Катица Јанева се вработила во адвокатската канцеларија на нејзиниот син

Веќе трета недела поранешната специјална јавна обвинителка, Катица Јанева работи во адвокатската канцеларија на нејзиниот син.

Оваа информација ја потврди токму Лазар Јанев, кој истакна дека неговата мајка е ангажирана во канцеларијата од 27 јануари годинава.

Дека е вработена во адвокатската канцеларија, информираше и самата Јанева преку социјалните мрежи.

Согласно издаденото решение, Јанева по завршување на работното време се враќа во „Идризово“, а нејзината плата оди на сметка на затворот.

Ваква привилегија таа добила бидејќи одлежала поголем дел од казната, речиси пет од досудените седум, истакна првиот човек на управата за извршување санкции, Јовица Стојановиќ. Тој додаде дека ваква шанса добиваат повеќе лица од затворите.

Јанева која ја издржува казната во КПУ Идризово, извесно време од беше вработена како библиотекарка во затворската библиотека.

Таа беше уапсена како осомничена во случајот „Рекет“ на 21 август 2019 година, по што беше во притвор, а по досудената затворската казна од седум години беше преместена во „Идризово“.

Инаку, Јанева е осудена за злупотреба на службената положба во случајот „Рекет“, пресуда која подоцна ја потврдија и Апелациониот и Врховниот суд.

Египет гради втор камп за раселените Палестинци во градот Кан Јунис во јужна Газа

Египет гради втор камп за раселените Палестинци во градот Кан Јунис во јужниот дел на Појасот Газа во соработка со Црвениот крст во Палестина, објави ТВ Ал-Кахера њуз.

Египетските власти го изградија првиот камп во Кан Јунис минатиот декември и го проширија во јануари. Новиот камп, кој ќе има струја и вода, ќе се состои од 400 шатори со капацитет од 4.000 луѓе.

Следниот чекор е изградба на теренска болница во пограничниот град Рафа и медицински камп во Деир ал Балах во центарот на Газа. Во Рафа ќе бидат формирани и два центри за дистрибуција на помош.

Според Агенцијата на Обединетите нации за палестински бегалци (УНРВА), повеќе од 85 отсто од 2,4 милиони луѓе во енклавата се внатрешно раселени од почетокот на конфликтот на 7 октомври минатата година, кога Хамас и други палестински фракции го нападнаа јужниот дел на Израел, при што загинаа околу 1.200 луѓе. /MИА

Воздухопловната база на НАТО во Кучово ќе биде отворена на 4 март

Воздухопловната база на НАТО во албанскиот град Кучово, која се наоѓа во јужниот дел на земјата, што е прва ваква база во Западен  Балкан, ќе биде инаугурирана на 4. идниот месец.

Подготовките на базата на НАТО во Кучово се при крај и за првпат Министерството за одбрана објави видео и фотографии од неа.

Во видеозаписот, Командантот на албанските воздухопловни сили, бригадниот генерал Фердинанд Димо вели дека се е подготвено базата да профункционира.

- Ние сме на крајот од сите работи за трупите на воздухопловните сили да се обучуваат во оваа база. Но, не само тоа, трупите на НАТО и НАТО авионите можат да се сместат, обучуваат и летаат од воздухопловната база Кучово, која веќе е тактичка воздухопловна база на НАТО, вели тој.

Димо ги наведува и досегашните чекори, од моментот кога беше одлучено во Кучово да се изгради воздухопловна база за НАТО.

- Во 2021 година беше планирано да се спроведат инвестициите за ревитализација на инсталациите на базата Кучово. Сега сме на крајот со реализацијата на три значајни проекти, како што се оградувањето и безбедносниот систем, како и периметарската заштита на базата. Приближно 50 милиони евра се инвестирани од НАТО, а повеќе од 5 милиони евра од албанската влада“, објаснува командантот на воздухопловните сили.

Според него, изградбата на воздухопловната база на НАТО во Кучово ќе придонесе и за економски развој на целиот округ Берат.

На свеченоста на 4 март ќе присуствуваат високи претставници на албанската држава, НАТО и САД.

Инаку, базата е изградена за потребите на албанските воздухопловни сили за време на комунистичкиот режим кој владееше во Албанија помеѓу 1944 и 1991 година и го штитеше воздушниот простор на земјата. Исто така, била домаќин на различни видови руски и кинески авиони.

Последните летови од оваа база биле извршени во 2005 година. /МИА

Осимен сака да се пресели во Челзи, а не во ПСЖ, Наполи за напаѓачот ќе бара 130 милиони евра

Виктор Осимен одлучи кариерата да ја продолжи во Премиер лигата. Според новинарот Емануеле Камарото, фаворити во борбата за напаѓачот на Наполи се Челзи и ПСЖ.

Парижаните го гледаат Нигериецот како замена за Килијан Мбапе, кој реши да го напушти клубот ова лето. Сепак, самиот Осимен е склон да се пресели во лондонскиот клуб.

Се известува дека Наполи очекува да добие околу 130 милиони евра за Осимен, што одговара на сумата наведена во неговиот договор.

Оваа сезона Осимен има осум гола и две асистенции на 14 натпревари во Серија А. /МИА

притисни ентер