Капитол како воена зона , додека трае расправата за Трамп (ФОТО)

Седницата на која Конгресот на САД расправа за отповикување на претседателот Доналд Трамп е обезбедувана од огромен број припадници на Националната гарда.

Капитол е полн со војници под оружје, за што сведочат и фотографиите, а некои новинари на социјалните мрежи коментираат дека Конгресот изгледа како воена база.

Да потсетиме, Претставничкиот дом денеска изгласа резолуција за отповикување, обвинувајќи го републиканскиот претседател за поттикнување бунт во говорот пред неговите приврзаници пред тие насилно да упаднат во Капитол на САД, седиштето на парламентот, што резултира со пет смртни случаи.

Македонско –бугарската комисија не постигна никаков договор, не се расправало за Гоце Делчев

Денеска заврши дводневната средба на  Комисијата – Скопје/Софија. 

Изминатите два дена Комисијата ја одржа 12. средба. Според предложениот дневен ред за работа, тема на дискусија беа прашањата поврзани со содржината на Записникот од 10. Средба, изготвување на препораки за учебниците по историја со цел надминување на споровите кои произлегуваат од различните и силно исполитизирани толкувања на минатото и усогласување на текст препорака за заедничко чествување на Гоце Делчев.

Во однос на прашањата со записникот, членовите на Комисијата го усвоија записникот и беше утврдено во текот на месец март членовите на Комисијата да работат на усвојување на записникот од 11. средба и Годишниот извештај на Комисијата.

Во однос на дискусијата за учебниците по историја, како и на претходната средба, не беше постигнат напредок. И покрај конструктивната дискусија и желбата да се постигне напредок, не беше постигната согласност во однос на прашањата поврзани со средновековието. Остануваат големите разлики во пристапите и разбирањето на улогата на историското образование и образовните политики. Со оглед на продолжената на дискусијата за учебниците по историја, на оваа средба, Комисијата не го отвори прашањето за Гоце Делчев и негово евентуално заедничко чествување, иако беше на дневен ред.

Дискусијата по овие теми ќе продолжи на следната средба на Комисијата, која треба се одржи на 22 и 23 април 2021 година, соопшти МНР.

Заев : Денеска ја доставив мојата кандидатура за претседател на СДСМ

Денеска ја доставив мојата кандидатура за претседател на СДСМ - Социјалдемократски сојуз на Македонија, напиша на својот Фејсбук профил премиерот Зоран Заев.

Пред членовите на партијата излегувам сo Програма: Нова политика – СДСМ прв во промените!

Ја барам поддршка за нов мандат како претседател, на првите директни внатрепартиски избори што ќе се одржат на 21 март.

Доколку ја добијам довербата, со мојот нов мандат, најавувам досега најголема политичка акција за промена на начинот на функционирање и менталитетот на политичките партии во нашата земја, почнувајќи токму од СДСМ.

Нова политика – Пролетна офанзива за нов пресврт во политичкото делување на #СДСМ и Македонија.

Страшен пожар во Калифорнија, горат индустриски објекти и автобуси (ВИДЕО)

Утрово, индустриската област на калифорнискиот град Комптон бил зафатен од огромен пожар што зафати неколку згради и голем број автобуси.

Огнот прво ја зафатил депонијата за палети, а потоа се проширил на блиската автобуска станица. Уништени се неколку згради и автобуси. Чадот се гледал од неколку километри, пишува ABC7.

На терен има повеќе пожарникари кои се обидуваат да го спречат ширењето на пожарот.

Засега нема извештаи за повредени и не е познато што го предизвикало пожарот.

притисни ентер