Каков е распоредот на советници низ општините-најмногу гласови за советници има ВМРО-ДПМНЕ

Нешто над 50 илјади гласови е разликата во бројот на освоени гласови за сите советничките листи ширум Македонија, помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, од досега обработени околу 99% од гласовите во ДИК.

ВМРО-ДПМНЕ освоила нешто над 290 илјади гласови на советничките листи низ општините , наспроти владејачката СДСМ која има освоено околу 238 илјади гласови. На третата позиција по број на гласови е ДУИ со нешто над 104 илјади, а коалицијата Алијанса/Алтернатива освоиле над 54 илјади гласови. По нив следуваат Левица со освоени 50.000, ДОМ и ЛДП со околу 25 илјади и владиниот коалиционен партнер БЕСА со 25 илјади гласа. Независните кандидати, кои на овие избори беа во рекорден број освоија 56 илјади гласа.

100 % од гласовите се пребројани во 79 од 80-те општини, а единествно недостигаат уште мал број резулатите од неколку кутии во општината Ресен. Во вкупната калкулација на гласовите што ја направи Канал 5 не се замени пред гласовите за советничките листи за град Скопје, со оглед дека скопјани гласаа за советнички листи и во општините.

На ниво на Град Скопје, исто така најмногу гласови освои ВМРО-ДПМНЕ, скоро 79.000, што ќе им донесе 17 советници од вкупно 45.. Толку имаа и во досегашниот совет на градот.. СДСМ пак, бележи пад од 9 советнички места.. Имаа 21, а со сегашните нешто над 52.000 гласа освои 12 советници.

На трето место е ДУИ со околу 26.000, односно 6 советници, или 3 повеќе од претходните избори. Како четврта сила се промовираше Левица освојувајќи околу 20 илјади гласа или 4 советника. Покрај нив, свое место во советот добија и Алијанса/Алтернатива со 2 советника.. По 2 советника, ќе имаат и коалицијата ЛДП/ДОМ и независната иницијатива Зелен Хуман Град.

Видео-Фото: Ибра како вистински борец

Еден од најдобрите светски фудбалери во последните две децении, асот на Милан Златан Ибрахимовиќ покажа дека и со 40 години е вистински „ѕвер“.

Популарниот Ибра покажа дека со право не само што е мајстор со фудбалската топка дека е мајстор и во боречките вештини.

Шведскиот фудбалер со потекло од Балканот покажа и докажа зошто е носител и на црн појас.

Ибра како вистински ММА борец ја растури боксерската вреќа.

За Златан дефинитивно годините се само бројка.

Заради промоција на спортот, Златан има почесен црн појас во теквондо, кој во 2010 година му го додели олимпискиот шампион Мауро Сармиенто. Повеќе од десет години подоцна, Ибрахимовиќ се уште удира многу силно.

Најпродаваните автомобили во Европа

Со години првото место беше резервирано за „Volkswagen Golf“, а во октомври не е ниту меѓу првите десет во Европа, според „JATO Dynamics“.

Нарушувањата во производството на нови автомобили поради недостаток на чипови се веќе познати и поради тоа фаворитите во продажба од месец во месец изгледаат поинаку. Со години првото место беше резервирано за „Volkswagen Golf“, а во октомври не е ниту меѓу првите десет во Европа, според „JATO Dynamics“.

Првото место сега го има одличниот мал „SUV Peugeot 2008“ (18.109 продадени примероци), втор е „Renault Clio“ (14.639), потоа „Dacia Sandero“ (14.034), „Peugeot 208“ (13.978), на петтото место е „Ford Focus“. (12.704)…

Голфот испадна од првите десет - продадени се нешто повеќе од 11.000 возила. Поради недостиг на чипови, фабриката на Фолксваген во Волфсбург, Германија, работи на ниво кое не е забележано од 1958 година, пишува магазинот ХАК.

Санкционирани 78 возачи на автопат Велес – Скопје – Куманово

 На автопатот Велес – Скопје – Куманово при зајакната акциска контрола денеска се санкционирани 78 возачи кои возеле со брзина поголема од дозволената, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Од нив, 22 возилa се движелe со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а шест возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

Од МВР посочуваат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел заеднички придонес за побезбедни патишта.

притисни ентер