Кариерно напредување на наставниците – за СОНК чекорот е добар, но не треба да е избрзан

 Наставниците во основните училишта до 21 јануари може да аплицираат за звање ментор, односно за напредување во кариерата што ќе им овозможи и поголем приход. 

Министерството за образование и наука ја воведува одредбата од новиот Закон за наставници и стручни соработници во основните и средните училишта и во согласност со Планот за темелна реформа на образовниот систем, чија цел е и лична мотивација на наставниците за работа и подигнување на дигнитетот и општествената важност на просветителската дејност.

Пред десет дена МОН го објави првиот повик (за оваа календарска година), со кој е предвидено во ментор да напредува по еден наставник од секое основно училиште во општините низ земјава и во Град Скопје. Кандидатот треба да има најмалку седум години работно искуство како наставник, да е вработен на неопределено време и да ги исполнува професионалните стандарди за наставник-ментор.

Синдикатот за образование, наука и култура – СОНК поздравува што ќе почне кариерен развој на наставниците во звања, што е предвидено уште во Колективниот договор од 2006 година и досега е нереализирано, но смета дека, и покрај добрите намери, критериумите за напредување се неодржливи и може да предизвика незадоволство кај наставниците.

– Добро е што МОН и овој министер најдоа желба, волја и извори на средства за, конечно, да се спроведе Колективниот договор и да се реализира тоа што е договорено со властите пред 15 години, откога ги има и звањата. Меѓутоа, повторно се прават многу избрзани чекори за да се задоволат потребите на работниците, кои може да бидат и контрапродуктивни. Добар е овој чекор на МОН, но е преамбициозно и со толку брзи чекори може да се направат грешки, изјави за МИА Јаким Неделков, претседател на СОНК.

Според него, напредувањето може да почне од септември како пилот-програма за да се утврдат слабостите и предностите и да се направи, како што рече, стабилна програма што ќе се применува со децении.

Со повикот се опфатени само наставниците во основните, а не и во средните училишта, кои на ваков начин, вели Неделков, се дискриминирани во можноста да напредуваат во кариерата. Неговата забелешка е краткиот рок во кој кандидатот треба да ја собере документацијата за да докаже дека ги исполнува условите. Повикот беше објавен на 4 јануари и трае до 21 јануари, што е спротивно, вели тој, на Правилникот за начинот на формирање, составот на комисиите итн, објавен во Службен весник.

– Според Правилникот, постапката треба да почне во јуни, со завршување на учебната година, па да заврши етапно до крајот на идната година. Значи, практично една година би траел процесот на собирање документи и докажување за напредок во кариерата, а според повикот треба 16 дена за доставување документација за комисијата, која сè уште не е формирана, до 10 февруари да ги разгледа сите документи и да направи ранг-листа на наставници што ќе напредуваат, рече претседателот на СОНК.

Тој забележува и што унапредувањето е ограничено на само еден наставник од училиште, а и дека седум години за да се напредува во звање ментор се малку зашто, како што смета, треба многу повеќе да се „испече" занаетот.

– Може помладите колеги ќе ми замерат за ова, но лично сметам дека за ментор треба да имаат повеќегодишно работно искуство. Тие треба да менторираат помлади колеги, приправници во училиштето, да им помагаат на колеги кои заостануваат во однос на подготовка и реализација на наставни часови. Тие ќе бидат меѓу носителите на квалитетното образование во државата, додаде Неделков.

СОНК ќе побара работна средба со министерката Мила Царовска за да се најде најдобро решение за реформите во образованието, а овие забелешки ќе бидат предочени заедно со оние за Нацрт-концепцијата за основно образование. На состанок со претставници на членството деновиве, СОНК го потврдил ставот во однос на концепцијата која до 20 јануари е поставена на веб-страницата на МОН за сугестии и предлози.

За Синдикатот е нејасно кој наставен предмет со колку часови неделно ќе биде застапен, како ќе работат наставниците од предметите што треба да се спојат во предметите Природни науки и Општествени науки. Невозможно е, вели Неделков, да се усогласи распоредот на наставниците во такво комбинирано влегување на настава.

– Можеби може да се планира за една паралелка, но за три од шесто, за три од седмо, за три од осмо, кој наставник каде ќе оди… Немаме конкретни одговори, премногу се штури информациите. Добивме одговор од министерката дека никој нема да остане без часови и сите наставници дополнително ќе бидат ангажирани во училиштата за воннаставни активности на учениците, дека сите ќе имаат фонд на часови и никој да не се грижи за својата плата. Меѓутоа, немаме никаков конкретен документ кој го кажува тоа за да бидеме сигурни, истакна Неделков за МИА, додавајќи и дека многу училишта немаат ниту услови за продолжен престој во училиште кога сите наставници ќе треба во исто време да имаат активности, секој во одделна училница.

Во однос на тоа како го оценува првото полугодие од учебната 2020/2021, синдикалниот лидер рече дека на почетокот се соочиле со проблеми околу техничката опременост – стабилен интернет и компјутери за наставниците кои работат онлајн од дома, а имаат и свои деца кои во исто време следат настава на ИТ-уреди. По првиот месец (октомври) се појави и проблемот во исплаќањето на прекувремената работа на оние наставници кои работат двапати односно со две групи од исто одделение, затоа што во наставата со физичко присуство протоколите наложуваат најмногу 20 ученици во училница.

