Карлеуша на Цеца треба да и плати 200 000 динари - го изгуби судскиот спор

Јелена Карлеуша мора да и исплати на Цеца 200 000 динари заради клевета.

Три години откако Цеца го почна судскиот спор, пресудено е во нејзина корист.

Парите Јелена и ги должи на Цеца за изречените клевети и навреди во отвореното писмо кое Карлеуша го објави на Фејсбук.

Дополнителни 70 000 динари Карлеуша треба да даде за судските трошоци.

Од почетокот на руската инвазија во Украина како исчезнати се водат 37.000 лица

Украинските власти денеска објавија дека од почетокот на руската инвазија исчезнале околу 37.000 цивили и војници, што е нецелосна бројка бидејќи Русија окупирала речиси 20 отсто од националната територија, јави Бета.

„Речиси 37.000 лица исчезнаа, вклучувајќи деца, цивили и војници. Оваа бројка може да биде уште поголема“, напиша украинскиот комесар за човекови права Дмитро Лубинец на својот профил на Фејсбук.

Од почетокот на руската инвазија, на 24 февруари 2022 година, загинаа неколку десетици илјади лица, цивили и војници, но не постои општа проценка утврдена од сигурни извори.

Процедурите за идентификација на загинатите и исчезнатите може да траат неколку месеци.

Украинската и руската армија само во ретки прилики објавуваат биланс на загинати војници.

Не е познат и бројот на цивилни жртви бидејќи нема сигурни информации на териториите окупирани од Русија од почетокот на инвазијата./МИА

Белата куќа објави ново партнерство со 50 земји за борба против идните пандемии

Американската влада ќе работи со земјите за да ги подобри нивните методи на тестирање, скрининг, комуникација и подготовка за такви избувнувања.

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден ќе им помогне на 50 земји да идентификуваат и да одговорат на појавата на заразни болести со цел да се спречи нова пандемија како Ковид-19, која остро го наруши нормалниот ритам на животот ширум светот во 2020 година.

Американската влада ќе работи со земјите за да ги подобри нивните методи на тестирање, скрининг, комуникација и подготовка за такви избувнувања, рече висок претставник на администрацијата на Бајден кој сакаше да остане анонимен. Официјалниот претставник не кажа за кои земји станува збор.

Соопштението доаѓа во момент кога земјите се обидуваат да се договорат за меѓународен одговор на идните пандемии. Четири години по пандемијата Ковид-19, изгледите за договор во оваа насока што ќе го потпишат 194-те членки на Светската здравствена организација изгледаат сè понејасни.

Програмата на САД ќе се потпира на неколку владини агенции, вклучувајќи го Стејт департментот, Центрите за контрола и превенција на болести, Американската агенција за меѓународен развој и други, за да им помогнат на земјите да го подобрат својот одговор на појавата на заразни болести. /МИА

Макрон ја повика Русија на примирје за време на Олимпијадата, Кремљ „ладно реагираше“

Прекинот на непријателствата под олимписко примирје е долгогодишна традиција.

Кремљ денеска „ладно реагираше“ на повикот на францускиот претседател Емануел Макрон за примирје во меѓународните конфликти за време на Олимпијадата во Париз, велејќи дека Украина може да го искористи тоа како можност за прегрупирање и повторно вооружување, пренесуваат странските агенции.

Прекинот на непријателствата под олимписко примирје е долгогодишна традиција, а Макрон во интервјуто во понеделникот рече дека ќе работи на тоа да го постигне кога Париз ќе биде домаќин на Летните игри од 26 јули до 11 август.

Запрашан за тоа, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече дека и рускиот претседател Владимир Путин и руската војска забележале дека „режимот во Киев, по правило, користи такви идеи и иницијативи за да се обиде да се прегрупира, да се обиде да се превооружи“.

Песков во однос на можноста за олимписко примирје рече дека сè уште никој не презел никакви официјални чекори во тој поглед.

Во интервју за француските медиуми, Макрон рече дека Франција ќе направи се за да се постигне примирје во конфликтите во Украина, Газа и Судан и дека за ова прашање ќе го ангажира кинескиот претседател Си Џинпинг.

„Тоа е можност во која ќе се обидам да вклучам многу наши партнери. Кинескиот претседател доаѓа во Париз за неколку недели, ќе го замолам да ми помогне“, рече Макрон.

Песков, одговарајќи на посебно прашање за Кина, рече дека позицијата на Пекинг за украинскиот конфликт е „многу избалансирана и конструктивна“.

Кина, која не ја осуди инвазијата на Москва и значително ја зајакна трговијата со Русија од почетокот на војната, минатата година поднесе мировна иницијатива која се состоеше од збир на општи принципи кои не вклучуваат специфики за тоа како да се стави крај на конфликтот. /МИА

притисни ентер