Кекеновски: Бегалецот од Будимпешта ќе го вратиме во рок од 90 дена

Сакаме да им ветиме на граѓните дека доколу сме дел од законодаваната и извршната власт во рок од 90 дена ќе го вратиме бегалецот. Онака како што и замина така ќе биде и вратен, а украдените пари ќе бидат поделени на граѓаните.

Носителот на листа на кандидати за пратеници на „Коалицијата никогаш северна, само Македонија" во ИЕ 2, Јове Кекеновски на средба со граѓаните на Општина Горѓе Петров истакнал дека наместо во оваа скопска општина да соопштат што нивните народни пратеници ќе се загалааг за граѓаните, рече дека се принудени да се осврнат на неспособноста на техничката влада која, според него, нема капацитет да се справи со Ковид-19.

– Се плашиме дека по изборите ќе ни се преслика ситуацијата од Србија. Неспобниот технички министер познат по пиши бриши уредбите наместо со Комисијата за заразни болести да работи на намалување на последиците од пандемијата, тој на сметка на мртвите и жртвите се пуштил во ловење на гласови. Ветува брда и долини, 1.000 километри патишта, а не гледа дека бројот на зарззени постојно расте. Значи неодговорноста, неспособоста, несовесноста се собрани на едно место, и затоа тој бесрамно го бара гласот на граѓаните, рече Кекеновски.

Тој посочи дека министерката за правда и „нејзините пратиски колеги и функционери му овозможија на Груевски да избега во Будимпешта, а таа не мрднува ниту со најмалиот прст да го врати и да одговара за другите злодела".

– Сакаме да им ветиме на граѓните дека доколу сме дел од законодаваната и извршната власт во рок од 90 дена ќе го вратиме бегалецот. Онака како што и замина така ќе биде и вратен, а украдените пари ќе бидат поделени на граѓаните. Во оваа воспоставена матрица на несериозност, несовесност и јавашлук успешно се вклопува и Уставниот суд кој вчера немаше храброст да ја отфрли Иницијативата за поништување на став 5 од членот 353 од КЗ кој се однесува злоупотребата на службената позиција во врска со јавните тендери. Замислете дури четворица од вкупно девет судии на Уставниот суд се изјасниле дека истиот треба да се поништи, бидејќи луѓето кои се обвинети од СЈО за милионски злоупотреби со тендерите „страдале" поради преширокото толкување на оваа одредба. Да ги потсетам уставните судии и адвокатот подносител дека постои еден институт кој се нарекува автентично толкување на законот. Уставните судии се срам за државата и затоа повторно ја бараме оставката на судиите, а доколку тоа не се случи, по конституирањето ќе бараме нивно разрешување, рече тој.

Тој на крајот им вети на граѓаните дека нивните идни избрани народни пратници ќе имаат максимална соработка со органите на единиците на локалната самоуправа без разлика на нивната партиска припадност.

– Тие ќе бидат нишката помеѓу централната власт и локалната самоуправа. Ниту еден проект, ниту еден закон кој се однесува до локалната самоуправа не ќе смее да биде донесен без претходно истиот да биде косултиран од страна на нашите пратеници со базата од која се избрани, рече Кекеновски.

Рашфорд може да го пропушти ЕП 2024

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд би можел да го пропушти Европското првенство во 2024 година, пишува „Телеграф“.

Според изворот на изданието, на селекторот на Англија, Герет Саутгеј не му се допаднал настапот на играчот.

За да добие место во формацијата на „трите лава“, фудбалерот мора да покаже подогри игри на претстојните натпревари.

Оваа сезона 26-годишниот Рашфорд одигра 35 натпревари, постигна 8 голови и 6 асистенции.

Словенија, Данска и Србија ќе играат против Англија во групната фаза на ЕП 2024. /МИА

„Гответе со Дракче“ - Кумановска салата

Во четврток (28.03.2024) во емисијата гостин ни беше Нино Величковски.

Состојки за денешниот рецепт:

3 црвени домати

1 свежа краставица

1 главица кромид

1 морков

2 лажици лупен сончоглед

100 гр. сирење

балсамико, масло за јадење, сол по вкус

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

„Дубаи мол“ лани го посетиле рекордни 105 милиони луѓе

 Сопствениците на „Дубаи мол“ во Обединетите Арапски Емирати, сооопштија дека трговскиот центар лани го посетиле рекордни 105 милиони луѓе, што го прави најпосетуваното место во светот во 2023 година.

Така, трговскиот центар стана светска атракција, според управителите, привлекувајќи посетители од целиот свет. Управата наведува и дека е забележан скок од над 19 отсто во однос на 88 милиони во 2022 година. А пак, само во првите два месеци од оваа 2024 година, забележани се 20 милиони посетители, така што и годинава „Дубаи мол“ најверојатно ќе постави нов рекорди.

- Овие бројки го одразуваат импресивниот статус на трговскиот центар во Дубаи и го одразуваат напредното лидерство на Дубаи и силната економија. Нашиот трговски центар го отелотворува живиот дух на градот и посветеноста на извонредноста, претворајќи ја визијата на менаџментот во реалност. Како составен дел од економското ткиво на Дубаи, ние играме клучна улога во неговиот успех и иновативност, рече Мохамед Алабар, основач на компанијата „Емаар“ којашто управува со трговскиот центар.

„Дубаи мол“ има околу 1.200 продавници на познати брендови облека, обувки, модни додатоци, апарати за домаќинство итн, а тука се наоѓаат и околу 200 ресторани и кафулиња. Уште една причина за посетеноста е и аквариумот, каде што живеат 33.000 животни. /МИА

притисни ентер