Канал 5 подготвува тужба против порталот „Независен“

Тешки клевети и навреди и измислени тези кои немаат основа, заедно со претходно недозволено преземање на наши прилози и текстови ќе бидат доставени до ОЈО за „парамедиумот“ познат како НЕЗАВИСЕН. 

Наместо да се занимава со вистинско медиумско работење, и да се бори, спротивно на ставовите на ЗНМ , дел од порталите, како што е Независен пласираат небулозни измислици, со што прават директна штета врз работењето на нашата компанија.

Истовремено, прават „групирање“ на 5те национални телевизии ( за жал една криминална ТВ се бори со години да стане национална , ама не и успева ), во т.н. заедничко дејствување , а дополнително алудираат дека, само во нивните глави видлив , „бојкот“ се спроведувал на нашите ТВ канали.

За да им објаснам на „параколегите“ од „парамедиумот“ ( терминот параколеги/парановинари и парамедиум се затоа што на нивно ( ЗНМ ) барање, порталите да не се правно препознаени и не се во правен промет во Македонија, со што ако некој работи во незаконски медиуми - парамедиум, станува и парановинар ) „Неависен“, професионалните новинарски и етички стандарди велат дека треба за секоја сторија да се слушнат двете страни. Вашите „парановинари“ го прават буквално она за и против кое наводно се бореа - „груевизмот“. Ниту ни се обратија, ниту не прашаа дали воопшто нешто се случува и ако се случува што е основата, парановинарите си напишале текст, неплашејќи се од соодветни судски поднсоци - затоа што не се медиум, и затоа што некои од актуелната власт им дал дополнителна „бустер доза“ на самодоверба, при тоа не кажувајќи им дека „паричката има две страни, а дури се врти во водухот, истата има милион страни.

Нас , како еден од највлијателните медиму ( медиум според закон, а не парамедиум) не не' прашуваат зошто „таличниот“ министер за правда Тупанчевски со денови избегнува да даде изјава за Канал 5 ТВ, не се прашуваат зошто една телевизија има сопственик кој во исто време е сопственик и на кабелски оператор што е кривично дело по неколку основи, туку пласираат лаги, клевети, параинформации кои немаат врска со реалноста, за наводен бојкот и барање за враќање на „груевизмот“. Е ова драги „параколеги“ ќе треба да го докажете на Суд!
Треба ли можеби да се прашаат зошто од категоријата медиуми и новинари, преминаа во папамедиум и парановинари, односно зошто згасна весникот „Независен“?
Порталот Независен објави дека националните телевизии во Македонија веќе три дена ја бојкотираат Владата, оваа информација е лага и е далеку од вистината.

Да потсетимер, според сите европски закони за медиумско работење, секоја ТВ куќа во Македонија во секој момент има право да си ја креира уредувачката политика кој кореспондира со настаните за кои постои најголем интерес во јавноста. Точка.

Затоа, иако Канал 5 ТВ еднаш им ја прости на „параколегите“ од „Независен“ кривичната пријава за плагијат- односно недозволено преземање на целосен авторски текст на наш новинар, и пласирање на нивниот „парамедиум“ - наречен портал ( според нашите позитивни законски прописи ), ќе мораме конечно да почнеме да се бориме против сите оние кои ги пронаоѓаме во американската изрека која гласи - fool me once-shame on you, fool me twice-shame on me.

„Параколеги“ од „Независен“ - коцката е фрлена, ама не онаа „лего коцка“, една сосема друга...

Поради технички проблем граѓаните плаќаат по неколку пати за едно возење со ЈСП

За едно возење со автобус, преку мобилен телефон им било наплатено повеќе од 100 денари. Проблемот со валидаторите за наплата во автобусите на ЈСП, ги збуни граѓаните во Скопје.

-Дел од граѓаните се жалат дека не можат да платат карта во автобус со мобилен телефон. На некои од нив, ни по еден ден не им стигнала смс-пораката

До редакцијата на Канал 5 пристигнаа фотографии на граѓани, кои покажуваат како им стигнале неколку пораки за платен билет, едноподруго, иако одамна ги искористиле услугите на јавниот превоз.

Некои од луѓето кои ги анкетиравме велат дека немале никаков проблем при наплата на билет, додека пак останатите со соочиле со ваква ситуација. Од страв да не бидат фатени од контрола на ЈСП, морале да слезат неколку постојки порано.

Од ЈСП во текот на вчерашниот ден најавија дека можни се технички проблеми поради надградба на системот. Апелираа до корисниците на јавниот превоз – да го пријават случајот на мејлот аскопска@јсп.ком.мк. Ги запрашавме: колку лица досега пријавиле дека имале проблем со плаќањето.

Од Јавното сообраќајно претпријатие уверуваат дека во иднина нема да има никакво проблеми со валидаторите, и граѓаните без проблем ќе можат да ги користат.

Специјалниот пратеник на ЕУ за дијалогот Белград-Приштина нема да остане втор мандат

Специјалниот пратеник на Европската унија за дијалогот Белград-Приштина, Мирослав Лајчак, нема да остане втор мандат на функцијата, објави Радио Слободна Европа (РСЕ).

Според РСЕ, Лајчак од 1 септември ќе ја преземе функцијата амбасадор на ЕУ во Швајцарија.

Лајчак е поранешен министер за надворешни работи на Словачка и беше назначен на функцијата специјален пратеник на ЕУ за дијалогот за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина во април 2020 година.

Засега нема информации кој ќе го наследи Лајчак на оваа функција. Според извори на РСЕ, дискусиите на ниво на ЕУ почнале, но одлуката ќе биде донесена по европските избори во јуни годинава.

Оваа недела беа именувани 43 европски амбасадори во различни земји низ светот. Меѓу нив се и новите амбасадори во Босна и Херцеговина и Косово.

Средба Ковачевски – Азески за приоритетите во економијата

По Mицкоски на средба со претседателот на Стопанската комора на Македонија беше и преседателот на СДСМ Димитар Ковачевски, на која разговараа за приоритетите во економијата.

притисни ентер