Ри Пјонг Чок, кој го води развојот на ракетната програма на Пјонгјанг, е избран за потпретседател на Централната воена комисија на партијата.

Запрашан за состанокот на военото раковоство на Северна Кореја, јужнокорејскиот претседател Јун Сук Јеол изјави дека Сеул подготвува „силен одговор“ на активностите на Пјонгјанг.

Северна Кореја годинава тестираше најголем број балистички проектили, вклучувајќи интерконтинентални балистички ракети, нови хиперсонични ракети и ракети со краток дострел потенцијално дизајнирани за тактичко нуклеарно оружје, пишуваат британски медиуми.

Во март, Северна Кореја тестираше интерконтинентална балистичка ракета способна да стигне до територијата на САД, кршејќи го мораториумот од 2018 година за такви ракетни тестови. Можна нова нуклеарна проба на Пјонгјанг, би била седма од тој вид.

Хамас повикува на ескалација на сите фронтови

Портпаролот на вооруженото крило на Хамас, бригадите Ал-Касам, повика на ескалација на сите фронтови во телевизиски говор по повод 200 дена од почетокот на војната меѓу Израел и Хамас во Појасот Газа на 7 октомври 2023 година.

Во видеото објавено синоќа од Ал Џезира, Абу Убаида го пофали нападот на Иран врз Израел на 13 април, велејќи дека директните напади со дронови и ракети „поставуваат нови правила, повлекоа важни паралели и ги збунија непријателот и оние што стојат зад него“.

Тој повика и на ескалација на Западниот Брег и во Јордан, велејќи дека тоа е „еден од најважните арапски фронтови“.

- Го повикуваме јорданскиот народ да ги засили своите акции и да го крене својот глас, рече тој.

Абу Убаида рече дека Хамас останува на барањата што ги постави на разговорите за прекин на огнот, односно бара Израел да ја прекине воената офанзива, да ги повлече своите сили од Појасот Газа, да им дозволи на раселените да се вратат во северниот дел на Газа и да ја укине блокадата.

Во меѓувреме, Израел вчера ги засили нападите низ Појасот Газа, рекоа жителите, додавајќи дека тоа било едно од најлошите гранатирања во последните неколку недели. Армијата нареди нова евакуација на северот од палестинската енклава, предупредувајќи ги цивилите дека се наоѓаат во „опасна борбена зона“.

Во објава на X, портпаролот на израелската армија Авичај Адраи ги повика жителите на четири зони во Беит Лахиа во северниот дел на Појасот Газа да се преселат во засолништа во две одредени области.

Новото гранатирање и бомбардирање на северниот дел на Појасот Газа доаѓа речиси четири месеци откако израелската армија објави дека ги повлекува своите војници, тврдејќи дека Хамас повеќе не ги контролира областите.

Израел, исто така, овој месец повлече поголем дел од своите сили од јужниот дел на Појасот Газа. Но, обидите да се постигне прекин на огнот не успеаја, а израелските бомбардирања и упади на територијата од која војниците се повлекоа го отежнуваат враќањето на раселените во своите домови./МИА

Хезболах истрела неколку десетици ракети кон Израел

Либанското исламистичко движење Хезболах синоќа соопшти дека истрелало десетици ракети врз северен Израел како одговор на смртта на двајца цивили во јужен Либан, во напад за кој е обвинет Израел.

Борците на Хезболах истрелаа „десетици ракети Катјуша“ врз северен Израел „како одговор на нападите на израелскиот непријател врз домовите на цивилите, особено за масакрот во Ханин и смртта на цивили“, се вели во соопштението на проиранското шиитско движење.

Од почетокот на војната меѓу Израел и палестинското движење Хамас во Појасот Газа на 7 октомври, секојдневно има размена на оган меѓу израелската армија и Хезболах, кој тврди дека го поддржува палестинското исламистичко движење.

Проиранскиот Хезболах, кој има арсенал ракети и прецизни проектили, гаѓа израелски воени позиции и локации во близина на границата, а Израел реагира со бомбардирање цели на либанска територија, претежно на југ, вклучително и целни напади врз припадници на Хезболах и Хамас. /МИА

Во Кавадарци отворени гласачките места, се гласа за претседател на државата

 Во Кавадарци утрово навремено беа отворени гласачките места, се гласа за претседател на државата, информираше претседателката на Општинската изборна комисија, Емилија Петровска. 

- Малку проблеми пак со убиг апаратите. Но, со помош на ИТ лицата, се е ставено во ред, нагласи таа за МИА.

Петровска потсети дека за вчерашниот ден, за гласање беа пријавени 110 болни и немоќни лица во домашни услови и 14 штитеници во Дом за вонсемејна грижа „Др.Јанески" во кавадаречкото село Чемерско.

- Согласно на законот, тие лица гласаа вчера, ден пред изборите за претседател на државата денеска. Во избирачкиот список за општина Кавадарци се евидентирани вкупно 31.868 гласачи, соопшти Петровска.

Таа појасни дека немаа пријавено лица од оваа општина што издржуваат казна затвор, а кои исто така можеа да гласаат во текот на вчерашниот ден.

притисни ентер