Каранфилова-Пановска: Добивме уверување од ПЕС дека ќе гласаат за извештајот во Афет - Канал 5

Каранфилова-Пановска: Добивме уверување од ПЕС дека ќе гласаат за извештајот во Афет

Каранфилова-Пановска: Добивме уверување од ПЕС дека ќе гласаат за извештајот во Афет
СДСМ добиле уверување од Партијата на европските социјалисти дека нивните европартеници ќе дадат поддршка за извштајот за напредокот на Македонија. Follow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • ТТ: https://tinyurl.com/59kck7ap • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights Reserved

Ангелов: Човечкиот фактор е причина за дел од пожарите

 Тоа апсолутно зборува за намерни палежи затоа што ако ние дојдовме таму по два часа, немаше да ги најдеме палетите, ниту остатоците. 

Ангелов: Човечкиот фактор е причина за дел од пожарите

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов во контекст на сомневањата дека дел од пожарите се подметнати изјави дека пожарникарите кои учествувале во гаснењето на пожарот во Чучер Сандево на повеќе места нашле запалени палети и им мирисало на бензин.

- Тоа апсолутно зборува за намерни палежи затоа што ако ние дојдовме таму по два часа, немаше да ги најдеме палетите, ниту остатоците. Ќе имаше само пепел, рече Ангелов синоќа во гостување на телевизија Телма.

За пренамената на возилата на интервентната пожарна, Ангелов рече дека се правени со поддршка на општествено-одговорни компании, без средства од Владата.

- Во овој момент во државата постојат Републички сили за заштита и спасување или тим за заштита и спасување кои што се составени од тим за брз одговор. Во овој момент, најслично име што ќе го носи оваа единица е специјален тим за брз одговор. Сега работиме на прилагодување на одредбите, но и тоа бара време. Не заборавајте дека еден и пол месец сум директор. Направив 100 промени за овој месец и пол, истакна Ангелов.

Негова цел, како што кажа, е да се формира специјална единица за заштита и спасување за која, како што рече, е цврсто решен да ја направи.

- Ние имаме резервен состав на противпожарни сили, ако можам да кажам, тоа се доброволните противпожарни друштва кои што имаат извонредни припадници, но тие не се професионални пожарникари. Се ангажираат претежно летно време за гаснење на исклучиво шумски пожари и пожари на отворен простор, но, не гледам причина овие луѓе да бидат ангажирани за гаснење на урбани пожари, со мала дообука, иако, според мене, не им е потребна, рече Ангелов.

Италија и Германија наводно се заканиле со повлекување од „Евросонг“, ако Израел биде исфрлен од натпреварот

Италија и Германија наводно се заканиле дека ќе се повлечат од „Евросонг“, доколку на Израел му биде забрането учество. 

Италија и Германија наводно се заканиле со повлекување од „Евросонг“, ако Израел биде исфрлен од натпреварот

Прашањето се дискутира на Генералното собрание на Европската радиодифузна унија (ЕБУ) - организаторот на музичкиот натпревар.

ЕБУ го почна своето 94. Генерално собрание минатата недела. Меѓу главните теми на дискусијата е и влијанието на глобалната политика врз „Евровизија“, особено учеството на Израел. Натамошното учество на оваа земја на натпреварот е во средиштето на многу разговори и протести последниве две години, поради војната против Палестинците. Во разговор за „Ен-12 њуз“ (N12News), поранешниот член на израелската делегација на „Евровизија“, Амир Алон тврди дека јавните радиодифузери на Италија и Германија се заканиле дека ќе се повлечат од Евровизискиот натпревар доколку Израел биде исклучен без јасни законски и правни основи за тоа - истите аргументи што самата Израелска радиодифузна корпорација (КАН) го користи во своја одбрана.

Во рамките на натпреварот почнуваат да се формираат два табора, бидејќи земјите што го поддржуваат континуираното учество на Израел почнуваат отворено да ги изразуваат своите ставови. Така, две од петте земји од „Големата петка“, Италија и Германија, наводно, инсистираат дека нема да толерираат отстранување на Израел.

КАН тврди дека целосно ги почитува прописите на ЕБУ и ја нагласува својата уредничка независност од израелската влада. Оваа поента беше потврдена од самата ЕБУ во официјална изјава по нејзиното последно Генерално собрание. Овој став го разликува случајот на Израел од случајот на Русија и Белорусија, чии јавни радиодифузери се сметаат за пропагандни алатки на тамошните власти.

Полските борбени авиони во зголемена готовност поради рускиот напад врз западна Украина

Полски и сојузнички воени авиони утрово полетаа за да го заштитат полскиот воздушен простор, соопшти Оперативната команда на полските вооружени сили.

Полските борбени авиони во зголемена готовност поради рускиот напад врз западна Украина

Тревога беше огласена откако Русија почна воздушни напади врз западна Украина, во близина на полската граница.

Поголемиот дел од западна Украина беше во воздушна готовност речиси три часа по предупредувањата од украинските воздухопловни сили за напад со руски ракети и беспилотни летала.

притисни ентер