Карпош мапираше критични точки за потенцијални депонии

Надлежните служби во Карпош мапираа 13 локации на територија на Општината каде има создадено отпад на јавни површини.

Преку стратешки пристап и нивно мапирање, локалната самоуправа презема мерка за чистење на овие т.н. диви депонии.

Од општина Карпош соопштија дека како дел од мерките и активностите предвидени во Акцискиот план за спроведување на мерки и активности дефинирани со ЛЕАП (Локален Еколошки Акционен План за 2019 година, од областа отпад), Секторот за екологија и енергетска ефикасност започна со евидентирање и изготвување на листа и мапа на ѓубришта на територија на Општина Карпош. За истата цел, Секторот соработувал со урбаните заедници во Општината. Урбаните заедници, од нивна страна пак, пријавиле можни локации за несоодветно и несовесно одлaгање на отпад на територијата на Карпош.

– При оваа акција е констатирано дека е зачестена појавата на несовесно одлагање на отпад на повеќе локации, јавни површини во oпштина Карпош каде што се поставени контејнери. За таа цел, изготвена е мапа на покритични ѓубришта на територија на Карпош, а и Општината веќе презема превентивни и конкретни активности тие да не прераснат во депонии, наведуваат во соопштението.

Локалната самоуправа ги интензивирала инспекциските контроли, со тоа што десет службеници од урбаните заедници добиле овластување за комунални редари, со цел да се санкционираат загадувачите на терен.

Општина Карпош започна со чистење на овие критични локации. Минатата недела се исчистила депонијата во Злокуќани, кај фудбалското игралиште. Се подигнале депониите кај „Газела" (спроти Карпош 4) и во близина на спортскиот центар „Борис Трајковски".

Како што соопшти Општината, следува чистење на депонии во близина на реката Лепенец и од другата страна на мостот „Газела".

Започнавме со информативна кампања, која ќе допре до сите граѓани за правилно одлагање на џебниот, комуналниот, кабастиот, електричниот и електронскиот отпад. Врз основа на подготвената мапа, комуналните служби на Карпош се фокусираат на чистење на јавните површини, како и на комуникација со градските власти и јавни претпријатија, за „загрозените" површини кои се во нивниот делокруг на работење, стои во соопштението.

Израел соопшти дека во Ал Шифа се убиени повеќе од 200 борци на Хамас

Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека повеќе од 200 вооружени лица биле убиени за време на операцијата против Хамас во болницата Ал-Шифа во градот Газа.

Во текот на изминатиот ден, напаѓачите на Хамас излегле од собата за итни случаи во Ал Шифа, каде што се криеле и отвориле оган врз израелските војници, тврди ИДФ, додавајќи дека неколку слични инциденти се случиле во последните денови.

За време на борбите што се во тек, армијата вели дека војниците евакуирале цивили, пациенти и медицински персонал во друг дел од болницата „кој ИДФ го подготви и го воспостави за да овозможи продолжување на соодветниот медицински третман“, пишува „Тајмс оф Израел“.

Истовремено, ИДФ тврди дека уште десетици оперативци на Хамас биле убиени за време на операциите во изминатиот ден во градот Ал-Карара во јужниот дел на Газа и во квартот Ал-Амал во Кан Јунис.

Војниците кои дејствуваа во јужниот дел на Газа, исто така, лоцирале и уништиле складишта со оружје, а во централниот дел на Појасот, ИДФ соопшти дека неколку непријателски оперативци биле убиени во текот на изминатиот ден од војниците на бригадата Нахал и во воздушни напади.

МВР: 173 санкции за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден спроведе акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 173 возачи.

Од нив пет возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 60 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 113 надвор од населено место, соопшти МВР.

Средба на Пецаков со претставниците на УНЕСКО, О.Охрид посветена на задржување на статусот

 Градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков со неговиот тим оствари работна средба со претставниците на реактивната мониторинг-мисија на УНЕСКО што престојува во работна посета на земјава.

Пецаков пред членови на Центарот за светско наследство, на Меѓународниот совет за споменици и локалитети и Меѓународната унија за заштита на природата, како и на Националниот координативен тим од Македонија ја истакнал силната посветеност на Општина Охрид за зачувување на природното наследство во Охридскиот регион.

„Детално ги инфомирав за сите чекори кои како Локална самоуправа ги преземаме и со временските рамки за реализација на истите. Силно сме посветени и не отстапуваме во спроведувањето на веќе пропишаните правила за зачувување на статусот од УНЕСКО“, вели Пецаков.

Мисијата на УНЕСКО во Охрид ќе биде неколку дена, а како што посочи претходно министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, претставниците на Светската организација се тука за да ја утврдат фактичката состојба околу заштитата на Охридскиот регион на терен,со средби со претставници на сите засегнати институции и субјекти. Од мисијата на УНЕСКО ќе произлезат заклучоци според кои државата е треба да постапува во насока на заштита на Охридскиот регион и неговиот статус во УНЕСКО.

притисни ентер