Канје Вест ќе и го одбере невестинскиот фустан на Ким

Ким Кардашијан и Канје Вест конечно го одредија датумот на венчавката, која ќе се одржи на 24 мај во Париз, точно седум месеци по објавувањето на свршувачката.

Датумот не е избран случајно бидејќи токму тие денови, според астролошките предвидувања, низ Земјината атмосфера треба да прелета комета, што како резултат ќе даде дожд, кој ќе произведе од 100 до 400 метеори на час.

„Ќе биде тоа мала, интимна церемонија. Додека планиравме, сфативме дека сакаме да биде мала, и многу интимна за разлика од луѓето кои очекуваат нешто огромно“, изјави неодамна Ким Кардашијан.

Канје за тој ден подготвува низа изненадувања за својата сакана, што неа ја доведува во многу непријатна ситуација.

„Опседнат е со создавање на вистински момент. Сега планира многу изненадувања, па Ким знае што ќе се случува на нејзината венчавка. Во исчекување е за многу детали и тоа не ја прави баш среќна“, изјавил извор близок до семејството.

Двојката би требало да се венча на Шанзелизе, а Канје контролира се околу венчавката, па дури и тоа како ќе изгледа фустанот на Ким.

Двајца премиерлигаши уапсени поради силување

Англиските медиуми објавија вознемирувачки вести. Двајца 19-годишници, кои се професионални фудбалери во Премиер лигата, се уапсени поради обвинение за силување минатиот викенд, а информацијата ја потврдија од англиската полиција.

Не е наведено во која екипа настапуваат фудбалерите, ниту е познат нивниот идентитет, но познато е дека и двајцата играат за истиот тим кој се натпреварува во елитното ниво на англискиот фудбал.

Според британски „Телеграф“, еден од играчите бил сослушан на клупскиот стадион, додека другиот е приведен бидејќи е осомничен дека помагал во извршување на кривично дело.

Сексуалниот напад за кој се обвинети фудбалерите се случил во петокот, а жртвата веднаш се јавила во полиција, а неколку часа подоцна поднела официјална пријава.

Се наведува дека клубот нема дополнително да коментира и дека работата е во рацете на полицијата.

Ова не е прв пат да се случи ваква ситуација во Премиер лигата. Претходно беа покренати обвиненија против Мејсон Гринвуд и Бенџамин Менди, но на крајот ниту еден од двајцата фудбалери не беше осуден. /МИА

Сончево, попладне со услови за краткотраен дожд

Времето денеска е сончево со мала до умерена облачност.

Попладне наместа ќе има зголемена облачност со услови за краткотраен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од југозападен правец. Во втората половина од ноќта ќе има зголемување на облачноста и на повеќе места ќе има врнежи од дожд. Максималната температура ќе биде во интервал од 16 до 25 степени Целзиусови.

И во Скопје е сончево со мала до умерена облачност. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголемува и во втората половина од ноќта ќе има повремени врнежи од дожд. Максималната температура ќе достигне до 21 степен Целзиусов.

Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), утре ќе има повремени врнежите од дожд, а на планините повремен снег. Локално врнежите повремено ќе бидат поројни, проследени со појава на ретки грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 10, а максималната од 5 до 18 степени Целзиусови. Во Скопје минималната температура ќе биде 8, а дневната ќе достигне до 15 степени Целзиусови.

Од петок следува период на претежно стабилно и потопло време со пораст на температурите на воздухот.

Повеќе скопски села и населби утре без струја

Без струја утре од 8:30 до 14:00 часот ќе бидат дел од корисниците од улицата „Максим Горки“ и реонот Дом на градежници во општина Центар.

Во периодот од 9:00 до 14:00 часот утре без струја ќе останат поголемиот дел од потрошувачите на улица „Ринхини“ во општина Ѓорче Петров, а од 9:00 до 10:30 часот дел од корисниците од селата Визбегово, Мирковци, Бразда, Глуво, Чардак, Оризари.

Без електрична енергија од 9:00 до 15:00 часот утре ќе бидат корисниците од улица „Кавалска“ во општина Кисела Вода, а од 9:00 до 12:00 часот корисниците на патот за Долно Лисиче, од Кодакопласт, кон Паци Петрол до реката, од црлвата „Св.Петар и Павле“ по патот кон Долно Лисиче во општина Аеродром.

Без струја утре од 9:00 до 10:00 часот ќе бидат дел од корисниците од улица „4031“ во село Марино, општина Илинден, а од 9:00 до 13:00 часот корисниците од булевар „Борис Трајковски“, од Техноскоп до кружниот тек пред Драчево.

Во периодот од 10:30 до 12:00 часот без струја ќе бидат корисниците од селата Сандево, Бањане, Горњане, дел од Мирковци, а од 13:00 до 15:00 часот дел од корисниците лоцирани на улиците „Исаија Мажовски“ и „Воин Драшкоци“ во општина Ѓорче Петров.

Како што информира РЦУК - Скопје, прекините се поради планирани технички зафати во електродистрибутивната мрежа на Град Скопје.

притисни ентер