Канал 5 до Филипче:се надеваме дека праксата на необјавување на податоци на реоните од скопските општини каде се лоцирани изолираните ќе престане!

Г-дине Филипче, ваши вработени од здравствениот систем до медиумите праќаат бројки, кои ако ги анализирате ќе видите дека горе-доле се точни. Но, зошто не почнете и да ги објавувате пошироките локации на изолираните во скопските општини?

Канал 5 ТВ два месеца упорно ви бара на дневна основа да ги објавувате скопските општини, но и поконкретните реони од тие општини каде се лоцирани луѓето кои се во изолација или самозолација, независно дали се заразени или суспектни.

Никогаш не сме побарале ниту име ниту презиме, ниту улица или пак точна адреса, туку едноставно - општина и малку попрецизен регион во таа општина каде се лоцирани „критичните“ сограѓани. Не сакаме нив НИКАКО да ги стигматизираме, ама исто така не сакаме да не доведувате во ситуација бидеме крајно неоинформирани и подложни на ризик за близок контакт.
А барањето е базирано на вашето секојдневно повторување за одржување на дистанца , и носење на маски.
Како да ја одржиме дистанцата со оние кои се суспектни или не дај Боже болни, а се во домашна изолација, ако дел од нив ги прекршуваат правилата за ненапуштање на својот дом? Знаете ли колку такви случаи граѓаните ни пријавуваат?
Или зошто евентуално граѓаните да не одржуват дистанца со членовите на нивните семејства, се со цел да не се доведат во ризична ситуација?

Зарем не ви е јасно дека Вие со тоа правите евентуален дополнителен проблем кај граѓаните на Скопје, кои и онака се во голема паника, а не Ние медиумите со „неофицијални, непроверени“ бројки?
И на крај, зошто упорно избегнувате веќе речиси 2 месеци да дојдете на интервју на Канал 5 ТВ.
Еве и колегите од информативната редакција ви ветуваат интервју од типот „1 на 1 “ кое сепак нема да биде од толку забавен карактер.

Проекција на „Големата вода и „Црвените булки над ѕидовите“ во Кинотека

На 27 април, во Кинотеката ќе се одржи проекција на „400 удари“ на Франсоа Трифо, снимен во 1959 година.

Во рамки на концептот на Кинотеката насловен „Разлики кои не обединуваат“, на 25 април ќе биде прикажан долгометражниот игран филм на Иво Трајков „Големата вода“ снимен во 2004 година, а следниот ден, 26 април, „Црвените булки над ѕидовите“ од 1976 година во режија на Димитер Анагности.

На 27 април, во Кинотеката ќе се одржи проекција на „400 удари“ на Франсоа Трифо, снимен во 1959 година.

Како што соопштија од Кинотеката, овие филмови се, пред сè, избрани поради своите „сличности и паралели“ во тематиките, како и во нивната филмска обработка и пристап.

-Но, исто така, битно е да се истакне и дека „Црвените булки на ѕидовите“ неодамна е дигитализиран во 4К резолуција, а „Големата вода“ оваа година го прославува дваесетгодишниот јубилеј од својата премиера. И, се разбира, дека филмот „400 удари“ на Трифо, според францускиот филмски магазин „Cahiers du cinema“ (Каје де Синема) е повеќе од ремек-дело и станува збор за еден од најaмблематичните филмови во поствоениот период на француската филмска продукција, потенцираат од Кинотека. /МИА

Верстапен ја освои пол-позицијата за ГН на Кина

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, ја освои пол-позицијата во квалификациите за Големата награда на Кина.

Верстапен извози најбрз круг со време 1:33.660 минута. Неговиот тимски колега Серхио Перез го освои второто место, а возачот на Астон Мартин Фернандо Алонсо го освои третото место.

Луис Хамилтон од Мерцедес кој спринтот го заврши на второто место не успеа да излезе од првиот сегмент, завршувајќи на 18. позиција.

На спринтот победи Верстапен.

Големата награда на Кина од Формула 1 шампионатот ќе почне утре од 9 часот по македонско време. /МИА

Руски воен репортер загина во Украина

Воениот известувач на рускиот весник „Известија“ Семјон Еремин, загинал во напад на украинско беспилотно летало во југоисточна Украина, објави весникот.

Нападот се случил вчера кога 42-годишниот Еремин и неговата екипа се враќале од снимање од селото Прјутне, во близина на линијата на фронтот во регионот Запорожје.

Украина досега не го коментираше настанот.

Најмалку 15 новинари се убиени од почетокот на руската инвазија на Украина во февруари 2022 година, според Комитетот за заштита на новинарите, непрофитна организација која се залага за слобода на медиумите ширум светот. /МИА

притисни ентер