Канал 5 ТВ одговара на демантот на Тотал ТВ Македонија за сомнежите за нивна пиратерија!

Како професионален национален терестријален ТВ медиум, Канал 5 ТВ, го објави демантот на Тотал ТВ Македонија, но жалиме што мораме истиот аргументирано да го побиеме, при што остануваме на ставот за сомнеж за ТВ пиратерија, и...:  

Тотал ТВ , претставувана од нивниот управител , и Канал 5 ТВ исто така застапуван од нашиот управител на нивно барање, што може да се види од скриншотот 1, направија договор за реемитување на нашата ТВ програма на платформата EON ТВ Македонија. во траење од 1 год .
Тотал ТВ , покрај завршувањето на договорниот временски период ( 01.11.2021 ) продолжи со реемитување на програмата на Канал 5 ТВ преку својата платформа EON ТВ Македонија која ја нудеа на одреден број на свои корисници, со што се сомневаме дека направиле повреда на авторски и сродни права, што беше потврдено со едногласната одлука на медиумскиот регулатор - АВМУ ( види скриншот 2 ) и овој линк,
што резултираше со нивната претставка до МВР - центар за сузбивање на ОРГАНИЗИРАН и СЕРИОЗЕН КРИМИНАЛ , со цел покренување на кривична пријава за соодветите одговорни лица во Тотал ТВ:
Оваа своја одлука АВМУ ја базираше и довери верба на нашите сомнежи врз база на следниве документи:

Договор за реемитување на ТВ програми склучен на ден 01.11.2020 година за неекслузивно реемитување на програмите што Тв Каналот (КАНАЛ 5) ги произведува и емитува, а операторот ги реемитува во програмски пакет само и исклучиво на територија на Р.Северна Македонија преку ЕОН платформата, со рок на важност до 31.10.2021 година.

Нотарски записник за утврдување на факти за неовластено емитување на програмата на КАНАЛ 5 телевизија на платформата ЕОН ТВ член на Јунајтет групацијата видно од сајтот на www.totaltv.com/mk, составен од Нотар Лидија Смиљаноска на ден 03.02.2022 година ОДУ бр.23/22

Нотарски записник за утврдување на факти за неовластено реемитување на програмата на КАНАЛ 5 телевизија на платформата ЕОН ТВ Македонија преку овластениот претставник Тотал ТВ ДОО Скопје составен од Нотар Лидија Смиљаноска на ден 01.03.2022 година ОДУ бр.54/22

Нотарски записник за утврдување на факти за неовластено ремитување на програмата на КАНАЛ 5 телевизија на платформата ЕОН ТВ Македонија преку овластениот претставник Тотал ТВ ДОО Скопје составен од Нотар Лидија Смиљаноска 14.04.2022 година ОДУ бр.87/22

Нотарски записник за утврдување на факти за неовластено реемитување на програмата на КАНАЛ 5 телевизија на платформата ЕОН ТВ Македонија преку овластениот претставник Тотал ТВ ДОО Скопје составен од Нотар Лидија Смиљаноска 14.10.2022 година ОДУ бр.231/22

По што следуваше соодветно барање до АВМУ за проценка за покрепување на кривична постапка, што беше и позитивно решено.

Канал 5 ТВ нема намера повеќе да дозволи пиратерија на својата програма во и надвор од Македонија, и ќе ги превземе сите правни лекови за да ги заштити своите права но и правата на евентуалните измамени свои корисници.
Screenshot 1:

Screenshot 2:

Канал 5 ТВ

Петровска: Програмата „Наука за мир и безбедност“ ги охрабрува цивилните аспекти на науката

Програмата „Наука за мир и безбедност“ ги охрабрува цивилните аспекти на науката во служба на безбедноста.

Министерката за одбрана Славјанка Петровска, заедно со шефот на Одделот за управување и координација на НАТО програмата „Наука за мир и безбедност“, Клаудио Палестини, го отвори Информативниот ден на НАТО програмата, на кој учествуваа експерти од НАТО предводени од Палестини, претставници на академската заедница во Македонија, како и невладиниот сектор.

Петровска посочи дека идејата на НАТО за развој на оваа програма е да ги охрабри невоените, односно како што рече, цивилните аспекти на науката во служба на науката и безбедноста базирана врз пристапот на почитување на човековите права.

Програмата, посочи таа, ги поврзува научниците, експертите, како и службениците на НАТО и нејзините партнерски земји, за да се справат со предизвиците преку научно истражување и размена на експертско знаење.

