Калајџиев: Новиот закон за ЈО требаше правно да го стабилизира СЈО, не да го укине

Новиот Закон за јавно обвинителство е правен срам за државата и тешко дека ќе донесе позитивни промени, вели во интервју за Канал 5 професорот по кривично право, Гордан Калајџиев. Official facebook: https://www.facebook.com/Kanal5Televizija/ Web: http://kanal5.mk/ Copyright: OnAir Media Group

Вучиќ: Вакцините за Македонија се пријателски и братски потег

Српскиот претседател Александар Вучиќ на прес конференцијата изјави дека вакцините за Македонија се пријателски и братски потег и дека Србија може да биде задоволна само ако и соседите се задоволни.

-Разговаравме со Македонија во рамките на т.н. мини Шенген. Би сакал да констатирам дека нема ништо да ни вреди сите нас да бидеме здрави, а луѓето во соседството да имаат безброј проблеми. Ние можеме да бидеме среќни само ако и соседите се среќни и задоволни. Секако дека треба да му помогнете на некого кога му е тешко, онолку колку што можеме да помогнеме, ќе помогнеме. На премиерот Зоран Заев кој бараше и се бореше за својата земја да обезбеди нешто и јас мислам дека ова не е само пријателски и братски потег кон народот во Македонија, ова ја покажува и нашата одговорност, дека не живееме во затворен сад, туку дека мора да размислуваме и за нашите комшии, како што сум сигурен дека и тие нас би ни помогнале, изјави Вучиќ.

Тој додаде дека доколку утре Република Српска и Босна иХерцеговина и Албанија побараат вакцини, дека исто така ќе помогне.

Пендаровски со честитка по повод христијанскиот празник Богојавление – Водици

Претседателот, Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Богојавление – Водици, упати честитка до поглаварот на МПЦ-ОА, митрополит Скопски, архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима, г.г. Стефан.

-Имам особено задоволство и чест Вам лично и на членовите на Светиот архиерејски синод, на преподобното монаштво и свештенство, како и на сите православни верници, да ви го честитам големиот христијански празник Богојавление – Водици, и да ви посакам да го поминете во добро здравје, исполнети со радост и со среќа. Годинава, за жал, Богојавление – Водици го празнуваме во несекојдневни околности предизвикани од пандемијата на Ковид-19, која ги загрози нашите животи, здравје, благосостојба, но и предизвика преиспитување на нашите вредности и уверувања. Сепак, и без масовните собири покрај нашите води, како и со сите останати рестрикции согласно со безбедносните протоколи, повторно ќе ја посведочиме светата тајна на крштевањето. Повторно ќе ги наполниме нашите срца со верба, надеж и со љубов, вели Пендаровски.

-Во овие тешки времиња посакувам овој голем празник да ни биде духовна поткрепа за да истраеме во солидарноста, трпението, одговорноста и во грижата за сите наши сограѓани. Нека ни е честит и вековит големиот христијански празник! Бог се јави!, стои во честитката од шефот на државата Пендаровски.

Утре без струја дел од Карпош

Без електрична енергија утре ќе останат: корисниците од дел од ул.Копенхагенска, ул.Софиска, ул.Петар Драганов и ул.Стокхолмска, во општина Карпош.

Како што информира РЦУК Скопје, по известување од ЕВН Македонија АД, прекинот во снабдувањето со електрична енергија ќе биде во периодот од 9-12 часот.

притисни ентер