Керим: Илузија е членство во ЕУ до 2030 година

Керим: Наместо да играме „Црн Петко“ треба да имаме откако ќе се реализираат квалитетни и регуларни избори, победниците да се зафата со сериозна работа.

Керим: Да сум сега во било чии чевли или улога, не би тргнал од бомбастични сфаќања дека станува збор за историски моменти, зошто секој момент е важен и историски. Глобалната слика е многу лоша, живееме во момент на неизвесности и во момент кога има две војни кои го засегаат светот и нашата држава, а овде има толку проблеми и нам ни е потребен сериозен ремонт и во судовите, економијата и во Собранието. Наместо да играме „Црн Петко“ треба да имаме откако ќе се реализираат квалитетни и регуларни избори, победниците да се зафата со сериозна работа. Илузија е членство во ЕУ до 2030 година. Ни треба многу труд и сериозна политичка работа за да не живееме во една илузија „кога ќе станеме членка на ЕУ“.

Новата власт да покаже дека ќе издржи било какви притисоци, корупцијата да не се повлекува низ ресорите на власта. Да ја искористиме паролата на Петар Гошев „Со чисти раце“ но и со чиста совест. Има во Македонија такви политичари, но допрва ќе бидат мерени кога ќе дојдат на власт. Во опозиција лагодно се критикува и се нудат решенија, но од позиција на власт се очекува постигнување видливи резултати. Ако се елиминира корупцијата ќе има чист терен за делување, а градилишта ќе има еден куп. Мора да се види дистинкција меѓу извршната, законодавната и судската власт, системот не е ефикасен не само поради корупцијата, туку проблем е што секој секому може да му се меша во надлежноста. И СЈО требаше да ја гони корупцијата, но и таму имаше луѓе што настапуваа политички, рече Срѓан Керим во вечерашната Само Вистина.

Украинскиот парламент го одобри клучниот закон за малцинствата

Пратеникот Јарослав Железниак на Телеграм објави дека пратениците гласале за конечно читање на предлог-законот за правата на малцинствата, имајќи ја предвид експертската оценка на Европскиот совет.

Украинскиот парламент денеска одобри три нацрт-закони потребни за почеток на преговорите за пристапување на Украина во Европската унија, вклучително и еден за правата на националните малцинства, експресно барање на Унгарија, која се противи на кандидатурата на Украина за ЕУ, соопштија официјални лица.

Пратеникот Јарослав Железниак на Телеграм објави дека пратениците гласале за конечно читање на предлог-законот за правата на малцинствата, имајќи ја предвид експертската оценка на Европскиот совет.

Будимпешта се судри со Киев поради, како што вели, ограничувањата на правата на етничките Унгарци во западна Украина, особено во образованието.

Останатите два усвоени нацрт-закони се однесуваат на зголемување на персоналот на Националното биро за антикорупција и давање дополнителни овластувања на Националната агенција за спречување на корупцијата во врска со инспекциите на имотот.

-Украинскиот парламент штотуку усвои три од четири закони со уставно мнозинство, идентификувани од Европската комисија како неопходни во нејзиниот извештај за проширувањето на ЕУ, рече вицепремиерката Олга Стефанишин во анексот.

Таа додаде дека четвртиот услов, закон за лобирање, бил одобрен од владата во вторникот.

Следната недела 27-те национални лидери на земјите од ЕУ треба да одлучат дали ќе ја прифатат препораката на Европската комисија за упатување покана до Киев за почеток на официјални преговори за членство во ЕУ. Сепак, секоја таква одлука бара едногласна поддршка.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан постојано изјавува дека неговата земја нема да го поддржи предлогот на Европската комисија во сегашната форма. /МИА

Џафери: Ми претставува голема чест доделената доверба

Талат Џафери ќе биде првиот премиер Албанец откако неговото име било предложено од првиот човек на ДУИ Али Ахмети, а одобрено од централното раководство на партијата кое одржа состанок во седиштето во Мала Речица.

Џафери ќе ја преземе функцијата кога техничката влада ќе стапи на сила во последните 100 дена од овој состав.

Вечерва во „Само Вистина“ дебатираа Сафет Бишевац и Алберт Муслиу

Бишевац: Зошто владата не најде сили да седне со експертите и ги слушне нивните ставови за Чебрен? Муслиу:Дали ние освен преговарачката рамка имаме друг услов за отворање на преговорите?

Бишевац: Зошто владата не најде сили да седне со експертите и ги слушне нивните ставови за Чебрен, ете парите од пакетот помош за граѓаните зошто не го инвестира во хидрицентралата? Тоа што го даваме водниот капацитет во рацете на странци не е добро. Ковачевски она што го демонстрираше изминатиот период ми дава за право да мислам дека не треба да го сфаќаме веќе толку сериозно. Двојните избори се добар потег за нормализирање на животот во општеството. Тоа што Ковачевски го трвди, земете го со резерва, неговото историско НЕ, траеше 3 дена, за францускиот или бугарскиот предлог. По извештајот на Холандскиот амбасадор, ние имаме и други пречки за ЕУ, во него се вели дека темнина е практично во оваа држава.

Муслиу: Ние даваме концесии, не даваме суверенитет. Зошто немаше експертска тематска дебата пред да дојде до потпишување, а не сега сите загрижени да прават трибини. Истаите тие требале да бидат поактивни пред две години. Двете декларации на бугарскиот парламент се различни, со втората се овозможи преговарачката рамка, која нема да ја отвориме бидејќи ни е услов за ЕУ. Дали ние освен преговарачката рамка имаме друг услов за отворање на преговорите? Тое дека ние не сме спремни за полноправно членство е причина поради која почнуваме преговори. Нашите политички елити не покажале капацитет поради лични или други причини за да го средат општеството.

притисни ентер