Киев го преименува споменикот на пријателство со Русија во споменик на слободата на Украина

Лакот на пријателството на народите, советски споменик во центарот на Киев, кој го симболизира пријателството со Русија, денеска со одлука на градското собрание е преименуван во Лак на слободата на украинскиот народ.

„Денеска, градското собрание одлучи да го декомунизира името на Лакот на пријателството меѓу народите. Отсега ќе се нарекува Лак на слободата на украинскиот народ“, напиша на Телеграм градоначалникот на главниот град Виталиј Кличко. .

Градските советници, исто така, „го потврдија списокот со повеќе од 40 споменици и знаци кои ќе бидат отстранети од улиците и зградите во главниот град и преместени во Музејот на тоталитаризмот“, додаде тој.

Иако многу локалитети и споменици ќе бидат преименувани, Виталиј Кличко посочува дека ќе биде потребно време да се изберат нови имиња и дека во него ќе учествуваат експерти, особено историчари, „за да не се носат избрзани одлуки“.

Лакот на пријателството на народите е огромен метален лак висок 35 метри поставен во 1982 година во парк во центарот на градот. Тоа беше дел од споменикот од кој минатиот месец беа отстранети статуите на руски и украински работници.

Во 2018 година, антируските активисти поставија налепница на која се гледа пукнатина во средината на лакот како знак на прекин на врските меѓу двете земји.

Многу жители на Киев предлагаат да се преименуваат и другите симболи поврзани со Русија и Белорусија, нејзиниот сојузник.

Така, метрото во Киев преку онлајн консултации на кои гласачите предложија станицата во Минск да се преименува во Варшава, Брест во Бучинска, а плоштадот Лав Толстој да му биде посветен на украинскиот поет и дисидент Василиј Стус кој загинал во гулаг.

МЗ: 108 новозаболени, 77 оздравени

Направени се 1411 тестови, а регистрирани се 108 нови случаи на КОВИД-19.

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа:

Направени се 1411 тестови, а регистрирани се 108 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 70, Битола- 13, Штип – 7, Кавадарци – 3, Прилеп, Велес,Гостивар, Кичево и Неготино – по 2, Тетово, Охрид, Гевгелија, Свети Николе и Дебар – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (108), регистрирани се 8 реинфекции.

Регистрирани сe 77 оздравени пациенти од: Скопје – 56, Битола – 7,Прилеп – 4, Гостивар, Берово и Кичево – по 2, Кавадарци,Гевгелија, Кочани и Ресен – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа не се пријавени починати лица. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин дополнително не се регистрирани починати лица.

Направени се 1411 тестови преку: ИЈЗ-190, ЦЈЗ Скопје-32, ЦЈЗ Битола-52, ЦЈЗ Прилеп-18, ЦЈЗ Тетово-15, ЦЈЗ Куманово-32, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-17, УК Пулмологија со алергологија–5, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–59, Жан Митрев (Филип Втори)-24, Авицена-33, Биотек-42, Систина-37, лабораторија Лаор-16, Синлаб-17, Ремедика - 16, Плодност-10, Генеа-25, Никоб Лаб-66, ВФВ Медикал-27, Ели МедикаПлус-6, Ројал Медика–3, Спектра-ММ-7, Рапид Лаб–12 Жан Митрев Струмица–4, Нова Лаб Дијагностика–3 Рамус-4, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест)– вкупно 639.

Досега во земјата се направени вкупно 2.049.946 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 311.592, бројот на оздравени пациенти е 301.728, на починати е 9.300, а бројот на активни случаи изнесува 564.

Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)

Скопје 146673, Активни 384

Куманово 16673, Активни 8

Битола 15627, Активни 53

Прилеп 14204, Активни 10

Тетово 13475, Активни 6

Кавадарци 10681, Активни 8

Велес 9789, Активни 6

Гостивар 9607, Активни 4

Охрид 8905, Активни 18

Струмица 8072, Активни 1

Штип 8058, Активни 20

Кичево 5649, Активни 9

Кочани 5090, Активни 1

Струга 4724, Активни 0

Гевгелија 4420, Активни 2

Неготино 3690, Активни 4

Ресен 2749, Активни 10

Свети Николе 2632, Активни 5

Радовиш 2531, Активни 1

Крива Паланка 2415, Активни 1

Делчево 1985, Активни 2

Берово 1679, Активни 5

Дебар 1677, Активни 3

Валандово 1488, Активни 0

Виница 1393, Активни 0

Пробиштип 1267, Активни 0

Богданци 1021, Активни 0

Кратово 965, Активни 0

Крушево 929, Активни 1

Демир Хисар 835, Активни 0

Македонски Брод 738, Активни 1

Демир Капија 593, Активни 0

Македонска Каменица 525, Активни 1

Пехчево 486, Активни 0

Дојран 347, Активни 0

Министерство за здравство

Џафери не го прекрши Деловникот, тврди неговиот Кабинет

Џафери не го прекрши Деловникот, опозицијата има слични методи како и на 27 април 2017, тврди неговиот Кабинет.

Кабинетот на претседателот на Собранието денеска реагираше на обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ потенцирајќи дека „сосема јасно е дека претседателот на Собранието во ниту еден момент не го прекрши Деловникот во текот на вчерашното продолжение на 71.седница, туку дека тоа, како и илјадници пати досега, го направи опозицијата, со своето недолично однесување, со цел да создаде хаос во законодавниот дом, служејќи се со слични методи како и на 27 април 2017 година".

Опозициската партија го обвини претседателот на Собранието Талат Џафери дека синоќа ги заклучил во салата со Купола каде требаше да се одржи 71. седница и денеска најави дека ќе поднесе барање за негова интерпелација.

