Катица Јанева се соблекла по долна облека за време на ревизорска контрола за СЈО во ДРЗ

Поранешната специјална обвинителка Катица Јанева денеска во Државниот завод за ревизија почнала да се соблекува и останала во долна облека додека ревизорите и ги презентирале наодите од ревизијата за финансиското работење на СЈО.

На полицајците јанева прво им кажала дека и е доста од се и почнала да се соблекува. Потоа била повикана итна помош и и е дадена инекција за смирување, а таа е префрлена во станот каде ја издржува мерката домашен притвор.

Јанева во државниот завод за ревизија е повикана бидејќи беше одговорно лице на СЈО, за да и биде презентиран извештајот за извршената ревизија на усогласеност. . Таму бил присутен и обвинител од Обвинителството за организиран криминал каде се води предистрагата за високите бонусите на СЈО... Поради инцидентот е прекинат увидот во наодите на ревизијата за работењето на СЈО.

Еве што за случајот изјави за Канал 5 нејиниот адвокат Дељо Кадиев.

Роналдо има проблеми поради видеото објавено од сестра му (ВИДЕО)

Аргентинскиот весник  Оле пишува дека Кристијано Роналдо ќе биде казнет со парична казна поради неговиот син Кристијано Роналдо Џуниор кој нелегално вози џет-ски во Мадеира, Португалија.

Не би било откриено толку лесно ако сестрата на Кристијано, Елма Авеиро, не објавила видео во кое 10-годишното дете вози џет-ски. Јасно е, споменатото видео наскоро исчезна од сите социјални мрежи.

„Дејли мирор“ пишува дека полицијата испитува кој е сопственик на спорниот џет-ски, а доколку се покаже дека Португалецот е сопственик, тој би можел да добие сериозна казна.

Шефот на крајбрежната полиција во Португалија, Гереиро Кардозо изјави дека е покрената истрага и дека е свесен за сè што се случило, со објавување на парична казна на ѕвездата на Јувентус.

Патем, Роналдо, игра во топ форма за Јувентус. 35-годишниот играч има постигнато 32 гола на 40 натпревари, а клубот од Торино се доближува до новата италијанска титула.

СЗО: Пандемијата би можело да се влоши

Пандемијата на коронавирус може да се влоши доколку државите не преземаат строги здравствени мерки на претпазливост, предупреди Светската здравствена организација (СЗО).

„Да бидам искрен, премногу земји се движат во погрешна насока, а вирусот останува јавен непријател број еден“, рече лидерот на СЗО, Тедрос Аданом Габриезус, од седиштето на Обединетите нации во Женева.

„Ако не се почитуваат основите, оваа пандемија само ќе се влошува“, додаде тој.

Денеска бројот на коронавирусни инфекции во светот надмина 13 милиони, со повеќе од половина милион смртни случаи.

Тедрос исто така посочи дека од 230.000 нови случаи забележани во неделата, 80 проценти доаѓаат од 10 држави и 50 проценти од само две држави - Бразил и САД, кои се најпогодени земји од пандемијата, а претседателот Доналд Трамп е чест критичар на СЗО.

„Во блиска иднина, нема да има враќање во старата нормала. Останува уште многу за што да се грижиме“, предупредува Тедрос.

Шефот за вонредни состојби на СЗО, Мајк Рајан изјави дека нивниот тим пристигнал во Кина за да го испита потеклото на вирусот и во моментов се наоѓаат во карантин, стандардна процедура, по што ќе започнат да работат со кинеските научници.

Тедрос откри дека СЗО сè уште нема добиено официјално американско барање да се повлече од таа организација, како што објави Трамп. Американскиот претседател смета дека на почетокот на кризата СЗО отишла на помош на Кина, каде е забележан првиот случај на инфекцијата.

Трамп, кој за време на викендот за прв пат е виден во јавноста со заштитна маска, честопати е мна удар на критичарите кои сметаат дека тој не ја сфаќа пандемијата доволно сериозно, што републиканецот го отфрла.

Се појавија мрачните тајни на мртвиот градоначалник на Сеул

Додека многу жители на Сеул ја оплакуваат смртта на градоначалникот Вон-Сон Парк, јавноста во Јужна Кореја е вознемирена од обвиненијата дека сексуално ја малтретирал секретарката.

Парк, кој беше пронајден мртов во шумски дел на Сеул во петокот, беше либерален и реформски, но и борец за правата на жените, а во еден момент и потенцијален кандидат за учество на претседателските избори закажани за 2022 година.

Без да се открие точната причина за смртта на Парк, полицијата соопшти дека нема причина да се сомнева во убиство, а градските власти соопштија дека градоначалникот оставил проштална порака во која изразил жалење и побарал неговото тело да биде кремирано.

Правниот застапник на поранешната секретарка на Парк, која наводно била сексуално малтретирана, изјавил дека извештајот против градоначалникот е доставен во полицијата на 8 јули, ден пред неговата ќерка да го пријави исчезнувањето.

Адвокатот рече дека Парк испратил пораки и фотографии до поранешната секретарка, вклучувајќи ги и оние чие испраќање се сметало за сексуално вознемирување, како и дека градоначалникот го изложил својот клиент на несакан физички контакт, пренесува АП.

притисни ентер