Околу илјада наставници во државава, според податоците на СОНК, во првото полугодие работеле дополнително – поради дуплирање на часовите во паралелките поделени во две групи или со ученици кои од разни причини избрале онлајн-настава и не доаѓаат во училиште или, пак, ангажирани да доставуваат печатени материјали за деца кои не се вклучени ни во двата модела на настава.

Иако не очекувале проблеми во исплатата на прекувремената работа, зашто е регулирано во Законот за работни односи и со Општиот колективен договор, а на тоа апелираше и МОН, директори на некои училишта избегнувале да им платат, па откако и по жалбите се добиени негативни одговори, СОНК преку негови адвокати повел правни постапки и тужбите се веќе прцесирани.

Неделков рече дека има и наставници кои поради притисок се повлекле и не сакале да поднесат тужби. Изговорите на училиштата и општините биле дека немаат пари да ги исплатат.

– А тоа не е точно, бидејќи МОН нè увери дека има издвоено средства за дополнително наградување на наставниците што работеле со две групи и дека секој доставен платен список со зголемен буџет по тој основ, МОН ќе го покрие. Меѓутоа, има директори кои сметаат дека од сопствен џеб треба да го платат тоа што некој многу чесно го сработил, а аналогно на нивната работа, средствата се и многу мали и симболични, додаде претседателот на СОНК.

Ужас во Германија: Четири девојчиња со часови злоставувале глуво девојче во подрум

Криминалистичката полиција во Дрезден спроведе истрага против четири девојчиња на возраст од 12 до 17 години поради сомнение дека злоставувале 13-годишно глуво девојче.

Според германските медиуми, осомничените се државјанки на Украина, кои дошле во Германија кога започнала војната во нивната земја, објави Билд.

Тие се товарат за „противправно лишување од слобода на лице и нанесување тешка телесна повреда“, изјави портпаролот на полицијата Марко Ласке.

Злосторството се случило во близина на парк во Мајсен, во близина на светски познатата фабрика за порцелан во Мајсен. Паркот има игралиште, споменик на жртвите на фашизмот и клупа, а таму често престојуваат голем број луѓе.

Четири девојчиња се осомничени дека во саботата наутро во паркот пресретнале глуво девојче (13) од Словачка, кое минувало низ паркот.

Девојчето поради глувоста не можела да се договори со нив, по што следел ужасот.

„Девојките се осомничени дека го однеле детето во подрумот на блиската опустошена зграда спроти паркот. Таму ја врзале и ја мачеле неколку часа“, изјавил портпаролот на полицијата.

Се претпоставува дека девојчињата цело време го тепале детето, а наводно ѝ нанеле повреди со дрвени и метални шипки.

Глувото девојче го ослободиле дури околу 14 часот, кога успеало да избега. Детето истрчало директно во полиција, а при преглед лекарите констатирале физички повреди.

Девојките биле фатени во близина на местото на злосторството, а полицијата им ги одзела телефоните за да провери дали го снимале нападот.

Мотивот за ваквото брутално насилство не е познат. Жртвата не била ограбена.

Полицијата соопшти дека истрагата се уште е во тек.

(НОВО) ВМРО-ДПМНЕ: Силјановска –Давкова 44,63%, Пендаровски 19,13 % од гласовите

Според аналитичкиот центар на ВМРО-ДПМНЕ, на 20,53% од обработените гласови Гордана Силјановска- Давкова има освоено 44,63 проценти од гласовите или 66 482 гласа.

Стево Пендаровски освоил 19.13% од гласовите или 28 490, Бујар Османи 13 ,04% или 19420 , Арбен Таравари 8,53 од гласовите или 12707 , Максим Димитриевски 7,27% или 10831 глас, Билјана Ванковска 4,14 или 6165 гласа , Стевчо Јакимовски 0,79 проценти или 1174 гласа.

СДСМ: Изборите минаа во фер и демократска атмосфера

На прес конференцијата по завршувањето на гласањето за првиот круг на претседателските избори портпаролката Богданка Кузевска констатира дека изборите биле фер и демократски. 

Денеска имавме навистина демократски изборен ден.

Гласањето се одвиваше во фер и демократска атмосфера.

Граѓаните својата волја ја изразија слободно и достоинствено, како што доликува на една демократска земја, членка на НАТО со почнати преговори за членство во ЕУ.

Констатирани се само неколку многу мали прекршувања на изборниот процес кои ги сметаме за исклучоци.

Благодарност до сите граѓани коишто денеска излегоа и го дадоа својот глас.

Правото на слободно одлучување и слободен глас е највредната придобивка на демократијата.

А самото гласање е суштински чин кој произлегува од моќта на граѓаните да одлучуваат за својата иднина и за иднината на државата.

Ги очекуваме изборните резултати. Уверени дека граѓаните и денеска и на 8-ми мај, ќе поддржат европска иднина за Македонија, иднина во која што Македонија е дел од европското семејство, и горда членка на ЕУ.

притисни ентер