Каракачанов: Пред Грција да го покренеме прашањето за подигнување споменик на Гоце Делчев близу Баница - Канал 5

Каракачанов: Пред Грција да го покренеме прашањето за подигнување споменик на Гоце Делчев близу Баница

Ова ќе беше добра можност, заедно со нашите браќа од Македонија, како што вели Договорот за добрососедство, заедно да го одбележиме споменот на Делчев. 

Каракачанов: Пред Грција да го покренеме прашањето за подигнување споменик на Гоце Делчев близу Баница

Бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана Красимир Каракачанов во објава на Фејсбук по повод 117-тата годишнина од смртта на Гоце Делчев, повика Бугарија и Македонија пред Грција да го покренат прашањето за подигнување споменик на местото на неговото загинување близу селото Баница.

– На денешен ден пред 117 години херојски загина Гоце Делчев. Во близина на селото Баница, Серско (денешна Грција), Делчев влезе во битка и го загуби животот, без да го дочека избувнувањето на Илинденското востание неколку месеци подоцна. Ова ќе беше добра можност, заедно со нашите браќа од Македонија, како што вели Договорот за добрососедство, заедно да го одбележиме споменот на Делчев. Се надевам дека причината зошто не се случи тоа не е неподготвеноста на политичарите во Скопје, туку коронавирусот, пишува Каракачанов на Фејсбук.

Каракачанов во објавата посочува и дека „додека ние се расправаме чиј е Делчев, неговиот гроб стои необележан некаде зад олтарот на црквата во уништеното село Баница".

– Зарем не е време заедно, како братски држави, пред нашиот партнер Грција да го покренеме прашањето за поставување спомен-обележје на Гоце Делчев и таму заедно да го одбележуваме сеќавањето на него? И можеби таму во урнатините на селото Баница, каде се уште е духот на Гоце Делчев, ќе добиеме помирување и просветлување за тоа што всушност беше тој, наведува Каракачанов. /МИА.

Јаневска: По една година имаме видливи резултати во образованието, ќе станат јасно видливи на крајот на мандатот на оваа влада

Образованието тргна од длабок минус, минимум квалитет и крајно незадоволителен. За жал, во изминатите седум години во образованието не беше направено ништо за тоа да се придвижи кон европскиот образовен простор. 

Јаневска: По една година имаме видливи резултати во образованието, ќе станат јасно видливи на крајот на мандатот на оваа влада

По една година имаме видливи резултати, кои ќе станат јасно видливи на крајот на мандатот на оваа влада, истакна министерката за образование и наука Весна Јаневска на панел-дискусијата „Ги градиме темелите на промените. За твоето време кое доаѓа!“ организирана по повод една година од оваа Влада.

Нагласи дека за една година, со обединување на сите надлежни институции МОН, БРО, ДИЦ, ДПИ, училиштата и сите чинители во образовниот кон единствена цел - модерен систем на образование, поставени се, рече, стабилни темели на пет значајни столба: зајакната легислатива со донесување пет закони и до крајот на годината уште неколку нови, инвестиции во инфраструктура – седум објекти се изградени и 20 се во фаза на реновирање или доградба, проектот за едносменска настава и оптимизација на училишната мрежа, потоа модернизација на наставата со воведување нови наставни планови и програми, набавени учебници минатиот 1 септември кои ќе ги има и на почетокот на следната учебна година.

Како што рече, и во високото образование и науката се носат нови закони, меѓу кои Законот за квалитет на високото образование. Нагласи дека двојно повеќе од лани, односно околу 680 милиони денари, се издвоени за наука и истражување и се отворени три повици за факултети, научни институти и МАНУ, а одѕивот е, рече таа, повеќе до задоволителен.

Информираше дека првпат е уплатен комплетен пристап до научни бази, како што е Web of Science, и се отворени вратите за докторски студии на наши научници во врвни европски истражувачки центри. Исто така, соопшти министерката, почнат е концепт за дуално образование и во високо образование - на Машинскиот факултет кој, рече, има соработка со престижни германски факултети.

Јаневска кажа дека цели во модернизација на образованието се дигитализација и понатаму воведување вештачка интелигенција во наставата.

-Воведувајќи модернизација на образовниот систем го фаќаме последниот воз за да влеземе во европскиот образовен простор, зашто досега иако вербално тоа го сакавме, немаше таква реална можност. За жал, во седум години во образование не беше направено ништо за да не придвижи кон европскиот образовен простор ... Градиме модерен систем на образование со една цел - нашите ученици, нашите млади, да почнат да градат и да веруваат во вистински вредности и да се надградуваат себеси, да развиваат компетенции, вештини, способности и да ја сакаат државата. Да може да излезат на пазарот на трудот дома и на глобално ниво, истакна Јаневска.

