Канада ќе потроши 14 милијарди долари за набавка на 88 борбени авиони

Победникот на натпреварот меѓу трите модели треба да биде објавен во 2022 година, а победничката компанија треба да го испорача првиот авион во 2025 година.

Локхид Мартин со својот F-35 Joint Strike Fighter, Boeing со својот F / A-18E / F Super Hornet и Saab со својот Gripen E / F ќе се натпреваруваат за правото да испорачаат 88 борбени авиони за Канада, пишува Defense News.

Победникот на натпреварот треба да биде објавен во 2022 година, а победничката компанија треба да го испорача првиот авион во 2025 година. Максималната вредност на договорот може да достигне 14 милијарди американски долари.

„Нашата влада се обврза да набави комплетна флота од 88 авиони за да може истовремено да ги исполни своите обврски кон Северноамериканската команда за воздушна одбрана (НОРАД) и Организацијата за договор на Северноатлантска алијанса (НАТО)“, рече канадскиот министер за одбрана Харџит Сајајан. „Ефикасните и современи борбени авиони се клучен дел од сите воздухопловни сили и ние продолжуваме да работиме напорно за да им обезбедиме на членовите на Кралските канадски воздушни сили алатки што им се потребни за да можат да ја заштитат Канада“.

Во 2021 година, Канада може да ја намали селекцијата на две компании, но може да ги задржи сите три компании во конкуренција до самиот крај, односно до 2022 година, кога тие мора да одлучат за победникот на тендерот.

Локхид Мартин, Боинг и Сааб мора да достават предлози што ќе им понудат на канадските компании кои работат со Министерството за одбрана на Канада и други компании економски придобивки, бидејќи индустриските стимулации и надоместоците сочинуваат до 20 проценти од проценката на понудата. Се разбира, понудите ќе бидат проценети и врз основа на можностите на авионите и нивната цена. Новите борбени авиони ќе ги заменат сега застарениот авион ЦФ-18 што моментно ги користи Канада.

Во светот 19,39 милиони луѓе заразени со коронавирус

Повеќе од 19,39 милиони луѓе се заразени со вирусот корона ширум светот, додека 719.795 починале. 

Случаи на инфекција се регистрирани во повеќе од 210 земји и територии низ светот откако првиот случај беше идентификуван во Кина во декември 2019 година.

Туристичките работници повторно на протест ако не се укине одлуката за превоз на 50 проценти во автобусите

Туристичкиот сектор, еден од најпогодените од пандемијата со Ковид-19, најавува нови дејствувања и протести ширум државата, со комплетна блокада на патиштата, доколку под итно не се преземат мерки за помош.

Бараат најдоцна до 15 август да се промени одлуката за превоз на 50 проценти во автобусите и да продолжи мерката за субвенционирање на платите во овој сектор во кој спаѓаат туристичките агенции, водичите и превозниците.

Нема никаква логика, како што велат, да остане протоколот за патување со автобуси затоа што со почитување на безбедносните мерки може да се организира патување.

– Бараме под итно да се промени одлуката за превоз на 50 проценти на патници во автобусите. Ниту една земја од Балканот, па и светот нема ваков протокол, авионите летаат со комплетен и полн капацитет. Додека сите агенции во светот добија прилика колку толку да закрепнат, помогнати од државата, како нивен столб и помош, кај нас како таа да прави се за намерно да останеме на улица. Нема никаква логика да остане овој протокол кога со почитување на безбедносните мерки, може да се организира патување.Поставуваме ултиматум, најдоцна до 15-ти август да дојде до измена на оваа нелогична одлука за превозот со автобуси и да се продолжи мерката за субвенционирање на платите на нашиот сектор во кој спаѓаат туристичките агенции, водичите и превозниците, стои во соопштението од секторт туризам.

Им била ветувана помош по завршување на изборите, но, посочуваат, сега се чека да се формира Влада и така во недоглед. Реагираат на изјавата на министерот за здравство во заминување Венко Филипче кој препорачува да не се патува и посочуваат дека во таков случај државата треба да им помогне.

-Како сектор кој се уште е најзагрозен поради пандемијата, наведуваат, направивме секакви напори за да допреме до совеста и човечноста на државата, но како и пред изборите кога имаше ветувања дека веднаш ќе се преземат дејствија по нивното завршување, сега чекаме Владата да се формира и така до недоглед. Како тоа да не е доволно, министерот Венко Филипче дополнително ни ја отежна работата, која и онака е речиси непостоечка, со изјавата: Препорачувам воопшто да не се патува, граѓаните да седат дома и пожелно е границите да не се отворат. Најостро ја осудуваме оваа негова изјава и сметаме дека не само што не ни помагаат, туку дополнително ни ја отежнуваат работата. Агенциите бидејќи немаат никаква финансиска поддршка, оставени сами на себе, се обидуваат и со најмалите расположливи услови да направат каква било продажба. Доколку министерот препорачува да не се патува за да се заштитат граѓаните, тогаш државата нека помогне на овој сектор и да не заштити и нас од пропаста која веќе пристигна!, стои во соопштението од туристичкиот сектор.

Туристичките работници организираа мирен протест во центарот на Скопје на 29. минатиот месец. Повторно побараа помош и предупредија дека ако државата не реагира веднаш, секторот ќе колабира. Околу 5.000 семејства, рекоа тогаш, ќе останат без приходи и исто толку лица ќе треба да се пријават во Агенцијата за ваботување./МИА

СДСМ:Новата Влада на СДСМ ќе обезбеди прочистување на правосудството и проверка на потеклото на пари и имот на секој функционер

СДСМ води сериозни преговори за формирање на влада со полн четиригодишен мандат, која ќе обезбеди прочистување на правосудството и проверка на потеклото на пари и имот на секој функционер.

Новата влада посветено ќе се зафати со борба со криминалот и корупцијата на сите нивоа – без разлика дали некој доаѓа од партија, од општина, од институција, дали е експерт, функционер, познат или непознат.

Приоритет е прочистување на правосудството, а заедно ќе договориме и ќе воспоставиме систем за проверката на потекло на пари и капитал кај секој функционер.

Судиите и обвинителите имаат обврска да испорачаат владеење на правото во кое законот е еднаков за сите. Судиите кои застаруваат предмети ќе бидат разрешени по автоматизам. Ќе биде извршена темелна ревизија на 5% од сите судски пресуди во последните 5 години, по случаен избор.

Следува разрешница на сите предмети отворени од Специјалното јавно обвинителство.

Изминатите две и пол години ги создадовме сите услови, го донесовме Законот за јавно обвинителство, кој гарантира дека политиката не може да се меша во судските одлуки, а сите предмети за висока корупција мора да имаат судска разрешница.

Во следниот, четиригодишен мандат ќе покажеме дека можеме уште повеќе и уште подобро да работиме во интерес на граѓаните.

СДСМ

притисни ентер