– Покрај гарантираната безбедност и можноста за домашните компании да настапат на НАТО пазарот, овде денес ќе бидат презентирани непрегледаните можности на научно вмрежување, меѓусебната поддршка во развојот на иновациите и технолошкиот напредок, како и размената на знаење. Во свет кој исклучително брзо се менува непходни ни се науката и разумот како темелни вредности и најмал заеднички содржател на компромисот, кој треба да го постигнат низа на општествени чинители, рече Петровска.

Шефот на Одделот за управување и координација на НАТО програмата „Наука за мир и безбедност“, Клаудио Палестини, истакна дека по пристапувањето на земјава во Алијансата во 2020 година, 30 цивилни претставници ги имаат унапредено своите капацитети во справување со кипер одбраната.

– Македонија учествуваше во повеќе проекти, ние сме горди што претставниците од Центарот за управување со кризи дадоа свој придонес и ги унапредија своите одговори во корона вирусот. По нејзиното пристапување во НАТО во 2020 година имавме голем број обучувачи, односно 30 цивилни претставници коишто на еден начин ги унапредија своите капацитети во справување со кипер одбраната. Ние сме среќни што можеме да кажеме дека Македонија е наш сојузник и истражувачите имаат навистина простор и можност за растење во програмата, истакна Палестини.

Кривична пријава за тројца полициски службеници за „несовесно работење во службата”

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди поднесе кривична пријава против три лица - полициски службеници до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди поднесе кривична пријава против три лица - полициски службеници до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластување и припадници на затворската полиција за кривично дело „несовесно работење во службата“ по член 353-в став 4 од Кривичниот законик.

Како што соопштуваат од МВР, кривичната пријава е поднесена против тројцата полициски службеници затоа што дозволиле да настане застареност на дисциплинска постапка која се водела против вработен во МВР кој бил осомничен за злосторничко здружување и присвојување добра под привремена заштита и културно наследство.

Полициските службеници во својство на членови на дисциплинска комисија несовесно постапиле во вршењето на своите должности и овластувања што пропуштиле во законски рок да ја спроведат дисциплинска постапка против вработен во СВР Струмица за кој била поднесена кривична пријава „Злосторничко здружување“ и „Присвојување на добра под привремена заштита или културно наследство“ и му била одредена мерка притвор во траење од 30 дена.

Пијавените наместо навремено да постапат по иницијативата за утврдување на дисциплинска одговорност, расправата ја одржале дури по повеќе од една година по добиеното известување од страна на јавниот обвинител, со што дозволиле да настане апсолутна застареност за водење дисциплинска постапка, притоа постапувајќи спротивно на законите и подзаконските акти, наведуваат од МВР.

Пошумување на Глишички рид во Кавадарци

Пошумување на Глишички рид се реализираше денеска во близина на Кавадарци, акцијата беше во организација на кавадаречката локална  самоуправа, во соработка со еколошкото друштво ,,Еко - живот" и ученици од трите средни училишта во градот. 

Доне Илов, раководител на сектор за животна средина при Општината, рече дека шеста година по ред, се посадуваат садници на ерозивни подрачја.

- Пролетва ќе бидат продадени околу 2.5 илјади садници. Овојпат посадуваме багрем, додаде тој.

Претседателот на ,,Еко - живот", Роберто Паризов апелираше и други субјекти во општината, да се вклучат во вакви и слични еколошки акции.

Кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев рече дека последниве години во Општина Кавадарци се реконструираше целата постоечка јавна зелена површина, но се подигнаа и нови, на повеќе локации, со вкупна површина од над 130.000 метри квадратни.

- По цели 60 години со целосен автоматски систем за наводнување и нови содржини, реконструиран е Градскиот парк Љупчо Шкартов. Кавадарчани добија и нов парк, Киро Крстев, изграден според сите светски стандарди и богат со урбана опрема и зеленило. Во паркот на револуцијата пак, никна нов Дендро парк, богат со разновидни видови на растенија.

Исто така и локалитетот 12 Ваташки младинци е целосно хортикултурно уреден, појасни тој.

Шеста година по ред, додаде, секоја пролет и есен се пошумуваат и околните ерозивни подрачја што го напаѓаат градот.

- Три години се пошумуваше на Журов дол во село Ваташа, во изминатите три години таму се посадија 40.000 садници од чемпрес и багрем. Изминатите две и оваа веќе трета година, се пошумува на локалитетот Глишички рид, каде беа посадени досега 15.000 садници. Во ова пролетно пошумување, ќе се посадат уште 2.500 садници на багрем, а на есен се планира помасовно садење од 5.000 садници, информираше Јанчев.

притисни ентер