Караванот „Најдоброто" во Струмица: По убедливата победа на 17 октомври, продолжуваме - Канал 5

Караванот „Најдоброто" во Струмица: По убедливата победа на 17 октомври, продолжуваме

На промоцијата на кандидатот на СДСМ и на Коалицијата за градоначалник на Општина Струмица Костадин Костадинов и советничката листа, пред присутните граѓаните се обратија градоначалникот на Струмица Коста Јаневски .

Караванот „Најдоброто" во Струмица: По убедливата победа на 17 октомври, продолжуваме

Се обрати и носителот на листата за советници Марјан Даскаловски.

Имав можност да бидам дел од тимот на една од најуспешните општини, гледав како Струмица продолжува да расте и да се развива, сигурен сум дека има потенцијал да биде уште поубава и уште понапредна, вложуваме да го креираме најдоброто за идните генерации, истакна градоначалникот на Струмица Коста Јаневски, додавајќи дека е време една нова генерација да зачекори и да го обликува своето утре за идните генерации.

Струмица испишува успешна приказна, верувам дека ќе продолжи така, нагласи обратија градоначалникот на Струмица Коста Јаневски.

Носителот на советничката листа за Општина Струмица Марјан Даскаловски истакна дека со СДСМ низ годините наназад, се совладани бројни бариери, прифатени безброј предизвици и извојувани значајни победи за доброто на граѓаните.

Ми претставува чест и огромно задоволство што повторно ја предводам кандидатската листа на советници на СДСМ и коалицијата. Тоа не е каква било листа, туку победничката листа на претстојните локални избори кои ќе се одржат на 17 октомври, листа која ќе го даде мнозинството членови во идниот Совет на Општина Струмица, и кои заедно со идниот градоначалник на Општина Струмица Костадин Костадинов ќе го креираат развојот на нашата општина до 2025 година, порача Даскаловски.

YouTube video

Условни затворски казни за навивачите кои обесија кукла со ликот на Винисиус

Четворица навивачи на Атлетико Мадрид се осудени на вкупно 64 месеци условна затворска казна за злосторства од омраза против напаѓачот на Реал Мадрид и на бразилската репрезентација, Винисиус.

Условни затворски казни за навивачите кои обесија кукла со ликот на Винисиус

Инцидентот се случи во јануари 2023 година кога четворицата навивачи на Атлетико закачија црна кукла облечена во дресот на Винисиус на еден од градските мостови, со натпис „Мадрид го мрази Реал“ пред натпреварот меѓу Атлетико и Реал во Купот на Шпанија.

Првиот обвинет е осуден на вкупно 22 месеци, од кои 15 месеци за злосторства од омраза и дополнителни седум месеци за закани и споделување фотографии од стореното кривично дело преку интернет, додека преостанатите тројца се осудени на по седум месеци за злосторства од омраза и по седум месеци за закани.

Сите четворица осудени потпишаа писмо со извинување упатено до Винисиус, Реал, Ла Лига и Шпанската фудбалска федерација./MИА

Вирц в петок на медицински прегледи пред трансферот во Ливерпул

 Германскиот фудбалски репрезентативец Флоријан Вирц ќе допатува в петок во Англија на задолжителните медицински прегледи пред неговиот трансфер во Ливерпул, објави денеска „Скај Спортс“.

Вирц в петок на медицински прегледи пред трансферот во Ливерпул

Вирц ќе се пресели во редовите на новиот англиски првак од Баер Леверкузен, откако двата клуба се договорија за трансферна сума од 116,5 милиони фунти, од кои 100 милиони се загарантирани, а остатокот во форма на потенцијални бонуси.

Во зависност од неговите перформанси, годишната плата на Вирц ќе биде од 195.000 до 245.000 фунти неделно.

Трансферот на Вирц се случува на негово барање, одбивајќи да биде продаден на друг тим.

„Скај Спортс“ наведува дека Вирц совршено се вклопува во тактичката поставеност на Ливерпул и во англискиот тим гледа најдобар потенцијал за развој.

Минатата сезона, Вирц одигра 31 натпревари во Бундеслигата и заврши со десет голови и 13 асистенции. /МИА

Нетанјаху сугерира дека убиство на врховниот лидер на Иран би го завршило конфликтот

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху посочи дека атентат врз врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, ќе „го заврши конфликтот“ меѓу двете држави.

Нетанјаху сугерира дека убиство на врховниот лидер на Иран би го завршило конфликтот

„Тоа нема да го ескалира конфликтот, туку ќе го заврши конфликтот“, изјави Нетанјаху за Еј-Би-Си-Њуз во интервју кога беше прашан за извештаите дека американскиот претседател Доналд Трамп стави вето на израелскиот план за убиство на врховниот лидер од загриженост дека тоа ќе ја интензивира пресметката меѓу Иран и Израел.

„„Вечната војна“ е она што го сака Иран, а тие нè доведуваат до работ на нуклеарна војна“, рече Нетанјаху.

„Всушност, она што го прави Израел е спречување на ова, ставање крај на оваа агресија, а ние можеме да го сториме тоа само ако се спротивставиме на силите на злото“.

притисни ентер