Катастрофални поплави во Јапонија: Најмалку 15 загинати , десетина илјади војници на терен (ВИДЕО)

Петнаесет лица загинаа, а девет се сметаат за исчезнати во  јужниот јапонски остров Кјушу, што е погоден од поројни дождови, кои што предизвикаа големи поплави и лизгање на земјиштето.

Четиринаесет тела се пронајдени во поплавен дом за пензионери, а едно тело пронашле спасувачите во близина на свлечиште.

Бројот на загинати сè уште не е официјално потврден.

Властите наредија евакуација на повеќе од 200.000 жители, а 10.000 војници се испратени да им помогнат на спасувачите. Обилниот дожд се очекува да продолжи да паѓа во текот на ноќта и утре.

Премиерот Шинзо Абе го повика населението „да биде многу претпазливо“. Најмногу страдаа префектурите Кумамото и Кагошима.

Гувернерот на Кумамота, Икуо Кабашима, изјави пред новинарите дека жртвите биле пронајдени во дом за пензионери во состојба на „кардио-респираторна кома“, термин што се користи од јапонските лекари пред смртта официјално да се потврди.

Барселона и Баерн Минхен нови четврфиналисти

Европските фудбалски гиганти Барселона и Баерн Минхен се нови патници во четврфиналето на елитната Лига на шампионите,

Најсилното европско фудбалско натпреварување Лигата на шампионите вечерва ги комплетираше четврфиналните двојки.

Фудбалерите на Барселона местото меѓу осумте најдобри во Лигата на шампините го обезбедија со триумф над Наполи од 3-1 .

Головите за Барса ги постигнаа Ленгле, Меси и Суарез, почесниот погодок за тимот на нашиот Елиф Елмас го постигна Инсиња.

Во вториот вечерешен меч од осминафиналето во Лигата на шампионите германскиот првак Баерн Минхен извојува уште една убедлива победа над Челзи. Баварците како домаќини ги декласираа сините од Лондон со 4-1.

Во четврфиналето од Лигата на шампините ќе играат:

Лајпциг- Атлетико Мадрид.

Аталанта - ПСЖ

Манчестер Сини Лион

Барселона - Баерн Минхен

Видео: Ламброџини од картон!!

Милиони луѓе сонуваат да имаат скап спортски автомобил. Сништата се остваруваат ако доволно се верува во нив,со оваа изрека се водела група иновативни Виетнамци.

Поголем број од луѓето на Земјата никогаш во живото немаат можност да поседуваат скап автомобил од рангот на Ламборџини, ваков автомобил многумина никогаш и не виделе во живо. Но, неколку млади момчиња од Виетнам го олствариле својот сон, успеале да направат вистинско Ламборџини СВЈ Авентадор од картон.

Целиот проект ги чинел околу 500 долари, за споредба само цената на вистинскиот Ламборџини Авентадор е поголема од 500 000 долари.

Фото: Дара Бубамара со разголени фотки го налутила екс сопругот

Популарната пејачка Дара Бубамара под двенеделниот одмор со другарка во Грција одлуила да замине и во Монако.

Провокативната Дара на оваа луксузна дестинација одмарала уште десетина дена, за тоа време нејзиниот екс сопруг Милан се грижел за синот Коста.

Поранешниот сопруг многу се налутил кога слушнал дека неговата екс сопруга се подготвува за уште еден одмор.

„Кога нејзиното поранешен слушнал за новиот план, полудел и лути и рекол дека тој веќе нема да му биде дадилка на синот, дека ќе мора и Коста да замине со мама на одмор. Од каде ти е идејата цело лето да патуваш со другарките, ако планираш да одиш на уште еден одмор ќе го водиш и Коста!Додека јас го чувам синот ти се соблекуваш и фоткаш по Монако“, наводно и рекол лутиот Милан на Дара, раскажал анонимен извор за српските медиуми.

Милан наводно бил малку љубоморен посебно откако слушнал дека Дара во Монако ја заведувал еден милионер.

притисни ентер