Какви пораки ќе испрати Меркел од Скопје?

Германската канцеларка Ангела Меркел во сабота доаѓа во Македонија. Детали за посетата не се соопштуваат, но засега е познато дека ќе се сретне со премиерот Заев.

Најавите се остварија - в сабота, на Денот на Независноста, во прва посета на Македонија во нејзината долгогодишна кариера доаѓа германската канцеларка Ангела Меркел.. Главната цел, како соопшти нејзиниот портпарол Шефан Зајберт, е Меркел самата на лице место да формира впечаток во пресрет на референдумот.. На точната агенда се уште не се работи, но сигурно е има средба со премиерто Зоран Заев..

Пораките што ќе ги донесе ги најави Специјалниот претставник за Југоисточна Европа на германското МНР, Кристиан Хелбах, кој денеска во Скопје учествуваше на тркалезната маса посветена на „Евроатлантска иднина ".

Поранешниот македонски амабсадор во Германија, професорот Ѓорѓи Филипов, за Канал 5 вели дека самата посета е силна порака, со оглед дека досега многу пати и била упатувана покана, но Меркел не наоѓала доволна причина за да дојде..

Германија и Меркел, како локомотива на Берлинскиот процес кој треба да го приближи Западен Балкан до ЕУ, одиграа една од клучните улоги за постигнувањето на Договорот за името.. Сега, пред неа е исправена уште една мсиија – да ги убеди сестринските партии ВМРО-ДПМНЕ и Нова Демократија да го прифатат.

Освен референудмот, теми на разговорите во Скопје според најавата ќе биде и состојбата во регионот, особено развојот за косовското прашање, како и билатерналните односи.. Германија е најсилниот трговски партнер на Македонија. Околу 70 проценти од извозот е таму, размената е 3,5 милијарди евра со огромен суфицит на македонска страна, најголем дел од странските инвестиции се од германски компании...

Посетата на Меркел ќе биде третата поста на висок гостин недела.. Во четврток доажа првиот човек на НАТО, Јенс Столтенберг, а во петок и канцеларот на Австрија, Себастијан Курц.

Полицијата во Италија заплени речиси милион евра во измама со вештачка интелигенција

Италијанската полиција откри и конфискува речиси милион евра кои италијанскиот бизнисмен и поранешен сопственик на фудбалскиот клуб Интер, Масимо Морати, ги префрлил на сметка во странска банка.

Италијанската полиција откри и конфискува речиси милион евра кои италијанскиот бизнисмен и поранешен сопственик на фудбалскиот клуб Интер, Масимо Морати, ги префрлил на сметка во странска банка, откако станал жртва на измама со вештачка интелигенција, соопштија официјални лица.

Измамниците користеле вештачка интелигенција за да го имитираат гласот на италијанскиот министер за одбрана Гвидо Крозе и оствариле телефонски повици тврдејќи дека бараат итна финансиска помош за ослободување на киднапираните италијански новинари на Блискиот Исток.

Некои од најистакнатите деловни луѓе во Италија, вклучително и модниот дизајнер Џорџо Армани и ко-основачот на Прада, Патрицио Бертели, претходно беа мета на тие измамници, а се верува дека Морати бил единствениот што ги испратил средствата што измамниците ги барале.

Компани: Победивме противник кој ретко губи на домашен терен

Тренерот на Баерн, Винсент Компани е задоволен од победата над Селтик (2:1) синоќа во првиот натпревар од плејоф рундата во Лигата на шампионите.

- Ова е прво полувреме од двомечот. Генерално, резултатот е навистина одличен. Локалните навивачи ретко гледаат дека нивниот тим губи дома, особено во европските натпревари, па затоа високо ја цениме важноста на оваа победа и прикажаниот настап.

Во последните 10 минути моравме да ја држиме одбраната на ниво, и добро го завршивме тоа, изјави Компани.

Реваншот ќе се игра во Германија на 18 февруари.

Белата куќа со обвинувања за судиите поради злоупотреба на функција

Белата куќа со обвинувања за судиите поради злоупотреба на функција бидеќи ги блокираат одлуките на Трамп.

- Белата куќа ги обвини судиите кои блокираат некои од одлуките на Доналд Трамп за „злоупотреба на функцијата“ и „оневозможување на волјата на народот“.

„Ние ќе го почќитуваме законот во судовите“, нагласи портпаролката Каролин Левит за време на брифингот. Таа додаде дека Белата куќа ќе продолжи „да ги користи сите правни лекови за на крајот да ги поништи овие итни забрани“.

Тие коментари беа дадени еден ден откако американскиот претседател Доналд Трамп ги осуди „високо политизираните судии“ во земјата.

притисни ентер