Камен темелник за автопатската делница Прилеп-Битола на Коридорот 10д - Канал 5

Камен темелник за автопатската делница Прилеп-Битола на Коридорот 10д

Во Прилеп денеска ќе биде поставен камен темелник за автопатската делница Прилеп - Битола на Коридорот 10д, една од четирите делници предвидени за изградба со Договорот со американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“.

Камен темелник за автопатската делница Прилеп-Битола на Коридорот 10д

За останатите три автопатски делници на Коридорот 8 свеченоста се одржа минатиот месец.

Во собраниската Комисија за европски прашања вчера почна расправата за измените на петте закони поврзани со изградбата на коридорите, што ги предложи Владата по скратена постапка со европско знаменце, со образложение дека со нив ќе се олеснат процедурите за поевтина и побрза изградба.

Означувањето на законите со европско знаменце и натаму е предмет на дебата во јавноста, а опозициските пратеници критикуваат дека со тие закони не се врши усогласување со европската легислатива.

Критиките за ова вчера првпат ги коментираше премиерот Димитар Ковачевски, кој вели дека законите за коридорите се со европско знаменце затоа што станува збор за изградба на стратешки коридори и оти со нив ќе се овозможи побрза и поевтина изградба.

-Станува збор за два исклучително важни коридора, но и за други стратешки инвестициски проекти кои се прават или ќе се прават во државата, во делот на патната, железничката или енергетската инфраструктура. Владата поднесе пет измени на закони, односно усогласувања, за да се овозможи побрза и поефикасна градба, но и градба со финансиска конструкција која ќе биде пониска од она што е со постојаната регулатива, изјави Ковачевски, при посетата на Штип.

Евроамбасадорот Дејвид Гир и вчера го повтори ставот дека употребата на европското знаменце секогаш треба да се направи по претходна вистинска консултација помеѓу сите политички партии и тоа е за усогласување на европската легислатива.

Како што рече, многу често се употребува европското знаменце за закони за кои не е наменето.

-Се разбира имаме редовни контакти со Владата во врска со ова прашање, меѓутоа и со ред други прашања и секогаш сме подготвени да ја сослушаме Владата што има да каже во врска со ова и со други прашања што не засегаат сите нас. И што се однесува до самата опозиција ние сме во редовен дијалог и со неа за прашањата што тие ги покренуваат, изјави Гир.

Претходно, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски најави дека ќе испратат допис до европските институции со укажување во однос на злоупотребата на европското знаменце.

-Очигледно дека тие се злоупотребени во овој процес или јас барем така сакам да верувам. Но, доколку остане тишина, односно доколку остане без реакција, тогаш основано можеме да се сомневаме дека станува збор за нешто друго. ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија силно ќе се спротивстави, иако процесот на носење на овие закони онаков каков што е замислен во рамките на Парламентот е на брза лента, бидејќи токму таа е и намерата на злоупотребата на ова европско знаменце, но ние нашите аргументи ќе ги кажеме таму за да може јавноста да ги слушне и силно ќе се бориме тие аргументи практично да преовладаат за време на таа дебата, изјави Мицкоски.

Во Комисијата за европски прашања почна претресот по амандамните поднесени од опозицискиата ВМРО-ДПМНЕ на предложените измени на Законот за работни односи, со кои се дефинира прекувремената работа при ангажман во изградбата на автопатите. Во пакетот законски измени за коридорите се и измените на законите за утврдување на јавен интерес и номинирање на стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8 (делница: Тетово – Гостивар – Букојчани и проектот за автопатот Требеништа – Струга – Ќафасан) и Коридорот 10 д (делница на автопатот Прилеп– Битола), за урбанистичко планирање, за градење, за експропријација. Тие закони претходно беа предложени од група пратеници, а по блокадата во комисиите од опозициски пратеници, беа предложени повторно минатата недела овојпат на предлог на Владата со европско знаменце, а Собранието завчера ја усвои потребата за нивно носење по скратена постапка.

Договорот со „Бехтел и Енка“, стратешки партнер ангажиран со посебен закон и за проектирање и за изградба на автопатите, стапи во сила на 22-минатиот месец. Преку Јавното претпријатие за државни патишта веќе се префрлени првите 117 милиони евра за подготвителните активности во пресрет на градежните работи, а со Програмата за финансирање на делниците на коридорите за годинава се предвидени вкупно 243 милиони евра. Вкупната вредност на проектот, според првичните најави од Владата, ќе изнесува 1,3 милијарди евра, како и дополнителни 300 милиони евра за експропријација.