Како што рече, „од ден на ден успеваме да направиме тоа што треба“, со многу труд и со работа од 12,14 и повеќе часови на ден, и оти во тоа е вклучено не само МОН, туку и другите институции од образованието. Притоа порача дека за да може да се поправи нешто, сите чинители во образовниот систем треба да ги знаат предизвиците и проблемите, а нејзе тие и се познати од претходно бидејќи како претседател на партиската Комисија за образование на ВМРО-ДПМНЕ постојано била во контакт со наставници, родители и претставници на институциите.

Јаневска: Квалификациското тестирање е законско, оценувањето е проблем во државава и треба да се промени

 Квалификациско тестирање е по закон и е предвидено со Конкурсот за упис на ученици, рече министерката за образование и наука Весна Јаневска по реакции на родители дека во средното училиште „Геогри Димитров“ во Скопје.

Јаневска: Квалификациското тестирање е законско, оценувањето е проблем во државава и треба да се промени

Квалификациско тестирање е по закон и е предвидено со Конкурсот за упис на ученици, рече министерката за образование и наука Весна Јаневска по реакции на родители дека во средното училиште „Геогри Димитров“ во Скопје било спроведено „вонредно тестирање“ за прием на ученици во прва година во учебната 2025/2026 година.

Одговарајќи на новинарско прашање, Јаневска рече дека родителите и учениците треба да знаат за она што е предвидено со конкурсот – квалификациско тестирање кога има повеќе заинтересирани кандидати отколку што има слободни места, доколку сите имаат еднаков успех од завршеното основно образование.

Притоа посочи дека проблем во државава е оценувањето и успехот со сите петки и дека често наставниците трпат притисок од родителите за децата да им бидат „скроз одлични“. Тоа, рече Јаневска, води кон неквалитет во образованието. Порача дека оценувањето треба да се промени, а една од алатките е новината во новиот закон - наставничкиот совет да нема надлежност за поправање оценки.

-Наставниците и родителите треба да се свесни дека има реално рангирање на знаењето. Тие што имаат знаење, ќе бидат запишани, тие што ќе бидат со помалку бодови имаат шанса на второто пријавување на 30 јуни да се запишат во средно таму каде што има слободни места, рече Јаневска одговарајќи на новинарско прашање на панел-дискусија по повод една година од мандатот на оваа Влада.

Според информациите што ги има, рече, немало пријава или жалба за квалификациското тестирање во „Георги Димитров“ кое, исто така, било спроведено уште во едно средно училиште во Скопје.

-Вчера сите пристапиле на испитот, немало никакви проблеми и немаше пријава или жалба за спроведувањето. Колку што ми е познато, сношти во рок се објавени резултатите, додаде министерката за образование и наука.

Прашана дали во нашиот образовен систем може да се воведе хоум скулинг како начин на настава. Јаневска одговори дека во овој момент нема реални можности ниту потреба да се спроведе, освен за деца за кои е неопходно, за што МОН подготвува проект кој наскоро ќе го промовира.

-Затоа што кризата во короната покажа дека нашите ученици, родители и помал број наставници не се спремни за такво нешто, за онлајн настава нема ни услови во домот, ниту нашите наставници се обучени, рече Јаневска.

НБ: Надворешниот долг на крајот на март 4.630 милиони евра

Надворешен долг, побарувања и меѓународна инвестициска позиција во првото тримесечје од 2025 година

НБ: Надворешниот долг на крајот на март 4.630 милиони евра

Објавено е редовното статистичко соопштение за позначајните промени кај надворешниот долг, надворешните побарувања и меѓународната инвестициска позиција.

На крајот на првиот квартал од 2025 година:

На 31.3.2025 година, нето надворешниот долг изнесува 4.630 милиони евра (или 28,4% од проектираниот БДП), и не бележи значителна - промена во однос на минатиот квартал. Од аспект на структурата, приватниот нето-долг и натаму има поголемо учество во вкупниот нето-долг со 67,9%.

Во текот на првиот квартал од 2025 година, негативната нето меѓународна инвестициска позиција (МИП) изнесува 8.960 милиони евра, што претставува 54,9% од проектираниот БДП за 2025 година.

Најновото соопштение за позначајните промени кај надворешниот долг, надворешните побарувања и меѓународната инвестициска позиција е достапно на следната врска: https://www.nbrm.mk/content/statistika/Soopstenija/ND%20NP%20MIP/2025/Soopstenie_dolg_MIP_kv.1_2025.pdf

Народна банка на Република Македонија

притисни ентер