Канцеларот Шолц: Ќе нема недостиг на гас, само ќе биде поскап

Канцеларот Олаф Шолц им вети на германските граѓани целосна поддршка во однос на инфлацијата и растот на цените на енергијата оваа есен и зима.

„Ќе направиме сѐ за да им помогнеме на граѓаните да ги пребродат овие тешки моменти. И затоа Владата, покрај постоечките мерки, е решена наесен да воведе и нови за да ги растерети граѓаните“, рече тој.

Шолц рече дека „Германија живее во тешки времиња“ и дека ќе биде на тест, но дека не очекува дека поскапувањето на енергијата ќе доведе до социјални немири. „Не верувам дека ќе има социјални немири, а тоа е затоа што Германија е социјална држава“, рече Шолц. Тој додаде дека државата „никого нема да остави на цедило“, имајќи ги предвид пред сѐ граѓаните со помали примања.

Тој изјави дека Владата се соочува со проблеми околу снабдувањето со енергетски производи, кои делумно се резултат на одлуките на претходните влади. „Во минатото донесовме одлуки за напуштање на јагленот како енергенс за производство на електрична енергија, како и нуклеарните централи, но истовремено не ја дефиниравме брзината на модернизација на индустријата за да се префрлиме на обновливи извори на енергија“, рече Шолц.

Истовремено, тој нагласи дека нема да има недостиг од гас, меѓу другото, поради зголемената употреба на течниот гас како замена за природниот гас од Русија. „Гасот ќе поскапи, но ќе го има доволно“, посочи Шолц.

Тој се залага за изградба на гасовод од Португалија преку Шпанија и Франција до централна Европа со цел да се одвои Европа од енергетската зависност од Русија. „Таков гасовод сега значително би го олеснил снабдувањето“, рече Шолц.

За тоа разговарал со лидерите на Шпанија, Португалија, Франција и Европската комисија во Брисел и лобирал за воспоставување на ваков проект. Германскиот канцелар се осврнал и на војната во Украина, нагласувајќи дека Германија ќе продолжи да ѝ помага на таа земја и рече дека е скептичен во однос на барањето да им се забрани на руските државјани да влезат во Европската унија.

„Тоа е војна на Владимир Путин и затоа би имал проблем да ги казнам сите граѓани на Русија“, рече Шолц. Тој нагласи дека ќе продолжи да спроведува санкции против поединци кои го поддржуваат рускиот напад врз Украина.

Фото: Екс шампионка на Вимблдон ќе заработува со провокативни фотки!!

Од шампионка на Вимблдон до сајт за возрасни!

Поранешната руска тенисерка Софија Жук отвори профил на платформата „Onlyfans“, каде планира да заработува со прикачување на своите жешки фотографии.

Пред осум години атрактивната Софија многумина ја споредуваа со нејзината многу попозната и трофејна сонародничка Марија Шарапова.

Софија Жук стана јуниорска шампионка на Вимблдон во 2015 година, победувајќи ја сонародничката Ана Блинкова со 7:5, 6:4 во битката за трофејот.

Тогаш имаше само 16 години, познавачите на белиот спорт и предвидуваа голема кариера и ја споредија со славната Марија Шарапова и по талент и по убавина.

Но потоа убавата тенисерка започна често да се повредува , имаше огромни проблеми со грбот, поради што беше принудена да ја заврши кариерата многу рано уште во 2019 година.

- На моето тело му требаше одмор. Мојата состојба беше толку лоша што дури и лекарите не сакаа да ме лекуваат. Грбот ми се чувствуваше како да имам 60 години - изјавила Софија.

Имаше само 20 години кога ја заврши кариерата во тенисот, најдобриот пласман во сениорска конкуренција и беше 116-то место, а во кариерата од белиот спорт заработи околу 400.000 долари. Сега Софија одлучи да живее само од убавина и да им наплаќа на фановите за своите фотографии.

- Се занимавам со манекенство, но сакам да се занимавам и со нешто друго на страна. Дојде моментот што го чекавте. Отворив сметка на „Onlyfans“ – открила Жукова.

Сепак, една работа никогаш нема да ја направи. Нема намера да се сликате целосно голи.

„Flightradar“ во еден ден следен рекордни над 250 000 летови

„Flightradar“ сними неверојатна сцена на небото.

Интернет сервисот „Flightradar“ кој служи за следење на авионите во реално време преку нивните транспондери ADS-B, се пофали со рекордот.

Имено, минатиот четврток тие следеле вкупно 251.829 летови, што е првпат да забележат повеќе од 250.000 летови во еден ден.

Бидејќи на северната хемисфера започна летната туристичка сезона, се очекува наскоро овој рекорд повторно да биде соборен.

Голем број твитерџии која ја видела објавата на „Flightradar“ забележале „дупка“ на територијата на Украина, каде поради воени операции нема прелети на цивилни авиони.

Украина целосно го затвори својот воздушен простор за цивилни авиони на 24 февруари 2022 година, денот кога започна нападот на Русија, а повремено се зборуваше во јавноста дека некои цивилни летови може да бидат обновени, што не се случи.

Лудост-Жени се молат пред голема златна вагина, а мажите пред олтарот со голем пенис!

Контроверзни олтари за молитва на верници во Тајланд. Се молат пред златни вагина и пенис?!

Верниците во еден будистичкиот храм во провинцијата Након Рачасима во Тајланд се молат пред џиновската златна вагина.

Како што олтарот со огромната вагина добиваше голема популарност, верниците изградиле и олтар со голем пенис во храмот.

Мажи, будистички верници, сега доаѓаат во храмот за да се молат.

Големата вагина на олтарот е изработена од злато, а околу неа има осум мали женски полови органи, исто така од злато.

Секој ден жените клечат и се молат за плодност, среќа и да најдат маж, пред олтар висок 1,2 метри на женски полов орган.

Сместено е под дрво манго, а до него е змија со седум глави, која го „чува“ светиот женски полов орган. Големата вагина ја направила будистичката калуѓерка Наовараткочапорн Симетавонг, т.е. Мајка Брамин, со цел да ги прочисти жените од лошата среќа предизвикана од сторените гревови.

- Тука правиме церемонии за правење лекови за несреќните жени, особено оние кои абортирале. Мислам дека треба да ги почитуваме гениталиите бидејќи тие го претставуваат потеклото на животот и изобилството во светот. Не е ништо чудно, ниту необично – изјавила мајката Браман.

Откако е поставен олтарот со вагината, верниците постојано доаѓаат да и се молат. Секоја посета се наплаќа по околу 14 евра.

Многу брзо олтарот со огромна вагина добил голема популарност, по што храмот со помош на верниците изградил и олтар со голем пенис во ова будистичко светилиште.

На него има релјеф на машкиот полов орган во злато, а околу него осум мали пениси, исто така во злато. Мажи, будистички верници, сега доаѓаат кај олтарот да се молат.

притисни ентер