Каракачанов: Скопје сака да ги поддржиме, а потоа да ни забодат нож во грб

Бугарското вето на Македонската интеграција во Европската Унија е последица на домашните политички предизвици на власта во Софија, оценува германската дипломатка Гудрун Штајнакер. 

Односите Скопје – Софија продолжуваат да се затегаат. Иако македонската страна се уште одржува пријателската реторика во надеж за договор, бугарскиот вицепремиер Красимир Каракачанов ја вжештува атмосферата обвинувајќи ја Македонија дека сака да и’ забие нож на Бугарија.

Каракачанов во интервју за БНТ обвинува за уривање на бугарски споменици, фалсификување историја.

Своја анализа за однесувањето и барањата на Бугарија даде и поранешниот заменик-амбасадор на Германија кај источниот сосед, Гудрун Штајнакер, а тврдењето дека македонскиот јазик е дијалект на бугарски го нарече невиден апсурд. Штајнакер смета дека разнишаното столче на сегашната бугарска Влада, токму кога претсојат избори во земјата се главната причина за националистичките подвизи на државниот врв.

Барањето на Бугарија до Македонија е навредливо, провокативно, ненаучно, нереално. Многу транспарентен потфат, мотивиран од домашни политички причини. И германската влада мора да го искористи своето претседателство со ЕУ за да ја убеди бугарската влада и особено премиерот и лидер на ГЕРБ, чие име дефинира „европско“, да ја преземе одговорноста за Европа и да им остави на експертите да ги решаваат споровите околу историјата и јазикот

Штајнакер додава Политичката елита во Бугарија треба да се погрижи за нешто сосема друго - конечно да ги напишат своите домашни задачи во борбата против корупцијата.

Премиерот Зоран Заев вчера во интервју за Франс прес рече дека ветото на бугарија за почеток на преговори е непријатно изненадување, а секое прашање поврзано со македонскиот идентитет е црвена линија. Уште една шанса до крај на годинава Македонија да ги започне преговорите за членство ЕУ има на 8 декември, за кога е закажан Советот за општи работи но се уште е неизвесно дали преговарачката рамка за земјава ќе се најде на агендата.

Фото: Адријана Лима позира гола под месечевата светлина

Бразилската манекенка Адријана Лима објави нова фотографија на Инстаграм на која позира целосно гола.

Славната манекенка го покажа своето совршено тело позирајќи гола на месечевата светлина.

-Кога ќе се сретнат двете Месечини, напиша Адријана во описот на објавата.

Иако манекенката минатиот месец наполни 40 години, се уште изгледа феноменално и не покажува знаци на стареење.

Фото: Ѓоковиќ со белгиските гимнастичарки стана хит на интернет

Новак Ѓоковиќ повторно воодушеви бројни фанови на спортот ширум светот, неговиот ведар дух и дружељубивост секогаш се препознаваат.

Овој пат тој влегол на тренинг од олимписки гимнастичарки и им се придружил.

На интернет стана хит фотографијата која на својот Инстаграм профил ја објави белгиската олимписка гимнастичарка Нина Дерваел.

На фотографијата Нина вежба пред натпреварот а во изведувањето на шпага и се придружил и Новак Ѓокович и уште некои белгиски натпреварувачки.

„Кога Новак Ѓоковиќ ќе те замоли за фотографија, едноставно не можеш да одбиеш“, напиша Нина во описот на фотографијата.

Насмевнатиот Ѓоковиќ со шпагата ги освои срцата на фановите на белгиската натпреварувачка, а објавата е преполна со позитивни реакции.

Видео: Американски пожарникари возат низ голем пожар

Шумските пожари и понатаму беснеат на западот од САД.

Се бележат рекордни теператури, многу граѓани морале да ги напуштат своите домови, а пожарникарите се борат против пожарите во екстремни услови.

Двајца пожарникари загинале во пад на авион. На северот од Невада, недалеку од границата со Калифорнија, дошло до масовна евакуација поради избивање на пожар предизвикан од гром. Еден пожар создал голем облак од чад и пепел кој во комбинација со временските услови создал сопствени молњи.

Во Орегон пожарот зафаќа површина од 311 километри квадратни.

Пожарникарите објавија снимка од возење во сред пожар. Погледнете ја:

притисни ентер