БиХ направи чекор кон усогласување на стандардите за интелектуална сопственост со ЕУ

 Европската Унија има воспоставено стандарди за интелектуална сопственост кои го поттикнуваат иновацискиот, креативниот и економскиот развој, а Босна и Херцеговина направи чекор напред кон усогласување со тие стандарди.

БиХ направи чекор кон усогласување на стандардите за интелектуална сопственост со ЕУ

Европската Унија има воспоставено стандарди за интелектуална сопственост кои го поттикнуваат иновацискиот, креативниот и економскиот развој, а Босна и Херцеговина направи чекор напред кон усогласување со тие стандарди, изјави синоќа шефот на делегацијата на ЕУ во БиХ, Луиџи Сорека.

Во објава на социјалната мрежа Икс, Сорека информира дека Советот на министри на Босна вчера усвоил шест закони за интелектуална сопственост, изготвени со финансиска поддршка од ЕУ.

„И покрај длабоката политичка и уставна криза во Босна, оваа одлука покажува дека законите може да се донесат кога постои политичка волја“, напиша Сорека.

Тој го повика Парламентот на Босна да го поддржи пакетот закони за интелектуална сопственост. „Босна и Херцеговина сè уште не ги исполнила потребните услови за отворање на преговорите за членство, ниту го прифати реформскиот дневен ред што би ѝ овозможил да добие милијарда евра за спроведување на реформите во рамки на Планот за раст. Сега е моментот да се преземат сите чекори во корист на граѓаните“, нагласи Сорека.

Босна и Херцеговина доби кандидатски статус за членство во ЕУ во 2022 година, а во 2024 година официјално ги започна преговорите за пристапување.

Мицкоски: Започна реконструкцијата на старото кино „Партизан“ во Битола

Генерално и министерот и градоначалникот кажаа тоа што е денес цел на нашата работна посета. 

Мицкоски: Започна реконструкцијата на старото кино „Партизан“ во Битола

Денес да ги посетиме сите овие објекти коишто ги споменаа и градоначалникот, еве сме на првиот за којшто зборуваше и министерот. И убеден сум дека сето ова значи додадена вредност и ќе значи додадена вредност во квалитетот на живот на битолчани.

Уште еднаш сакам да му честитам на градоначалникот за посветената работа досега. Се разбира очекувам убедлива победа на локалните избори уште во првиот круг и успешна работа и во иднина. Мнозинство во советот, се разбира, коешто ќе биде додадена вредност во работата на градоначалникот, а не како до сега коешто ќе прави опструкции и ќе ја кочи работата на градоначалникот, по која било цена. За жал, поради тие опструкции и тоа кочење не сме во можност да почнеме уште еден долгоочекуван проект, а тоа е спортската сала. Но, се надевам дека во следниот мандат и тоа ќе го отпочнеме.

Топлификација се завршува, се почнува пречистителна станица, 15-тина милиони во улици, булевари, паркови, училишта, градинки, влезот во Битола, еве и ова што го спомна министерот, овде што е позади нас, старото кино. Така што генерално, кога сè ќе се изанализира и собере повеќе од 100-тина милиони евра, влегуваат сигурно во Битола во периодот што следи.

Да се заблагодарам на администрацијата во Општината што ја следи работата, на советниците што ја поддржуваат работата на градоначалникот, на пратениците во македонскиот Парламент, колегите во Владата.

Битола е во рамките на нашиот периметар на најголем фокус, така било, и така и ќе остане.

Ал-Наср го отпушти извршниот директор Мајед Ал-Сорур, тој ќе го тужи клубот

Ал-Наср објави отказ за извршниот директор на клубот Мајед Јаман Ал-Сорур.

Ал-Наср го отпушти извршниот директор Мајед Ал-Сорур, тој ќе го тужи клубот

- Добиени се информации од внатрешни и надворешни извори во врска со одредени постапки на извршниот директор, врз основа на кои Управниот одбор одлучи да го суспендира и да спроведе истрага. Ал-Сорур беше официјално известен и целосно запознаен со сите детали. За време на истрагата, извршниот директор ги прекршил своите обврски објавувајќи твит од неговиот личен профил и наштети на угледот на компанијата. По ова, Управниот одбор едногласно одлучи да го раскине договорот со извршниот директор, се вели во соопштението на клубот.

По добиениот отказ, Ал-Сорур најави поднесување тужба против клубот.

-Денес моите услуги беа прекинати на начин што го сметам за непрофесионален, несоодветен и неприфатлив. Затоа, ќе започне правен процес помеѓу мене и управата што го води нашиот клуб, напиша Ал-Сорур.

Ал-Наср заврши на третото место во Премиер лигата на Саудиска Арабија во сезоната 2024/25.

Од 2023 година за Ал-Наср настапува португалскиот репрезентативец Кристијано Роналдо.

притисни ентер