Карбинци рекордер во излезноста во Штипско со 58 отсто

Без поголеми технички проблеми течат Локалните избори во Штип, Карбинци, Свети Николе и Пробиштип. 

Од овие четири општини рекордер во излезноста е малата рурална Општина Карбинци, каде што до 17 часот гласале 58 отсто од граѓаните, а во оваа општина има вкупно 3.215 гласачи.

Во Штип, според најновите податоци на Државната изборна комисија, гласале 29.794 граѓани или 43 отсто од вкупниот број на граѓани со право на глас, во Пробиштип на гласачките места излезноста е 55 отсто, а во Свети Николе, каде право на гласа имаат 14.567 граѓани, на гласање излегле 51 отсто.

Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова вели дека засега немаат пријавено инциденти на гласачките места.

Блокади и протести во повеќе од 50 градови во Србија

Иницијативата „тргни-промени“  и за денес најави блокада на патишта и мостови на десетина локации во Белград и во повеќе од 50 градови во Србија.

Протестите се организираат со барање за ослободување на сите уапсени во претходните протести, повлекување на законот за експропријација и измени на законот за референдум и народната иницијатива.

Централното место за блокадата во Белград е мостот Газела, како и минатата сабота. Блокада ќе се организира и во Шабац, каде пред седум дена се случи инцидент на протест кога багер тргна кон граѓаните кои го блокираа сообраќајот.

За денеска министерот за внатрешни работи Александар Вулин дал дозвола на полицијата да „употреби сила“, додека челниците на протестите порачаа дека нема да отстапат од јасните барања.

Владата ја донесе ревидираната Фискална стратегија за 2022-2024

Владата денеска на 124-тата седница ја донесе ревидираната Фискална стратегија на Република Македонија за 2022-2024 (со изгледи до 2026), како клучен инструмент за среднорочно буџетско планирање и при креирањето на среднорочната фискална рамка.

Владината прес-служба соопшти дека ревидирањето на Фискалната стратегија на Република Македонија за 2022-2026 година е во согласност со праксата на развиените земји и е неопходнo заради промените настанати во тековната 2021 година во однос на макроекономските и фискалните параметри.

– Подобрувањето на управувањето со јавни финансии, а со тоа и на Фискалната стратегија како еден од најважните стратешки документи на една влада е поставено меѓу клучните приоритети на Владата, а се базира на определбата за постигнување на фискална консолидација и одржливост на јавните финансии; на забрзан економски раст, на зголемен обем на реализација на јавните инвестиции, на подобреното буџетско планирање согласно меѓународни пракси, на зголемувањето на фискалниот капацитет и дисциплина на општините, како и на подобрената фискална транспарентност, соопшти Прес-службата на Владата.

Среднорочната фискална стратегија, се посочува во соопштението, e во согласност со среднорочните фискални цели и стратешките приоритети на Владата, како и на утврдените стратешки приоритети за 2022 година, како што се обезбедување забрзан и одржлив економски раст, повисок животен стандард и квалитет на живот на граѓаните; справување со последиците предизвикани од светската пандемија предизвикана од пандемијата со КОВИД-19; успешно водење на пристапните преговори со Европската Унија; развивање на одбранбена политика во функција на развојот, независноста, територијалниот интегритет, безбедноста на граѓаните и колективната безбедност; владеење на правото, независност на правосудството, доследна и неселективна борба против криминалот и корупцијата со широка и обврзувачка транспарентност; квалитетно образование достапно за сите, согласно побарувачката на пазарот на трудот, развој и унапредување на културата и спортот; модерна и ефикасна јавна администрација, базирана на дигитализација која обезбедува квалитетни и брзи услуги за граѓаните и деловните субјекти; целосно спроведување на Охридскиот рамковен договор, градење на граѓанска држава со етничка и социјална кохезија, врз принципите на меѓусебна толеранција и почитување; и заштита на животната средина, зелен развој, намалување на аерозагадувањето и влијанието на климатските промени.

На денешната седница Владата ја донесе и Ревидираната стратегија за управување со јавниот долг на Република Македонија за 2022-2024, со проекција до 2026 година, со која се утврдува висината на јавниот долг на среден рок, максималниот износ на нето задолжување во првата година во која се однесува стратегијата, максималниот износ на ново издадени државни гаранции во првата година за која се однесува стратегијата и структурата на државниот долг.

– Ревидирана стратегија за управување со јавен долг ѝ дава рамка на Владата на Република Македонија за дејствување во насока на прудентно управување со јавниот долг на државата на среден рок и финансирање на потребите на државата со најнизок можен трошок, на среден и долг рок, и со одржливо ниво на ризик, информира прес-службата на Владата. /МИА

Мицкоски: Само преку спортот имаме здрав дух

 „Да спортуваме и да растеме со спортот бидејќи само во спортот имаме здрав дух.“

Почитувани,

На покана на градоначалникот еве и јас сум денеска тука, да го отвориме овој Спортски центар. За жал некои работи во животот се случуваат и не можеме да се вратиме назад и да ги спречиме тие работи да се случат.

Но, она што најмалку можеме да направиме е токму ова што денеска го правиме.

Градоначалникот кажа во суштина се поврзано со овој Спортски комплекс, јас немам што повеќе да додадам освен тоа да остане вечното памтење и да го користат младите овдека во општина Аеродром овој Спортски комплекс колку што е можно повеќе, да спортуваме и да растеме со спортот бидејќи само во спортот имаме здрав дух.

А, духот ќе ни биде многу потребен во периодот кој што следи бидејќи состојбата во државата таква каква што е навистина е сложена и здрав дух ќе ни биде потребен и многу дух во суштина ќе ни биде потребен за да ги пребродиме сите овие предизвици кои што се пред нас.

Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ

притисни ентер