-Проѕирна е намерата на опозицијата, која сите овие години ја опструира работата на законодавниот дом и оневозможува донесување на битни закони за граѓаните, и овој пат да создаде лажна претстава во јавноста дека претседателот на Собранието на Република Македонија постапува спротивно на Деловникот. Токму Деловникот ги демантира нелогичните обвинувања дека претседателот Џафери сторил нешто надвор од своите надлежности, се потенцира во реакцијата.

Според членот 95 од Деловникот, како што се наведува, Собранието може да одлучува ако на седницата присуствува мнозинство од вкупниот број пратеници. Собранието одлучува со мнозинство гласови од присутните пратеници, а најмалку со една третина од вкупниот број пратеници, ако со Уставот не е предвидено посебно мнозинство. Претседателот на Собранието го соопштува бројот на пратениците што гласале „за", „против" или „воздржано", како и бројот на пратениците што се присутни. Претседателот на Собранието може да определи да се утврди бројот на присутните пратеници со броење. Утврдениот број на присутни пратеници се смета за точен сè додека претседателот или еден пратеник, чие барање го поддржуваат најмалку десет пратеници, не побара повторно да се утврди бројот на присутните пратеници.

-Според тоа, во текот на вчерашниот ден вратите на салата беа затворени за да можат собраниските служби да го утврдат бројот на присутни пратеници, односно дали има кворум за да се премине на гласање. Со оглед на тоа што во салата со куполи, каде што во овој период се одржуваа пленарните седници нема соодветна опрема, се воспостави пракса координаторот да составува листа од присутни пратеници пријавени за збор, се наведува во соопштението.

Од тој аспект, се вели натаму, Деловникот дозволува можност за затворање на вратите на салата, на барање на претседателот на Собранието или на еден пратеник, поддржан од најмалку десет пратеници.

-Поточно, членот 97 од Деловникот на Собранието на Република Македонија предвидува дека за време на поименичното изјаснување на пратениците вратите на салата во која се одржува седницата на Собранието се затвораат и не се дозволува влегување и излегување на пратениците се додека трае поименичното изјаснување. Гласањето може да се врши и со поименично изјаснување на пратениците. Поименично изјаснување може да се врши заради точно утврдување на резултатот од гласањето, по барање на претседателот на Собранието или на еден пратеник чие барање го поддржуваат најмалку десет пратеници, само ако предлогот за кој се гласа добил до пет гласа повеќе или помалку од потребниот број гласови за негово донесување. Поименичното гласање се врши со изјаснување на секој прозиван пратеник со „за" или „против" предлогот или со воздржување од гласањето. Доколку пратеникот кога е повикан да гласа не е присутен во салата, не може дополнително да гласа. За време на поименичното изјаснување на пратениците вратите на салата во која се одржува седницата на Собранието се затвораат и не се дозволува влегување и излегување на пратениците се додека трае поименичното изјаснување, појаснуваат од Кабинетот на Џафери.

Исто така, се потенцира натаму, Деловникот, поточно членот 91 предвидува дека за одржување на редот на седницата се грижи претседателот на Собранието.

-За повреда на редот на седницата, претседателот на Собранието може да го опомене и да му го одземе зборот на пратеникот, се посочува во соопштението.

Според тоа, потенцираат од Кабинетот на Џафери, сосема јасно е дека претседателот на Собранието во ниту еден момент не го прекрши Деловникот во текот на вчерашното продолжение на 71.седница, туку дека тоа, како и илјадници пати досега, го направи опозицијата, со своето недолично однесување, со цел да создаде хаос во законодавниот дом, служејќи се со слични методи како и на 27 април 2017 година.

-Претседателот на Собранието нема да дозволи ВМРО-ДПМНЕ на таков начин да ја девалвира парламентарната демократија во земјава. Претседателот на Собранието досега и во иднина ќе продолжи да работи согласно Деловникот, Уставот и законите, во интерес на граѓаните, наведуваат од Кабинетот на Џафери.

УЈП потпиша меморандум за соработка со Даночната управа на Хрватска

Ова е прв Меморандум кој се потпишува со земја членка на Европската Унија, а со кој  ќе се овозможи размена на најдобри искуства и практики. 

Директорите на Управата за јавни приходи на Република Македонија и Даночната управа на Република Хрватска, Сања Лукаревска и Божидар Кутлеша денеска во Загреб потпишаа Меморандум за соработка. Делегација на УЈП беше придружена и од амбасадорот на земјава во Хрватска, Милаим Фетаху.

– Ова е прв Меморандум кој се потпишува со земја членка на Европската Унија, а со кој ќе се овозможи размена на најдобри искуства и практики. Со овој документ ќе се зајакне меѓусебната соработка, ќе ги унапредиме односите не само помеѓу двете институции, туку и помеѓу двете држави. Оваа соработка ќе влијае и во намалување на бирокрастките процедури, истакнала директорката на УЈП, Лукаревска.

Директорот на Даночната управа на Хрватска, Божидар Кутлеша појасни дека со Меморандумот уште повеќе се зајакнуваат односите и соработката на двете земји.

– Од овој Меморандум бенефит ќе имаат и двете институции, но и граѓаните. Со Меморандумот се предвидува соработка во области од делокругот на работењето на двете даночни администрации, ќе се овозможи размена на искуство, трансфер на знаење, подобрување на работењето на двете даночни управи, поттикнување на доброволна усогласеност, додаде Кутлеша.

Управата за јавни приходи како што посочуваат во соопштението и во следниот период ќе продолжи со потпишување на ваков вид меморандуми за соработка, се со цел зголемување на соработката со даночните администрации во регионот и пошироко.

притисни ентер