Канадскиот премиер Трудо носел панцир на предизборен собир!?

Премиерот на Канада Џастин Трудо носел панцир на предизборен митинг, откако неговиот штаб добил предупредување дека неговата безбедност е загрозена, пренесе Ројтерс.

На фотографија од митингот во Мисисог во провинцијата Онтарио може да се види дека Трудо под кошулата носи заштитен елек – панцир.

Премиерот за време на својот говор на бината по прв пат за време на оваа изборна кампања која ќе заврши со парламентарни избори на 21 октомври бил опкружен со полицајци со ранци .

ЦБЦ цитирал анонимен извор од Либералната партија на Трудо,кој истакнал дека премиерот облекол панцир откако добил безбедносно предупредување.

Џастин Трудо на митингот се појавил со задоцнување од 90 минути и одржал говор без инциденти.

Прометот во индустријата намален за 17,5 отсто

 Прометот во индустријата во периодот јануари ‒ јуни 2020 година во однос на истиот период лани бележи пад од 17,5 проценти, покажува статистиката.

За 5,6 проценти е намален прометот во јуни 2020 година во однос на јуни 2019, додека во однос на мај 2020 е зголемен за 37,7 отсто.

Според Државниот завод за статистика, вкупниот промет во индустријата во јуни 2020 година во однос на јуни 2019 година бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 3,1 отсто, додека опаѓање бележи кај Капитални производи за 12,1 процент, Tрајни производи за широка потрошувачка за 10,3 и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 4,1 отсто.

Прометот во индустријата на домашниот пазар во јуни 2020 година во однос на јуни 2019 година е зголемен за 3,9 отсто. Пораст има кај Интермедијарни производи, освен енергија за 21,3 проценти, додека опаѓање кај Капитални производи за 34,2 отсто, Tрајни производи за широка потрошувачка за 20,9 и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1,8 проценти.

Прометот во индустријата на домашниот пазар во јуни 2020 година во однос на мај 2020 година има раст од 15,6 отсто, додека во периодот јануари ‒ јуни 2020 година во однос на периодот јануари ‒ јуни 2019 е намален за 3,3 отсто.

Прометот во индустријата на странските пазари во јуни 2020 година во однос на јуни 2019 година е намален за 7,8 проценти и според главните индустриски групи бележи опаѓање кај Интермедијарни производи, освен енергија за 2,7 отсто, Капитални производи за 11,7, Tрајни производи за широка потрошувачка за 3,1 и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 3,6 отсто.

Прометот во индустријата на странските пазари во јуни 2020 година во однос на мај 2020 година е зголемен за 47,9 отсто, додека во периодот јануари ‒ јуни 2020 година во однос на периодот јануари ‒ јуни 2019 година бележи намалување од 21,3 отсто.

Зголемен бројот на издадени дозволи за градење, планирани нови 519 станови

 Во јуни годинава се издадени 273 одобренија за градење што е за 35,1 отсто повеќе во однос на истиот месец лани. 

Предвидената вредност на објектите изнесува 12.913.000.000 денари што е зголемување за 469 проценти.

Според Државниот завод за статистика, од вкупниот број издадени одобренија за градење, 142 или 52 отсто се за објекти од високоградба, 54 или 19,8 отсто се за објекти од нискоградба и 77 или 28,2 процента за објекти за реконструкција. Од вкупно 273-те објекти, на 159 или 58,2 отсто инвеститори се физички лица, а на 114 или на 41,8 отсто објекти инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 519 станови, со вкупна корисна површина од 45.634 метри квадратни.

-Зголемената предвидена вредност се должи на фактот дека во наведениот период се издадени одобренија за градење на објекти од нискоградбата со поголеми вредности, како магистралниот транспортен гасовод во Пелагонискиот регион, делница 5 од магистралниот гасовод во Полошкиот регион, биогасната и ветерна електроцентрала во Вардарскиот регион, далноводот од Битола до македонско-албанската граница во Југозападниот и во Пелагонискиот регион, наведува Државниот завод за статистика.

Коалицијата Алијанса за Албанците- Алтернатива: Немаме преговори за учество во Влада

Иако не сме легитимни победници на изборите на 15 Јули во албанскиот политички камп, ние нема да влеземе во преговори, се додека ДУИ не го исполнува предизборното ветување за Премиер да биде Насер Зибери.

Сакаме да ја известиме јавноста дека ние не сме имале ниту една официјална средба и ниту друга средба на тема за учество во новата влада и нема да преговараме пред легалниот, но нелегитимен победник на изборите, во албанскиот камп, односно ДУИ, да го исцрпи правото за да биде дел од идната влада. Јавноста треба да знае дека заврши времето кога албанците се туркаа пред вратата на влада, кој прв ќе влезе во неа, кој повеќе ќе попушти во пазарот.

Иако не сме легитимни победници на изборите на 15 Јули во албанскиот политички камп, ние нема да влеземе во преговори, се додека ДУИ не го исполнува предизборното ветување за Премиер да биде Насер Зибери.

Дури, како што сме кажале, ако во Собранието на Република Македонија доаѓа предлог Насер Зибери да биде Премиер, ние со нашите 12 Пратеници ќе гласаме за истиот. Но, ако ДУИ не успее да го реализира ова ветување, за што има легалитет, таа партиа нема право да биде дел од идната влада и нејзиното место е во опозиција.

Кога сме веќе тука, сакаме да ве изветиме и за средбата на Тркалезната Маса на Парламентарните Албански Партии. И покрај неоснованите и навредливите зборови на Претедателот на ДУИ кон нас, кои не се новости во нејзиниот речник, сакаме да соопштиме дека ние на 07.08.2020 година, ја примивме поканата за учество и на 10.08.2020 година, на истата позитивно сме одговориле, барајќи истата да се одложи за неколку дена и да се одреди дневниот ред на средбата. Но наместо пролонгирање на датумот, тие што не поканеа ни одговориа истиот ден, после нашето писмо, одредувајќи го дневниот ред, но без пролонгирање на датумот на средбата. Од таква наметнета позиција, нас ни се одзема можноста да учествуваме на таа средба, и подтекстот на ова покана било ние да не учествуваме и средбата да не се одржи. Како и да е, без оглед на ова ние посакуваме Тркалезната Маса на Парламентарните Албански Партии да продолжи, како инструмент за координација на албанските ставови во Република Македонија, и во иднина да се надминат ови пречки.

За крај, уште еднаш ве повикаме кратко и јасно „Или Насер Зибери Премиер, или одете во опозиција„

притисни ентер