Каварадци ќе добие Аква Парк

Следното лето кавадарчани ќе се разладуваат во модерен аква парк.

Градоначалникот Панов најави дека во тек се постапките за реализација на проектот.

Идејата ќе се спроведе по пат на јавно приватно партнерство, а на барање на самите жители на општината вели градоначалникот.

„Голем број кавадарчани сметаат дека градскиот базен е веќе во руинирана состојба , немаше редовно одржување на филтрите, многупати го изнајмувавме, меѓутоа немаше редовност во исплатата на обврските . Токму заради тоа решивме градскиот базен со олимписки димензии да го дадеме по пат на јавно приватно партнерство на одреден партнер кој што истиот ќе го преуреди“ – изјави  Александар Панов – Градоначалник на општина Кавадарци

Според планот новиот аква парк треба да добие низа нови содржини кои ќе ја збогатат понудата и посетеноста.

Од локалната самоуправа велат дека аква паркот ќе биде покриен со цел да се користи во текот на целата година.

„Неодамна донесовме одлука на совет со која ја усвоивме студијата за јавно приватно партнерство , Во моментов оваа студија и целата постапка ни е пред советот за јавни набавки. Со првото одобрение ние ќе го распишеме тендерот за наоѓање на партнер кој од сегашниот олимписки базен ќе направи аква парк , односно базен кој ќе се користи во текот на целата година , а со тоа и средношколците би одржувале бесплатни часови“ -  изјави Панов

По пат на јавно наддавање ќе се одбира најдобриот  понудувач со кој општината ќе склучи договор за  реализација на проектот аква парк во Кавадарци.


притисни ентер